Tonchie
BATTERY +
- Член од
- 15 јуни 2005
- Мислења
- 13.352
- Поени од реакции
- 7.489
Ја отвораам оваа општа тема за фото курсеви, со цел да споделуваме информации за тоа кој, каде, кога држи курс за фотографија.
Јован претходно имаше отворено тема за фото курс кај Марко Георгиев, меѓутоа покрај неговиот во градов се одржуваа уште неколку курсеви.
Денес на Фејсбук една девојка ме праша за инфо во врска со курс, вчера во живо една другарка... за да го намалиме времето и енергијата потрошени на барање информации за курсеви, предлагам тука да споделуваме вакви информации.
Секако доколку некој посетува некој курс да сподели кратко инфо, импресии, некое дело направено на таков курс (смалени димензии на фотографиите се подразбираат, нели).
Од она што гледам дека уште трае, и претпоставувам ќе трае и понатаму бидејќи цело време се повторува на Офлајн календарот на Он.нет е овој курс.

Дата: 7 октомври – 4 ноември 2008 (вторник и четврток)
Време: 18:00 – 21:00 (20 часа распоредени во 8 сесии)
Место: Македонски центар за фотографија, Мала станица, Скопје
Обучувач: Иван Блажев
Цена: 2000 денари (во цената се вклучени 20 работни часа и трошоци за работа во лабораторија)
Рок за пријава: до 6 октомври 2008 (понеделник)
Контакт: Јасмина Гиева, тел. 071 30 99 94
Курсот има за цел да ги воведе учесниците во основите на фотографија преку обработка на следниве содржини: ракување со аналогна камера, принципи на експозиција, објективи, развивање на филм и изработка на фотографија. Курсот опфаќа предавања, демонстрации и практични вежби преку кои учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за изработка на фотографии. Се препорачува учесниците да поседуваат сопствена аналогна камера. На крајот од курсот ќе се одржи изложба на најуспешните фотографии.