Формула за совршено среќен и успешен живот

Г

Господ

Гостин
Сакам да кажам да успееш во целите кои ти сам ќе си ги поставиш.
Да земам пример од погоре,сакал да тргне на патување.
Никој не го бара да го стори тоа,но тој ќе го стори,зошто?
Зошто да не?
Целиот живот е авантура,но ако го ипланираш и рутинизираш станува досаден и монотон.
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Не постои. Се зависи од тоа ние како ги гледаме работите, затоа што се е како што на нас ни изгледа. Ипак добро е да имаш поддршка зад себе во се и да туркаш нашред. А совршен живот не постои, и да постоел нема да е интересен. Постојат само совршени моменти.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Смрт на егото.
Или - прво откриј кој си.

Моеш да го скротиш и да го врзеш на синџирче.
Ама треба да си го испотиш гзот за тоа:)

Патем, не верувам дека постои таква формула.
Секој си го фради животот на свој, уникатен начин.
Има луѓе кои уживаат во мизеријата.
Волја, а потоа рутинската работа, пост на пример, автосугестија, практика во секојдневниот живот.
Максимално моќна состојба е тоа, егото не лаже дека ќе се изгубиме себеси, но тоа е лага и замка. Ќе се добиеме себеси во целост, само една таква промена ни се чини страшна, ако сме цел живот слепи.
А точно е, егото може само под клуч да се стави, а секогаш ќе може да се ослободи, т.е. да го ослободиме.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Успешен живот?
Незнам дали постои...знма само дека секогаш нешто ке стрчи.
Овие денови научив тешка,претешка лекција.Откако за малку ке доживеев нервен слом,за малку ке срушев се што имав,бев на работ на бездната-јас се препородив.Како,и јас самата незнам.
Тој ден ке го паметам долго.Толку бев нервозна,скисната,надуена,преполна со негативни чувства...како повеќе бев лута,толку повеќе лоши работи ми се случуваа,како да го повикував злото.Се почуствував изгубена.Ги запоставив сите ,а најмногу самата себе.
После мачната ноќ се разбудив и сфатив дека не може повеќе вака-ако продолжам,ќе биде страшно.
Во тој момент сменив се-и пристапот и мислите и се насмевнав.Од тој ден јас сум нова личност.Сфатив дека е безполезно да се губи време очајувајки,полна со самодоверба и оптимизам го фатив денот и полно убави работи ми се случија.
Ми се допадна тоа,па така продолжив и следниот ден...се до денес.

Убавината и успехот на животот не е во материјалното.
Материјалното има многу мал удел.Успехот е да знаеш како да си среќен-со она што го имаш и што можеш да го постигнеш.
Кога еднаш ке направиш баланс со самиот себе,ќе добиеш среќа.Нема ништо поубаво од тоа.
 
C

Celsius

Гостин
Животот во суштина е игра, единствено ти знаеш како да ја играш и единствено ти си доволно добар за да одлучуваш во истиот. Секоја грешка не учи на подобри работи, а секоја убава работа ни дава дознаење што сакаме од животот. Трагајќи по совршенството, а просветлени од скромноста и задоволството на сегашниот миг не прави најчесто неизмерно среќни. Затоа секогаш барај повеќе од иднината, но биди задоволен од сегашноста ма каква и да била... :)
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Не може да пишуваме универзална формула секој си има своја формула самите треба да си ја создадеме формулата за некои животи кој од страна кога ќе ги гледаме мислиме дека имаат празен и неинтересен живот , но тие во главата си имаат некоја теорија дека се задоволни од животот и дека го живеат онака како што го замислувале, затоа никогаш не можеме да кажеме формула, можеме да ги спомнеме парите но не во голема количина до една граница бидејќи понатаму што повеќе толку поголем контра ефект, затоа направете си цел и остварувајте ја и кога ќе ја остварите бидете среќни и во меѓувреме поставете некоја нова достижна цел.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Нема таква формула. И да се достигне некој врв во животот сепак ке има нешто посвршено од тоа и со тоа среќата ке се бара погоре и погоре и погоре...И со тоа никогаш нема да постои совршено среќен и успешен живот.

Иако Wayne Dyer рекол Everything is perfect in the universe - even your desire to improve it. сепак желбата и просторот за подобрување укажува на нешто посвршено.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Среќна сум сега. И совршено ми е. Не се замарам со ништо и не ме боли уво шо се дешава. Ама баш сеедно ми е за се. Посовршено здравје!
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
за некои животи кој од страна кога ќе ги гледаме мислиме дека имаат празен и неинтересен живот , но тие во главата си имаат некоја теорија дека се задоволни од животот и дека го живеат онака како што го замислувале.
Да,ама повеќето од таквите што ги знам само мислат дека им е интересен животот..Или се толку тврдоглави што они секогаш се во право а на крај ги мачи резултатот од таа нивна тврдоглавост и најинтересно и најтрагично е што упорно продолжуваат и одат по нивно:toe:
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Просто ко грав бе децо.

Пари=статус=моќ. Врти ја насокава ако не ти чини резултатот е ист.

Не дека го презентираат идеалот на среќата овие погоре, пошто и онака таа сама по себе е варибајлна и недостижлива бидејќи ипак совршенството не може да се достигне али ипак си у стабилно стање.

Се спаџа тука, освен оргазмот. Тоа е веч идеал. Кој стасал знае. :D
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Тоа е ствар на состојба, и не зависи од ништо што е надвор. Состојба во која животот сте уствари вие, па од таму целово прашање е илузорно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom