Дека треба да се плаќа здравство - треба. И тоа јасно спрема висината на приходот, ако некој зема повеке ке плати повеке, тој што зема помалку ке плати помалку а тој што нема приходи нема да плати ништо и тука нема ништо нејасно. Ручек без пари нема така да тоа бесплатно здравство несмее да се сваќа како буквално бесплатно. Тука имаме проблем само со терминот односно наместо бесплатно посоодветно би било да се употреби терминот солидарно здравство. Бесплатно нешто не постои, мора да се плати од некаде. Нашиот народ има погрешна перцепција кога нешто се плаќа од некој фонд или буџетот на државата па тоа си го смета за ,,бесплатно,, а тој фонд или буџет го полни народот што значи плаќа целот народ а не државата како нешто апстрактно. Е сега во овој случај изгледа има проблем во јаснотијата на самиот закон, лоши и нејасни обрасци за потполнување како и во самите вработени во надлежните органи кои треба да ти објаснат убаво што и као треба да потполниш и платиш. Тука владата треба да направи една убава кампања и реклама за оваа работа и на луѓето да им стане јасно што треба да прават..... ама нешто не им се прави меракот да рекламираат давачки....