Филозоф/Философ - зошто (скоро) секогаш се употребува во негативна конотација?

Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Јас вака ја разбирам Филозофијата:

Филозоф не може да биде секој. Филозофи можат да бидат само мал број просветлени луѓе. Како и во минатото, така и сега според мене сметам дека филозофи можат да бидат луѓе што достигнале максимум во некоја друга наука. Дали ќе е математика, дали физика, дали психологија, не е важно. Значи да, мораш да достигнеш одреден максимум од познавање на одредена наука за да можеш да почнеш да “филозофираш“ во насока “што би било кога би било“.
Така било во минатото, така е и сега. Сите познати филозофи од минатото биле исто така истакнати математичари и во глобала доста влијателни за нивното време. Ако некој не успеал да стане влијателен за времето додека живеел, не значи дека не знаел дека после одредено време нема да е влијателен. Е сега тие луѓе како научници кои го достигнале максимумот сигурно нема да се дружат со проста раја и да дебатираат како да го сменат Грујо или Бранко! Тие имале многу повозвишена цел во нивното дебатирање и мислење. Затоа најчесто и се препукувале меѓу себе и си рушеле теории, бидејќи не постои човек што не сака brain wrestling со некој што е паметен како него.

Што произвеле и како е тоа важно за начинот на живот во денешно време?

Филозофијата не е земјоделие или работа на дребонг па да произведе физички предмети. Филозофијата произведува по-имагинарни работи како морал, етика и сл. Познатите филозофи од минатото сеуште се цитираат, и нивните мислења сеуште се основа на скоро сите закони во денешно време. Сигурно тоа не е така бидејќи “млателе празна слама“. Нивната влијателност како истакнати научници и филозофи сеуште се користи при одредување на морал и етичност на едно општество. Не велам дека само заради нив е достигнато денешното ниво на морал и етичност во едно општество, но нивното прогресивно размислување и “филозофирање“ во нивното време е во голема мера одговорно да не сме општество каде сеуште би имале “племиња“.

Филозофите како познати научници и прогресивци за нивното време, сигурно не уживале голема популарност меѓу “работничката“ класа - дали поради неразбирање на нивните дебати дали поради потребата да се омаловажи нивниот умствен капацитет. Во секој случај од тука излегуваат муабетите “млатење празна слама“ и “филозофите не произведуваат ништо“. Тоа се муабети од работничката класа насочени кон дискредитирање на умствениот и резонирачкиот капацитет на “повисоката“ класа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Филозофијата како филозофија е ного убава работа.
Не ме ареса коа филозофијата се користе како оправдание... ;)
Луки, по повод дискусијата во темата за заминување во странство.

Постои огромна разлика помеќу филозофија и идеологија. Филозофијата е секогаш критична спрема вредностите, идеологијата се труди да ги наметне.

Оној кој тврди дека ги поседува вистинските вредности е идеолог, неважно дали е тоа под знамето на верата, државата, нацијата.

Филозофот не наметнува вредности, освен држење на критички став и обид комуникацијата да биде непречена.
 
L

Luki Junior

Гостин
Луки, по повод дискусијата во темата за заминување во странство.
Постои огромна разлика помеќу филозофија и идеологија. Филозофијата е секогаш критична спрема вредностите, идеологијата се труди да ги наметне.
Оној кој тврди дека ги поседува вистинските вредности е идеолог, неважно дали е тоа под знамето на верата, државата, нацијата.
Филозофот не наметнува вредности, освен држење на критички став и обид комуникацијата да биде непречена.
Ох дефинитивно да, оти постое разлика меѓу филозофијата и идеологијата. Идеологијата како идеологија најчесто се крие зад маската на филозофијата за испунувајне цели. И од тука тава наметнувајне на мен ич не ми се ареса.

Филозофијата размислува за вредностите, не ги наметнува, оти ако се наметнува нешто по автоматизам не е филозофија, а веќе е креирајне политика. А шом има креирајне политика, се ќе има некој шо ќе е ставен у подредена позиција, а некој друг ќе има некаква материјална корист.

Државата, знамето, верата са само групи за полесно дефинирајне групички, за колективната сила и интелегенција. У тија групи сите са еднакво слаби, еднакво искористени, еднакво ограничени. За да се напраат тија групи, за жал ного нешта са позајмени од филозофијата, оти реално само она има методи шо можат да си играт со човеците и ниините судбини.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Прво затоа што поимот философ погрешно се толкува.
Најголем дел од философите точно знаеле за што зборувале и кога зборувале. Нивните ставови биле аргументирани за кои подоцна биле побивани или подржувани.

Денес луѓето ја сакаат суштината, скоро никогаш не сакаат заобиколување или дообјаснување (философирање). Веројатно ги замара умствено и сметаат дека целиот муабет може "да се истера" скромно во однос на обемот и значењето.
 
Член од
28 септември 2013
Мислења
31
Поени од реакции
34
Многумина не ја разбираат суштината на филозофијата.
Таа е психологија на умот, и дава илјада причини да го преиспиташ суштественото и постоечкото во вистинска смисла на зборот. Да утврдиш пред лаички да истрчаш со непоткрепени одговори.
Затоа контра аргументите се најчесто идеалистички блебетања, добиени од недоквакани аматери кои не ја разбираат ниту смислата на самото подрачје, па зборуваат пејоративно и се полни стереотипи.
 
Член од
28 септември 2013
Мислења
31
Поени од реакции
34
Филозофијата е психологија на умот?

:)

Инаку, освен психологија на умот, каква друга психологија постои?
Зборувам од една поинаква гледна точка, во однос на духовното наспроти материјалното. Не мислев на она као во вистинска смисла ,,психологија''. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Зборувам од една поинаква гледна точка, во однос на духовното наспроти материјалното. Не мислев на она као во вистинска смисла ,,психологија''. :)
Во ред е, сега видов дека имаш 20 години.

;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ова беше од типот - годините се мерило за тоа колку сум паметна или се лажам?
Не се лажеш.

;)

Годините не се мерило за интелигенција, но дефинитивно се мерило за начитаност и искуство. Нема зошто да се чувствуваш навредена, иако она што го напиша за филозофијата дека е психологија на умот нема врска со централата. Батали сега, да не се препираме на темава.

:)
 
L

Luki Junior

Гостин
Оффтопик: Шо значи зборо “пејоративно“? :cautious::cautious::cautious::cautious:

(не тролам).

Психологија на умо... :D:D:D:D

Умствена гимнастика доловува ного повеќе за филозофијата отколко психологија на умо.... Барем според мојто скромно мислејне... :)
 
Член од
28 септември 2013
Мислења
31
Поени од реакции
34
Оффтопик: Шо значи зборо “пејоративно“? :cautious::cautious::cautious::cautious:

(не тролам).

Психологија на умо... :D:D:D:D

Умствена гимнастика доловува ного повеќе за филозофијата отколко психологија на умо.... Барем според мојто скромно мислејне... :)
Мислев во преносно значење, содржински слично на она што сега ти го напиша. Како во смисла ,,од поинаков агол'' психологија не беше вистинскиот збор, бидејки сите буквално сфативте. :) Како и да е, другарот подолу ти објаснил што значи ''пејоративно'' нема да се повторувам.
 
L

Luki Junior

Гостин
А нели е полесно да се каже навредливо отколко да се користе некаков “голем“ збор за да се демонстрира квази интелектуална надмоќност, шо е најчеста карактеристика на квази филозофите?

(Не се зајадаувам, а размислувам на глас, како и по обичај).


Нема потреба од големи зборове за да се долове некоја едноставна мисла/идеја. :)


пс. Фала за објаснувајнето. :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Јас филозофијата ја разбирам како поле или како некаква ливада на која што растат разновидни билки, овошки, секаков зеленчук и по некоја печурка. Филозоф е оној што редовно го посетува ова место кое му служи како непресушен извор на духовна храна, а тој за возврат го прави местото поплодно. Таму ниеден плод не е забранет. Нема gmo, нема прскано. Влезот и излезот се бесплатни. Различни филозофи претпочитале различни плодови, па оттаму и резултатите биле различни. На пример, Ниче бил луд по печурките, а Аристотел, шетајќи, јадел се` што ќе видел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom