Филм или книга?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Според ваши досегашни искуства како може подобро да се разбере или доживее некоја приказна, настан итн. ... ако се прочита од книга или ако се гледа како филм? Може и по некој пример според кој мислите како што мислите.:kajg:
 

Lolita

Butterfly Kiss
Член од
16 јануари 2006
Мислења
230
Поени од реакции
10
Книга!:)
Кога читам некоја книга сама си правам филм во главата. Си ги замислувам личностите на свој начин. Никогаш не ме воодушевил филм како што може книга да ме воодушеви. Гледам и да не ги гледам филмовите ако ја имам прочитано книгата, оти обично ми ја уништуват меморијата што ја имам за таа книга.
Обожавам да гледам филмче, така за релаксација со друштво и пуканки....:kajg:
А нема подобар филинг од дождлив ден, добра фотеља и добра книга!:kajg:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
Да и јас мислам книга!
Во филмовите можеме да видиме се како што е, но скратено ни е задоволството да си правиме фантазија у глава и да си ги замислуваме ликовите, настаните, просторот... на наш начин.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Кога се работи за пренесување на конкретна слика (впечаток, сцена) на пример од комерцијален карактер, бидејќи видеото е носител на многу поголем број информации од текстот нормално и природно е дека видеото поверно ќе се долови сликата.
Сепак доколку се работи за слика (впечаток, сцена) со уметнички карактер веројатно текстот ќе ни го долови ефектот пооргинално отколку видеото.

Доколку беше прашањето дали порадо би гледале филм или би прочитале книга кои обработуваат иста тема дефинитивно се одлучувам за книга.
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Книга! Книга! Книга! Без споредба!
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Јас па двете различно ги доживувам. И сепак би се одлучи за добро филмче да глеам попрво. Ама би сакал и добра книга. Неможам да се одлучам што подобро доживувам :)
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Зависи. И книгата и филмот на различен начин ги доживувам и сфаќам. Пред некое време имавме за обработка роман на скул и тоа прилично голем, за моја најголема среќа го најдов филмот. Можам слободно да кажам дека јас ја имав сфатено книгата подобро од сите. Но, сепак, прво би го гледала филмот ( ако има филм ), ако ми се допадне би ја прочитала и книгата.:pipi:
 

Allita

Слика има тон нема
Член од
7 декември 2005
Мислења
2.184
Поени од реакции
12
Во суштина Лолита кажа се што сакав да кажам...:icon_lol: но...

Книга дефинитивно...нема никаква споредба мегу тие две работи...книгата може да ја доживее секој на свој начин, филмот е веке изрежиран и се пласира така како што тој некој ја доживеал книгата...обично во филмовите кои се правенни според некоја книга неможе да се опфати се во филмот, а и Холивуд тоа го преуредува, скратува, додава и се губи смислата на книгата...не дека не гледам и филмови, но повеке преферирем книга...:icon_lol:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Филм ми е некако поинтересно,иако понекогаш не може да се долови ликот или ситуацијата како во книга.Едвај чекам да видам што ќе направат од Кодот на Да Винчи,затоа што книгата беше феноменална.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Од книга поубаво може да се дозивее приказната ама јас поеке си сакам Филм :)
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
Paa зависи од книгата или филмот
 

Slatka_Mala

devoid of concept
Член од
15 февруари 2006
Мислења
477
Поени од реакции
11
Книга!

абе 100% книга! знаете како е: вам ви се дадени боите и платното а сликата сами ја креирате :wink:... книгата е најголемо доживување, си го правиш филмот сам, едноставно станува дел од тебе, книгата понатаму ќе има мало милонче интерпретации - колку луѓе ќе ја прочитаат, толку сценарија ќе има, а кај филмот ти е дадено на послужавник едно и единствено - ти треба само да го изгледаш...
сепак и филмот има свои убавини, секако а + и троши помалку од вашето драгоцено време, не? шестопати филмот го гледам од технишки аспект и колку се доловени моментите од страна на актерите а и целата екипа - значи обожавам критички да го гледам филмот...
и да сумирам: и двете имаат свои убавини и позитивности, ама она што би можело целосно да ме прероди, возбуди и исполни - најчесто е тоа книга...:coffee:
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Со читање на книга секој човек може различно да ја замисли и доживее приказната и ликовите, но многу време одзима така да јас си предпочитам филм
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Тачно читање книга ти е ко да глеаш некоја серија....10 дена ја читаш....Филмчето го глеаш 2 саати....Иако боље е книга јас си сакам филмче
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Зависи која книга...Хари Потер од прво книгите до трети дел ги читав и кога го гледав филмот исто ми беше...се по моја замисла а четвртиот дел го гледав филмот пред да го читам и кога ја прочитав книгата се разочарав....а инаку повеќе сум по книгите....на секоја книга си ги замислувам ликовите како сакам....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom