Божино
4815162342
- Член од
- 27 јуни 2007
- Мислења
- 8.583
- Поени од реакции
- 13.220
Муабетов од денеска што прилично ме изиритира да ја отворам темава. Дали и вам ви се случува отежнување на социјалните односи на социјалните мрежи поради оваа гнасна опција. Ради вакви нестрпливи и идиотски реакции јас сум приморан да не го стегам тоа прозорчето, и всушност да правам обид (замарање) се со цел да не навредам или изнервирам некој. Не мора да навлегуваме во техникалии и опции или не знам какви add-ons за гасење на seen, тоа не е ни толку битно колку луѓето кои напнуваат само поради тоа што толку при срце си го земаат тоа ако е видено, а не вратено во рок од една мили-секунда. И без коментари за тоа „гасете тоа фб, почнете да живеете“. На форум. Пошто е прилично факинг иронично.