Овој албум и сликички беа на Макпромет (мислам се викаше фирмата, не сум сигурен) од Штип.
Се продаваа во прва половина на осумдесети.
Го собирав (како и сите албуми со сликички кои ќе ги начекав тогаш), но не успеав ни одалеку да го соберам, затоа што се фаќаше прилично скупо. Имено се продаваа во она познато плочкасто пакетче со по десетина мастики "цигари" (т.е. во форма на цигара што ги имаше порано, а може и сега) и само
една сликичка. Ни приближно ефтино како било кои регуларни сликички, кои се продаваа(т) во формат - стандардни пакетчиња кои содржат по неколку (5+-) сликички, без мастика. Од нив нешто малку по скапи беа оние сликички, кои се продаваа во пакетче со по една мастика.
На творците на Фауна им текнало да продаваат пакетчиња од 10 мастики со по една сликичка. Па израчунајте сеа колку одприлика мастики сте купиле додека да го соберете албумот.
Поради ова и немаше многумина кои го собираа Фауна, па затоа и менувањето сликички не беше лесно (скоро непостоечко).
Додуша, албумот и сликичките беа прилично квалитетно изработени, со прилично добри (реални) илустрации (според мое мислење). Сликичките не беа во квадратна форма, поставени во свои рамки, туку секоја страница од листот на албумот беше една цела слика, пејсаж од одредена животна средина, со соодветните животни кои ги вклопуваш во пејсажот. Мислам дека имаше и праисториски сцени.
Се на се, Фауна е еден од подобрите албуми со животни кои сум ги собирал (најдобар мислам беше Сисари на Панини, т.е. оние од Горњи Милановац). Верувам дека и Фауна беше некоја странска лиценца. Не верувам дека беше нацртан/дизајниран во Југославија.
Заради сето ова и не верувам дека лесно ќе најдеш некој што го има собрано. А и да го најдеш, баш ме интересира за која сума ќе му го откупиш.
Жалам што со ова можда му ја дигам цената на албумот, но она што го кажав мислам дека е објективно.
Имаше луѓе кои по завршетокот на продажба на одредени албуми, ги зимаа за џабе или можда и без пари купишта сликички од некое место кадешто ги складирале како речиси отпадна хартија. Со Фауна не верувам дека можело така, затоа што непродадените пакетчиња беа всушност прехрамбени производи, а не отпаден хартиен материјал.
Според мене единствен начин некој да го собрал ова чудовиште е нешто да имал врски или познати у фабриката у Штип, па одкога прекинаа со него, од тоа што останало да си ги собрал сликичките. Мастиките знаеме дека ги продаваа и на парче. Верувам дека по прекинот на продажба на Фауна, можеле многу лесно да ги отворат и така да ги продаваат мастиките. Или пак, исто така, по прекинот на продажба, ако некој земал нешто директно од печатениот материјал што останал (сеуште не спакуван). Овака регуларно, не верувам некој да го собрал најскупиот албум ever.
.
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 22:33 ---
Патем, таа слика горе не е од македонскиот албум што го бараш, него од некоја странска верзија (француска). Не сум сигурен дали оригиналната лиценца е француска.
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 22:34 ---
зошто кажуваш колку многу му треба на другар ти ? само појче че ти крени на цена..
Ете јаска уште отпојче му го кренав цената, иако ниетот ми беше истина да зборам, а не цена да кревам (отпојче).