Фан Kлуб: Осогово

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.995
Поени од реакции
6.276
steta za klubot ali koga im uspea da go userat vardar sto ostanuva za drugite klubovi
 

PxFxCx

Јужни Фронт
Член од
15 септември 2007
Мислења
452
Поени од реакции
4
Nemam takva informacija sega za sega ... no utre kje ima izvestaj od utakmicata ...
 

Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
Sledniot pat napisi ja tabelata za da imame informacija kako e bitkata za prvoto mesto.
 

PxFxCx

Јужни Фронт
Член од
15 септември 2007
Мислења
452
Поени од реакции
4
„ОСОГОВО“ - „НАПРЕДОК“ 6:2 (2:0) 2007-10-22
Стадион- „Никола Мантов“. Гледачи-100. Главен судија-Васко Мавров. Помошници – Марјан Гоцевски и Симеон Гајдов (сите од Струмица). Стрелци- Јаневски-10м. и 58м. Велинов-20м. Карафилов-55м. Гицов-62м. Демјанов-84м.(за Осогово), а Пандурски-77м. и 90м.(за Напредок). Жолти картони-Перунковски (Напредок).
„ОСОГОВО“ - Данев, Дамески (Коцев), Гицов, Митев, Георгиевски, Велинов, Коцевски (Демјанов), Јаневски, Ристов, Карафилов, Арсов.
„НАПРЕДОК“ – Перунковски, Миовски, Ковачовски, Дулковски, Тодоровски, Пурсовски, Аловски, Сасански (Медарски), Пандурски, Манчовски, Димитров.

ОДЛИЧНИТЕ НАСТАПИ ПРОДОЛЖУВАТ

Одличните настапи на Осогово продолжуват понатака. Во деветото коло „жртва“ на кочанчани беше осредно подготвената екипа на напредок од Пехчево. Осогово постигна шест погодока, а доколку неговите напагачи беа поснаодливи и поконцентрирани резултатот ќе беше и доста поубедлив. Сите голови кочанчани ги постигнаа од добро замислени акции но сепак погодокот на се подобриот Ивица јаневски што го постигна во 58-та минута заслижува поголемо внимание. Имено напагачот на Осогово по добро нафрлената топка од страна одлично ја смири и нечекајки да падне на земјата биеше од прва во самиот десен голманов агол. Гостинскиот голман немаше време да трепне а не да интервенира. Во финишот осоговци задоволни од високото водство подзастанаа и дозволија да примат два „ефтини“ погодока што никако не ја намалува одличната игра на играќите на тренерот Крсте Крстев.
 

PxFxCx

Јужни Фронт
Член од
15 септември 2007
Мислења
452
Поени од реакции
4
Стадион-„Никола Мантов“. Гледачи-100. Главен судија – Драганчо Јаневски. Помошници-Игор Богатинов и Симиончо Митев (сите од Кочани).Стрелци–Георгиевски-6м. Наков–36м,60м,65м. Велинов–70м. Картони нема.
„ОСОГОВО“ – Трајков, Данилов, Дамески, Темелков (Арсов), Манчовски, Георгиевски (Коцев), Наков, Шуманов (Дамјанов), Велинов, Коцевски,Карафилов.
„ФИЛИП II“ – Анакиев, Анастасов (Димитров), Кузмановски, Стојков (Амедов), Здравков, Илиев, Соколовски, Митров, Васевски, Петров, Николов (Стојанов).


НОВА „ПЕТАРДА“ ВО КОЧАНИ

Заостанатиот натпревар од петото коло помегу „Осогово“ и „Филип II“ што во редовниот термин беше одложен на барање на виничани поради труење со храна на дел од нивните играчи се одржа вчера додека во државата се празнуваше. Што се однесува до играта и до конечниот резултат ништо ново кога Осогово е во прашање. Младата и полетна екипа на Осогово одигра добро по тешкиот терен за игра, но и во такви услови „жолтите“ постигнаа пет погодока што според играта е малку.

1-0–Осогово поведе уште во шестата минута. Дамески нафрли ниско по земја во голманскиот простор, на топката појде Горгиевски ја зафати колку да и го смени правецот и ја упати во мрежата. Анакиев се фрли но неговата интервенција се покажа како залудна.

2-0-Вториот погодок за кочанчани е дело на расниот голгетер Наков. Топката повторно од десната страна беше нафрлена на шест метри од голот на гостите, прв до неа дојде Наков и со манир на искусен стрелец го постигна првиот гол од неговиот хет-трик.

3-0-Се играше шеесетата минута кога по кој знае кој пат „жолтите“ нафрлија од десната страна. Топката со глава ја зафати Наков, но биеше во гостинскиот голман кој ја одби пофторно до Наков кој двапати не греши. Мрежата на гостите се заниша по трет пат.

4-0-Наков беше проигран во празно покрај „подзаспаната“ гостинска одбрана. Излезе сам и од косо од левата страна биеше во спротивниот агол на немоѓниот Анакиев.

5-0-Последниот гол е дело на итриот Велинов. Од втората линија на домакините топката беше уфрлена во празниот гостински простор,на околу 40 метри од голот појдоа и голманот Анакиев и Велинов. Играчот на Осогово беше побрз ја зафати топката и со лоб удар ја смести во празниот гол.

Осоговци по „петардата“ во мрежата на гостите застанаа но виничани немаа ниту сила ниту знаење барем да постигнат почесен гол.

Се на се одлична престава на домакините на радост на малубројната публика која по се изгледа ако сака добар и ефикасен фудбал ќе мора да се врати на стадионот „Никола Мантов“.

Судиите одлично си ја завршија задачата која рака на срце и не им беше тешка бидејки и двете екипи играа крајно фер и коректно.
 

PxFxCx

Јужни Фронт
Член од
15 септември 2007
Мислења
452
Поени од реакции
4
Ne znam kako zavrsija samo znam deka "kadetite" pobedija so 14 : 1 vrz kumanovksta ekipa "Sampioni" ... Pravi sampioni se :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom