Фан Kлуб: Осогово

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА - ИСТОК
ОСОГОВО – МЛАДОСТ (М) 3:0 (2:0)
Кочани. Стадион. „Никола Мантов“. Гледачи – 50. Главен судија: Димитар Пилешков. Помошници: Дарко Стојанов и Стојанче Стојанов (сите од Штип). Делегат: Петре Ќосев (Штип). Стрелци: Траков 3’ Коцев 12’ С.Јанев 87’. Жолти картони: Јаневски (Осогово).

„ОСОГОВО“ – Лазаров, Дамески, С.Манчовски, Цветанов, Коцев, Шуманов (Д.Манчовски), Коцевски (Иванов), Митев (Постоловски), Трајков, Јаневски, Јанев.
„МЛАДОСТ“ (М) – Тасев, Гонев, Терзиев, Г.Мицев, Костурски, Бансколиев, Глигоров, Черкезов, Пандевски, Азманов, Стоилов (В.Мицев).

ВО ДОСАДЕН ФУДБАЛ, ТРИ БОДА ЗА ЛИДЕРОТ
Осогово и гостите од Муртино одиграа еден крајно досаден и неинтересен натпревар во кој гледачите повеќе си разговараа меѓу себе, одошто јо следеа играта. Причината во слабата и мошне здодевна игра може да се побара и во податокот што лидерот на табелата веќе во 12’ имаше водство од 2:0.

Инаку натпреварот почна со напади на домаќините, кои вродија со плод веќе во 3’. Трајков доби тока на аголот од казнетиот простор на гостите, биеше од свртување и денес мошне сигурниот Тасев за прв пат беше совладан. Во 12’ веќе 2:0 за домаќините. Беше упатен силен удар ниско по земја од дваесетина метри кој гостинскиот голман го одбрани, но топката за негова несреќа му избега од рацете на која натрча Коцев и од косо од 7-8 метри биеше во празната мрежа. Домаќините уште еднаш во 28’ ја затресоа гостинската мрежа но на интервенција на помошниот судија Дарко Стојанов голот не беше признат. По ова возбудување вистинско сивило владееше на теренот.
„Жетварите“ се обидуваа нешто да сторат но нивните додавања секогаш беа погрешни па гостинската одбрана лесно излегуваше на крај. За разлика од домаќините гостите подобро да не правеле трошок и да не допатуваа во Кочани, бидејќи за 90’ игра не упатија ниту еден единствен удар кон домашниот голман Лазаров.
Сепак на три минути пред крајот мрежата на Тасев се затресе по трет пат. Стрелец на погодокот беше Јанев кој по убавото проигрување од левата страна рутинирано ниско по земја биеше во долниот десен агол.

Во ова коло на другите средби се постигнати следните резултати: Астибо – Тиверија 0:1, Мак Млин – Овче Поле 5:1; Карбинци – Младост (О) 3:2, Зрновка – Слога Филип II 0:2, Саса – Василево 6:2, Рудар – Брегалница (Д) (прекината во 29’ при резултат 2:0 за домаќините откако гостинскиот тренер на голманите Николчо Николовски ја повлекол екипата на Брегалница од теренот).
Слободни во ова коло беа екипите на Малеш 1919 и Јака.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА - ИСТОК
„ОСОГОВО“ – „КАМЕНИЦА САСА“ 2:0 (1:0)
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 200. Главен судија: Симеон Гајдов. Помошници: Зоран Златанов и Васе Вражов (сите од Струмица). Делегат: Љупчо Трајковски (Струмица). Стрелци: Трајков 5’ Јанев 80’ (Осогово). Жолти картони: Здравков, Јанев (Осогово), Ангеловски, Соколовски, Милковски (Каменица Саса).

„ОСОГОВО“ – Данев, Здравков (Д.Манчовски, Дамески), С.Манчовски, Митров, Цветанов, Коцев, Трајков, Натков (Постоловски), Јованов, Јаневски, Јанев.
„КАМЕНИЦА САСА“ – Ѓуриќ, З.Ангеловски, Јангеловски, Цветковски, Милковски (Стаменковски), Д.Ангеловски (Велиновски), Иванов, Јаневски (Анастасовски), Соколовски, Атанасовски, Павлов.

ВО ЛОШО СУДЕЊЕ, ТЕШКИ БОДОВИ ЗА ЛИДЕРОТ

По сончево но мошне пријатно време за игра се одигра комшиското дерби на некогашните прволигаши „Осогово“ и „Каменица Саса“. Лидерот на табелата многу потешко од очекувањата на љубителите на фудбалот во „градот на оризот“ стигна до победата. Добрата екипа на „Каменица Саса“ беше достоен партнер па ако во првото полувреме од неколкуте поволни шанси за гол успееја да го совладаа Данев тешко кој можеше да го типува конечниот резултат.

Домаќините поведоа во раната фаза од играта. Се играше 5’ кога Трајков беше проигран во празно. Голгетерот на „жолто-сините“ тргна сам кон голот на денес одличниот Ѓуриќ, и кога дојде на тринаесетина метри од голот биеше но гостинскиот голман одбрани одбивајќи ја топката и кога се чинеше дека шансата пропадна, еден гостински одбранбен играч во желба од прва да ја исфрли топката во поле погоди еден негов соиграч, го закачи Трајков и топката отседна во мрежата. По овој погодок домаќините несвесно ја пропуштија средината на теренот па гостите беа тие што играа фудбал. Играа и во периодот од 13’-22’ создадоа три прилики за гол од кои на нивна жал не реализираа ниту една.

13’, Иванов беше проигран во празно по десната страна, изби сам малку откосо и кога дојде на 6 метри од домашниот гол биеше, но Данев со одличен рефлекс ја сочува мрежата.
15’ Прва грешка на денес несигурниот главен судија Гајдов. На центарот од игралиштето беше фаулиран домашниот играч Здравков но свирката на судијата не се слушна. Цветковски излезе сам малку од лево, го мина истрчаниот Данев но немаше сила во неговиот удар. Топката одеше полека кон домашниот гол па на С.Манчовски не му беше тешко да ја стигне.
22’ Еден гостински играч стравотно биеше од триесетина метри но Данев со одлична парада ја исфрлив топката од под самата пречка во корнер.

И тука гостите застанаа. Домаќините почнаа да играат позрело но и поопасно. Почесто напаѓаа но и создаваа прилики за нов погодок.
38’ Сашко Јованов се најде во одлична шанса. Трипати биеше на голот на Ѓуриќ во десетина секунди но гостинскиот голман сите три удари одлично ги одбрани по што доби аплауз на отворена сцена.
40’ Трајков од десетина метри бие но Ѓуриќ брани.
45’ Трајков излезе сам по левата страна биеше но Ѓуриќ и овој пат со одлична интервенција ја сочува својата мрежа.

Второто полувреме беше за паметење но не по кој знае каквата игра на екипите како по кардиналните грешки на судијата Гајдов кој денес полагаше за повисока категорија, но по она што и како го отсуди тешко дека од Контролата Јордан Гицов ќе добие прелазна оцена.

52’ Дејан Манчовски беше сам во пробив кон гостинскиот гол и кога влезе повеќе од еден метар во шеснаесетникот од зад грб грубо беше фаулиран од Милковски. Пенал за сите и црвен картон за гостинскиот играч, но судијата не покажа, ни едното ни другото. Беше досуден фаул надвор од шеснаесетникот. По овој старт играчот Осогово на раце беше изнесен од теренот и за него натпреварот по седум минути поминати во игра беше завршен.
Ако во 72’ Гајдов не санкционира играње со рака во шеснаесетникот од страна на еден гостински играч поради лошата поставеност, тоа мораше да го стори во 77’ кога по центар шутот на Митров топката удри во раката на З. Ангеловски. Гајдов повторно остана нем што го навлече гневот на домашните навивачи.
80’ За среќа на главниот судија домаќините по една груба грешка на комплетната гостинска одбрана преку Јанев го зголемија водството на 2:0 со што некако и стивнаа тензиите во гледалиштето. По вториот гол за домаќините играчите од обете екипи како да го чекаа крајот на натпреварот.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА - ИСТОК
„ОСОГОВО“ - „РУДАР“ 5:0 (2:0)

Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 400. Главен судија: Стојанче Стојанов (Штип). Помошници: Благој Лазаров (Кочани) и Ален Коцевски (Штип). Делегат: Емил Костадинов (Штип). Стрелци: Јаневски 12’ Паунов 41’ Трајков 58’62’ Јанев 65’. Жолти картони: Јанев, Здравков, Д.Манчовски (Осогово). Црвен картон: Михајлов (Рудар – 84’).
„ОСОГОВО“ – Данев, Дамески, Д.Манчовски, С.Манчовски, Митров, Коцев (Здравков), Паунов, Натков, Јованов (Трајков), Јаневски, Јанев (Постоловски).
„РУДАР“ – Јакимов, Кацарски, Миневски, Ампевски, Стојманов, Кралевски, Насевски (Михајлов), Анастасов (Заков), Кузев, Василевски (Иванов), Атанасов.

РУДАРИТЕ ИСКОПАА САМО ПЕТКА

Во фер и коректен натпревар „жетварите“ заслужено ја победија добрата екипа на Рудар со 5:0 и на три кола до крајот на првенството и ставија печат на шампионската титула. Домаќините играа брзо и точно а што е најважно и прецизно, а и гостите покажаа дека се добра екипа но денес во Кочани ништо не можеа да направат против разиграниот домаќин.

Прекрасно беше да се видат две навивачки расположени групи. Од едната страна „Сејмените“ а од другата „Багабонти“ од Пробиштип. И двете навивачки групи ги бодреа своите миленици преку целиот натпревар без да упатат непристојни зборови кон противничката група. Затоа за навивачите на Осогово и Рудар чиста десетка.

1:0 – Се играше 12’ кога домакините изведоа корнер. Одлично нафрлената топка паѓаше на единасеттина метри од голот на гостите, највисок во скокот беше Јаневски, некогашниот играч на Рудар, одлично ја зафати со глава и топката отседна зад грбот на немоќниот Јакимов.
2:0 – Домакините беа во силовит напад кон противничкиот гол. Паунов доби употреблива топка во празно, изби сам, а кога Јакимов му појде во пресрет Паунов рутинирано по земја ја упати топката во празниот гол.
3:0 – Во празно беше уфрлен мошне брзиот Трајков, гостинскиот голман истрча на работ на шеснаесетникот за да ја исфрли топката во поле, но за негова несреќа ја промаши и на расниот стрелец Трајков не му беше тешко да ја упати во празната мрежа.
4:0 – Дамески од косо по левата страна изби сам, а кога дојде на пет до шест метри ја сврте топката на метар од голот на гостите, на неа натрча Трајков и со манир на искусен стрелец ја продолжи во мрежата.
5:0 – Искусниот Јанев успешно ја избегна офсајд стапицата, иташе сам кон противничкиот гол, а кога Јакимов му тргна во пресрет, Јанев од единаесеттина метри биеше и топката по петти пат ја затресе мрежата на гостите.

По завршувањето на натпреварот „сино – жолтите“ знаеја како да и се израдуваат на шампионската титула.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Неофицијално нема да има баражи,па така да Осогово е нов член на 2 лига.
Епа со среќа нека ви е
 
Член од
3 април 2010
Мислења
260
Поени од реакции
41
Фала за честитките! Конечно во Кочани после толку години чекање второлигашки фудбал...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Ај честито Кочанчани. Мило ми е што вака традиционален и пред се градски тим со историја во македонскиот фудбал и навивачка група се враќа во втората лига. Идната сезона втора лига ќе биде многу слаба затоа што никој не отпадна па еве шанса да се видиме и во најсилната лига :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Џабе се потепавте да влезете во втора лига и на крај не плативте 4 000 евра за да играте. Незнам само зошто тогаш покажуваа толкави амбиции и им го земаа местото на некои кои сигурно повеќе ќе вложеа (Тиверија). Или па ве заебаа што немаше бараж пошто како и години наназад во план беше да го шитнете:tapp:
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Ќе имаа денеска Сејмени протест за тоа што не платија Осогово... подобро Рудар да влезеја у втора лига, кој верни навивач ги имаа само...
 
Z

ziko bt

Гостин
ПО СМЕНАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ДИРЕКТОРОТ НА КЛУБОТ
Осогово плати 4.000 евра за котизација
КОЧАНИ. - Осогово уплати 4.000 евра како прва рата од котизацијата за учество во Втората лига и бара од ФФМ да биде вклучено во второлигашката конкуренција. Ова е направено на иницијатива на фудбалерите и нивниот капитен Драги Здравков, со средства собрани од кочански бизнисмени, откако УО прво ги смени претседателот Ванчо Каранфилов и спортскиот директор Зоран Теодосиев, кои, како што беше кажано, направиле хаос, велејќи дека ратата е уплатена пред 6 јули, кога истече дополнителниот рок, а, всушност, не го сториле тоа. За овој потег, Осогово ги известило ФФМ и Комисијата за лиценцирање и упатило жалба до Комитетот на заштита на законитоста
 

Др.Офболи

Багабонти
Член од
13 јуни 2009
Мислења
145
Поени од реакции
3
Осогово останува третолигаш, доцна ги уплатил парите

КОЧАНИ. - Иако ги уплати потребните 4.000 евра за котизација, Осогово од Кочани, сепак, нема следната сезона да се натпреварува во Втората фудбалска лига, со што згаснаа и последните надежи на кочанчани дека ќе се вратат во повисок ранг.
Според портпаролот на ФФМ Зоран Николовски, уплатата на првата рата од котизацијата е извршена по 6 јули, што значи дека рокот бил пробиен за десет дена, поради што жалбата на Осогово до Комисијата за лиценцирање е одбиена.
- Не можат да се прават никакви отстапки. Осогово навреме требаше да си ја плати котизацијата. Доколку за него се направи отстапка, истото ќе го бараат и други клубови, кои, исто така, задоцнија со уплатата на првата рата од котизацијата - дециден беше Николовски. (И.Ст.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=C8F8AD4DA989D744ACBBEEE7E9B36EF5

Хммм... Третолигаш нели оваа сезона треба да одмараат, а од следната 2011/2012 да играт во општинска лига?!
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
„ОСОГОВО“ - „АСТИБО“ 2:1 (0:1)
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 100. Главен судија: Васко Мавров. Помошници: Марјан Гоцевски и Горги Станковски (сите од Струмица). Делегат: Љупчо Трајковски (Струмица). Стрелци: Стефан Јанев 61’90’ (Осогово); Влатко Јанев 35’ (Астибо). Жолти картони: Трајков, Д.Манчовски, С.Манчовски (Осогово); Кикиритков, Димитров, Панев (Астибо).

„ОСОГОВО“ – Данев, Д.Мановски, Дамески, С.Манчовски, Цветанов, Горгиев, Трајков, Јованов (Здравков), Јанев, Велков (Митров), Арсов (Коцев).

„АСТИБО“ – Јамаковски, Лазаров, Стојановски, Ристов, Спиридонов (Маниќ), Јанев, Панев (Горгиев), Синанов, Димитров, Кикиритков, Митев (Папаров).

ЕВРО – ГОЛ ВО СУДИСКОТО НАДОПОЛНУВАЊЕ

По сончево и мошне пријатно време за игра „жетварите“ со доста среќа, на отворањето на фудбалската сезона стигнаа до трите бода. Се играше втората минута од најавените три од судиското надополнување кога еден гостински играч непотребно направи фаул на 25 метри од голот на Јамаковски. Топката ја намести мајсторот за слободните удари Стефан Јанев. Биеше прецизно и топката иако се чини дека го закачи голманот на Астибо сепак заврши под самата пречка во самиот лев горен агол. Радоста на кочанските жолто-сини беше голема бидејќи тоа значеше победа и први три освоени бода во новата фудбалска сезона.

Во игра на два изедначени противника, натпреварот започна со офанзива на домаќините. Веќе во 3’ Трајков по одличното нафрлување на Јованов не успеа да ја погоди мрежата. Неговиот удар со глава од само 5 метри гостинскиот голман со рефлексна интервенција го одбрани. Во 11’ Јованов бие итро но Јамаковски исфрла во корнер, истиот играч во 24’ од косо ор 15 метри бие по земја но топката покрај дирекот завршува во гол-аут. И кога сите очекуваа дека конечно гостинскиот голман ќе капитулира, „ладен туш“ за гледачите. Играчите на Астибо изведоа корнер од десната страна, Синанов не успеа да ја закачи нафрлената топка што внесе немир во одбраната на домаќините, што го искористи офанзивниот гостински играч Влатко Јанев и со удар од дванаесеттина метри биеше по средината на голот и топката отседна во мрежата на покриениот Данев. И тоа беше се што се случуваше во првото полувреме.

Во вториот дел домаќините тргнаа во офанзива се обидуваа со нафрлени топки нешто да сторат но гостинската одбрана секогаш беше правовремена во интервенциите и јаловите напади на „жетварите“ не донесоа резултат. Во 61’ гостинскиот капитен Кикиритков се чини непотребно малку поостро го фаулираше Митров на дваесеттина метри од голот. Откако судијата му покажа жолт картон на Кикиритков топката ја намести Стефан Јанев. Зеде краток залет, го префрли живиот зид и топката го погоди самиот десен горен агол на гостинскиот голман кој остана укопан на гол линијата.

До победоносниот гол на домаќините во судиското надополнување немаше ниту една шанса од која и да е екипа. Натпреварот беше фер и коректен а жолтите картони инаку денес добриот судија Мавров ги покажа со цел да не се разгорат страстите на теренот.
 
B

BooBojan

Гостин
Браво за Осогово да се надеваме дека конечно оваа сезона ке успеат некако да влезат во втора лига.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ЗГАСНУВА ЛИ ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ОСОГОВО ?

Најчестото прашање што по празниците си го поставуваат љубителите на фудбалот, особено симпатизерите на „Осогово“ е дали Есенскиот шампион во Третата Фудбалска Лига – Исток ќе го продолжи првенството или нема ниту да ги започне натпреварите од пролетниот дел.

Прашањето се поставува со право бидејќи откако играчите сфатија дека се изиграни со лажните ветувања речиси повеќето од половината побараа исписници или пак најавија дека не се повеќе заинтересирани да играат во клубот во кој само им се ветува а ништо не им се надоместува од ветеното.

Да резимираме. Пред почетокот на првенството играчите од тогашната „летачка“ управа добија ветување дека ако продолжат да играат за клубот ќе бидат наградувани по циклуси. За секоја победа на страна ќе добиваат по 1.000,00 денари а дома по 500,00 денари како и по 100,00 денари од тренинг доколку се редовни на тренинзите.

Играчите ги прифатија поставените услови, почнаа да тренираат и играат. Загубија во првото коло од екипата на „Тиверија“ во Струмица, а потоа почна „жетвата“ на бодови. Првиот циклус беше исплатен а вториот не со образложение дека моментно пари нема а дека со завршувањето на натпреварите од есенскиот дел играчите ќе го добијат она што им беше ветено.

Уште со тоа одложување на исплатата се навести сличниот мирис што беше присутен и во летните месеци кога актуелна тема беше обезбедувањето на котизацијата. Тогашните самопрогласени анти фудбалски спортски работници ја излажаа и јавноста и оние кои не требаше да ги излажат, но при тоа се излажаа и себеси.

Но како и да е на сите во „градот на оризот“ е познато кој тоа не сакаше „Осогово“ да игра еден ранг повисоко бидејќи образложението дека за такво нешто немало пари не држат ако се знае дека пари за други клубови, од кои некои немаат ни традиција редовно има, како и за манифестации кои се по ќеиф на поединци и обични вечни улизурковци.

Но котизацијата е завршена работа, сега е актуелен опстанокот на „Осогово“ во циклусот на натпреварување, и обид да не згасне името на клуб со традиција еве веќе од 87 години (иако во Кочани барем традициите ретко кој ги почитува).

Што ќе биде до почетокот на првенството никој не знае да каже, бидејќи сите сега се дистанцираат од проблемите во клубот иако токму „Осогово“ на тие „некои“ им претставуваше „даска за скокање“ во многу работи од животот.

Ако сега се немаше околу 50.000,00 денари да се регулираат побарувањата на играчите, зошто тогаш се играа натпреварите од Купот каде залудно се потрошија околу 80.000,00 денари, и зошто наместо на новиот Претседател да му се дадеа на располагање сите средства што се обезбедија дополнително за котизацијата му се даде само половината.

Навистина интересни теми кои сигурно ќе продолжат и во наредните денови, а можеби и до стартот на првенствените натпревари. Но како и да е полека излегуваат на виделина актерските способности на оние кои лажно зборуваа дека „Осогово“ како клуб им значи, а колку им значи се виде во последниот месец од минатата година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom