Рачунајте дека Маркоски и Ојлески веројатно ќе завршат во Металург, или па еден од нив, или и двајцата.
Не знам дали Столе и Лазовиќ би ни биле доволни за на пикер, може ќе трба да се донесе уште еден.
Премногу леви бекови имаме, а ниту еден нема стандардна форма. Абутовиќ, Драгаш, Кукоски, сите се леви бекови и сите играат само во одбраната. Камо да можеше овој Драгаш да научи да шутира прецизно...
Мора многу да се работи со него, пошто може да бидне играч од него.
На десен бек мислам дека е доста со Рајковиќ. Не беше лош на последниве мечеви но сепак...
Тука ни треба некој врвен ракометар за да се докомплетира мозаикот.
Кире Лазаров и единствена опција за мене
Што стана со Липовина?
Дечкото може да напредне, и да биде трет бек после Петриќ. И така ќе играме во ЛШ, така да СЕХА ќе треба да ни биде за воигрување.
За жал нема некои добри младинци на повидсок...
Како што разбрав има некои добри крила меѓу нив. СЕХА лигата може комотно да се искористи за некои од нив да добиваат искуство.
Претпоставувам на крило опциите за следна година ќе бисдат Марковиќ и Недановски лево, Раковиќ и Јовчевски десно.
Се претпоставува дека Ојлески ќе им биде замена за Алушоски.
Мада мислам дека нашиве ако запнат да го задржат не би имало проблем да остане...
--- надополнето: 4 јуни 2013 во 16:52 ---
Металург вчера ја загуби титулата но не и нашите верни навивачи. Со преку повеќе од стотици коментари и пораки нашите фанови ни ја покажаа верноста кон клубот. Сепак оваа сезона беше една од најуспешните на Металург и македонскиот ракомет. Можеме да ви ветиме дека со ваква подршка наредната сезона титулата ќе се врати во Автокоманда. Само еден Металург !