Pece4ever
Скопјанишен
- Член од
- 19 ноември 2009
- Мислења
- 576
- Поени од реакции
- 186
Дека држи вода тоа за клупската политика држи, но и не е некој релевантен фактор во моментов, зошто. Истиот тој Алегри, кога во својот тим ги имаше Ибра и Силва, не успеа да земе титула иако го имаше најсилниот состав во лигата, тука и требаше да се деси тој прелом, тука требаше да добие отказ, после таа сезона ги шитнаа овие двајца.ххахаха, Манчестер секогаш играл лошо на почеток од сезона, само сите сега тоа го воспеваат зашто не е Фергусон тука. Да не те потсетувам лани кога Манчестер изгуби и од Тотенхем и Евертон за помалце од три недели и беше стариот на клупа беше меѓу главните што викаше дека Манчестер немал шанси за титула а Сити ќе си освоел без проблеми. Еве и со нови тренери и полесен распоред Сити е само два бода од нас. До менталитетот на играчите и концепцијата на играта е која полека се имплементира на ниво од ланското.
Манчестер си е прв во една од потешките групи во ЛШ со само едно нерешено и на 8 бода од првиот кој во ПЛ е исто како во другиве лиги на 2 бода, не гледам како ова е страшно.
Да се вратиме на темата, не е до тренерот, до клупската политика е. Кога имавте играчи Алегри ја освои лигата, па и со овие играчи ова што го правите е премногу, само Шарави, Де Јонг и Шиљо заслужуваат да се играчи на Милан, не е ова Лече. На моменти звучите како Арсеналци што го бркаа Венгер лани а не беше тој крив што толкаво ќесе пари му дадоа да троши. Еве Мемо погоре пиша нов тренер и нови играчи ќе донеле, ок тоа ама откај дека нема да ги продадат на ПСЖ после две три години? Гледам еве Ди Матео го спомнувате, па Ди Матео како прво ќе им побара тркачи играчи (читај млади и покретни) што ќе го покриваат секој дел од теренот, таков стил имаше и во ВБА додека ги менаџираше. Што знам, мое видување е дека за разлика од Интер многу подобро ги пребродувате "кризниве" моменти, барем имате континуирано учество во ЛШ и стигате до 1/4 финале негде ама дека би се нафатил некој да води екипа каде треба да се избрка 80 посто од кадарот, тешко тоа. Еве ајде ќе видиме ако го сменат Алегри што ќе биде ама мое мислење е дека на подолга иднина ништо значително нема да се промени.
Милан, одсекогаш имал ваква политика на купување на играчи, да малце е променета, Берлускони последниве 4-5 години има помало вложување од порано, се оди на купување на играчи на кои договорот им истекува, се оди на мали плати, немаме сега играчи со кои можеме да газиме во ЛШ, ама кога ќе ја земес силата на Сериа А, па и немаме толку слаб тим. Реално, не се ни занесувам за Милан на ниво на ЛШ, ама овие неуспеси кои ги имаме во домашното првенство, се недозволиви. И за сето ова е крив мистер Алегри. Која е неговата тактика, кој е неговиот избор на играчи. Еве на пример Поли, дечкото од натпревар во натпревар е се подобар, тој се решава денес да го седне на клупа, на мечот со Парма, каде три бода ни се и тоа како неопходни, он стартувабез Кака, кој покажа дека е сеуште голем и дека прави огромна разлика, за на истиот меч, да направи измена во 60-та минута во кој излегуваат Поли и Балотели. Уште не сме ни виделе како ќе изгледа тимот во кој заедно ќе играат Кака, Балотели, Поли и Монтоливо, кои треба да бидат носителите на овој Милан.
Пак ќе речам, задњиве три сезони, колку и да има улога клупската политика, лошите резултати одат само на душа на тренерот, кој требаше одамна да биде сменет. Верувам, не убеден сум во тоа, кој био друг да го земат да ја заврши сезоната ќе има подобри резултати, бидејќи со овој на клупа, не паметам кога сум гледал атрактивен фудбал, туку само силување, фудбал на сила.