Фан клуб: Милан

Џампаоло?

  • Вкупно гласачи
    55
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
И покрај голот и асистенцијата, Бонавентура после утакмицава би го тепал со шамари у соблекувална !!
Gi ubi ne zaebavaj, on i Suso pravat nekoja razlika samo..na pocetok ne pretnaa se do golot..posle pocnaa nesto da igraat

Gomez me iznenadi, dosta dobrro izigra
 
Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.456
Поени од реакции
5.426
Gi ubi nezaebavaj, on i Suso pravat nekoja razlika samo..na pocetok ne pretnaa se do golot..posle pocnaa nesto da igraat
Ги уби да, ама претеруе малу појќе... се мисли Сусо е :icon_lol:
Искрено права ветрушка е, ич не е цврст у дуели и доста често знае да изгуби топка, да не зборим она сам коа излезе со голманот коа се влечеше ка црево....
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Ги уби да, ама претеруе малу појќе... се мисли Сусо е :icon_lol:
Искрено права ветрушка е, ич не е цврст у дуели и доста често знае да изгуби топка, да не зборим она сам коа излезе со голманот коа се влечеше ка црево....
Koga izleze sam zaeba inaku e ekstra..Suso da, sezonava sigurno najdobar poedinec. Torino sklopija ekstra ekipa mnogu tesko da gi tepame vo gosti
 
C

Castiel

Гостин
Соса се надевам веќе никад нема да стапне на терен. Иначе добро изиграни минути и на Калабрија мора се пофали. Сусо класика мада требаше да го извади накај 70 за да го одмори малку многу ќе биде потребен одморен и во понеделник. Бонавентура имаше лош натпревар ама на крај сепак направи разлика. Асистенција и гол кога беше најпотребно. Лападула страшно е тоа што го утна на крај ама па пожртвувано играше цел натпревар. Како и да е не смее се застане тука мора победа во понеделник па после имаме тежок натпревар со Наполи каде што и бод би било премија.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.361
Поени од реакции
25.059
Со тимот од минатите сезони никогаш немаше да се вратиме од 0-1.
Не ми се верува што гледам сезонава, Палета - човекот игра како да нема утре, овој Гомез оплодува со поглед само уште не е навикнат на средината, му треба минутажа инаку гледам потенцијален ѕвер во него.
Сусо и Џек... не ми се верува особено за првиот, кога дојде не знаеше колкави се димензиите на голот, сега е Меси за хипстери.
Де Шиљо конечно почна да игра некаков фудбал, исто и Абате последниве 2-3 натпревари може да се забележи дека после 30 години може и да научил малку одмалку.
Бертолачи ми се допаѓа се повеќе, со оглед на тоа што имаше гадни повреди година дена, игра стабилно и според можностите. Е сега не му се којзнае колкави али мислам дека има фудбал во дечкото, само нека продолжи така.

А откритие на годината ми е господинот Џанлука Лападула. :cuc: Ваков фудбалер јас одамна не сум видел.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Каков лудак е овој Сусо секоја чест ! :vozbud::cuc:

Лападула да не му се погодеше да игра против идните второлигаши никад немаше гол да даде. Џабе му е и трчање и се кога се блокира во фазата на реализација против секоја екипа што е малку посериозна т.е. што поседува Серија А квалитет. Максимум треба да влага од клупа како на претходната со Каљари или па стартер исклучиво на овие куп натпревари, а во првенство мора Бака да игра од почеток. Факт е дека е заслужен за солиден број на бодови оваа сезона, но напаѓач на Милан не смее онакви циркузи да прави.

Инаку што се однесува до утакмицава искрено мислев дека нема ич да се замараат нашиве со оглед на тоа што за разлика од лани оваа година ждрепката ич не ни е погодена. Торино, Јувентус и после тоа ако поминеме мислам победникот од Фиорентина-Наполи...фали уште Реал Мадрид да ни се падне во купов. :confused: Ако ништо друго барем се надевам дека шанса ќе добијат и на утакмицата со Јуве овие што немаат минутажа како Гомез, Калабрија, Антонели, Соса, Бертолачи, Хонда. Долго е првенството па не би било лошо да имаме уште некој играч во каква-таква натпреварувачка форма на клупата. Позитивно од купов кога веќе излеговме со добар дел првотимци е тоа што очигледно Монтела сака да создаде еден победнички менталитет и тоа во секој случај е за поздрав. Сега уште да успеат во првенството на Торино да му земат 3 бода и на коњ сме, а со оглед на тоа што на таа утакмица сигурно ќе стартуваат Ромањоли, Локатели и Бака не гледам зошто не би победиле иако ќе биде пеколно тешко да се земат 3 бода од тоа гостување.

п.с Се да им ебам на тие кинезите што не фрлија 30ина милки зимово за да се земе квалитетен играч од средниот ред па малку и да се растеретеа Бонавентура и Сусо во фазата на организација на нападите и со тоа да се задржеа шансите за 3то место кое што покрај вакви Рома и Наполи кои доста лесно се справуваат со малите екипи е тешко достапно за нас.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Стварно се обрука ама мислам дека не заслужува толкава критина и моментално е ова промашување на зицери, нема да му се повтори.

Дечкото гине на секоја утакмица, а и самиот Монтела кажа дека е инспирација за многу играчи со тој стил на игра па да стартува некоја утакмица не ми е проблем, останатите нека ги влага од клупа.

Бертолачи изненадува, негов беше пасот до Лападула за зицерот, ми се свиѓа како го користи Монтела само се надевам нема да има повеќе повреди.

Исто и Делофеу или некое друго крило нека носат шо побрзо зашо мора да се растерети Сусо кога тогаш, нема шанси со ова темпо да ја издржи целата сезона без да има огромен пад.

Пекол ќе биде со овие на гости ама мораме по 3 бода идеме, после следува Наполи дома, таму нема шо да се калкулира, мора да се иде на 3 бода.
 
P

PewDiePie

Гостин
De Sciglio's agents have reached an agreement with Juventus for June and the Turin club now need to find an agreement with Milan. [Mediaset]

Отиде новиот Малдини :pos:
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.673
Поени од реакции
2.725
Колку е различен односот на тимот оваа сезона од претходните неколку покажа односот првенствено на Кучка, па и на сите околу, вчера после голот за 1:1. Се однесуваа као да губеа 3:0, дадоа гол, ја собраа топката и одма тргнаа по втор. Минатите сезони со тој лузерскиот менталитет ова никад немаше да се деси. Ќе трчаа околу Курва Суд, можда и ќе заплачеа од среќа за изедначувачки гол, во следните 10 минути ќе примеа втор и ќе се изгубеа начисто.

Треба да се има предвид колку многу направи Монтела за тимот за една полусезона. Овој пристап кон утакмиците и односот на терен е негова заслуга. Знае да биде инает и упорен со некои доцни и лоши измени, ама од мене ја целосната почит како и денот кога потпиша. Не очекував ништо помалку од него. После лутање, Милан конечно најде тренер на кој може да му се верува и јас да сум нов кинески газда, освен околу Донарума и Ромањоли, новиот проект би го прадел и околу Монтела. Долг договор, доверба и давање поголема слобода во раководење со тимот, нешто во стил на менаџерите во Премиер лига.

Лападула е човекот од кого ќе купам следен дрес. Ѕвер. Не за џабе навивачите го засакаа толку брзо. Во Милан изминатиов период фалеше таква енергија и таков играч е увек потребен во тим. Ако е доживотно таков, нека добие доживотен договор во Милан, што е до мене. Ми се чини дека појше помага коа влага од клупа отколку кога е во први 11, ама тоа па му е дополнителен плус.
 
C

Castiel

Гостин
Каков лудак е овој Сусо секоја чест ! :vozbud::cuc:

Лападула да не му се погодеше да игра против идните второлигаши никад немаше гол да даде. Џабе му е и трчање и се кога се блокира во фазата на реализација против секоја екипа што е малку посериозна т.е. што поседува Серија А квалитет. Максимум треба да влага од клупа како на претходната со Каљари или па стартер исклучиво на овие куп натпревари, а во првенство мора Бака да игра од почеток. Факт е дека е заслужен за солиден број на бодови оваа сезона, но напаѓач на Милан не смее онакви циркузи да прави.

Инаку што се однесува до утакмицава искрено мислев дека нема ич да се замараат нашиве со оглед на тоа што за разлика од лани оваа година ждрепката ич не ни е погодена. Торино, Јувентус и после тоа ако поминеме мислам победникот од Фиорентина-Наполи...фали уште Реал Мадрид да ни се падне во купов. :confused: Ако ништо друго барем се надевам дека шанса ќе добијат и на утакмицата со Јуве овие што немаат минутажа како Гомез, Калабрија, Антонели, Соса, Бертолачи, Хонда. Долго е првенството па не би било лошо да имаме уште некој играч во каква-таква натпреварувачка форма на клупата. Позитивно од купов кога веќе излеговме со добар дел првотимци е тоа што очигледно Монтела сака да создаде еден победнички менталитет и тоа во секој случај е за поздрав. Сега уште да успеат во првенството на Торино да му земат 3 бода и на коњ сме, а со оглед на тоа што на таа утакмица сигурно ќе стартуваат Ромањоли, Локатели и Бака не гледам зошто не би победиле иако ќе биде пеколно тешко да се земат 3 бода од тоа гостување.

п.с Се да им ебам на тие кинезите што не фрлија 30ина милки зимово за да се земе квалитетен играч од средниот ред па малку и да се растеретеа Бонавентура и Сусо во фазата на организација на нападите и со тоа да се задржеа шансите за 3то место кое што покрај вакви Рома и Наполи кои доста лесно се справуваат со малите екипи е тешко достапно за нас.
За Лападула грешиш и тоа многу. Човек дава таква енергија во тимот што е страшно. Трча 90 минути покрива секаде. Голема работа што утнал тоа. Башка не го утна на празен гол. Огромна разлика прави на терен. Башка и не доби нешто многу топки за да ги покаше реализаторските пособности. Ете предходниот натпревар Бака стартуваше ама да не беше пожртвуваноста и борбеноста на Лападула немаше гол да даде. А го немаше дадено долго веме. Добро е да ги ротира и двајцата а и голема желба ми е да почне и натпревар со двајцата како старти. Мислам дека има огромен потенцијал во нивното партнерство. Моментално нема играч што повеќе дава и се труди за Милан од Лападула. Ако сите даваат 100% од себе он дава 150% до толку е енергичен и мислам дека ќе е клучен за идниот успех на Милан. Преку ноќ им стана омилен играч на сите има и зашто.
 
Искрено друже мене не ми смета ни најмалку Лападула, напротив сум за тоа да остане во тимот и да помага од клупа затоа што така е најефикасен, но малку ми пречи тоа што се преувеличува како играч без некоја посериозна основа за такво нешто. Еве конкретно во твојов пост пробуваш без врска да му најдеш оправдување за промашениот зицер....точно дека не беше празен голот ама кога веќе го помина Харт зарем некој дефанзивец што застана на гол линија е проблем да се спроведе топката во гол широк 7м ? Кога таа шанса би ја пропуштил Нианг или Соса да речеме тогаш со глава гарантирам дека никој немаше да се обиде да му бара оправдувања. :) Малку и на нас ни пораснаа апетитите па сега сакаме секој играч да прави разлика на терен (што е и нормално за фанови на Милан), но малку ми е без врска да се форсираат муабети за трчање, трудење, мотивација итн. како да сме Кротоне па на играчите им е тешко да се мотивираат против послаби противцници. Ќе направам малку глупава споредба ама ако квалитетите на еден играч се мерат според неговото трчање и мотивација на терен тогаш Мунтари и Де Јонг ќе требаше уште да се играчи на Милан. Немам намера Лападула да го споредам со овие затоа што за пола сезона направи 3 пати повеќе него ли двајцава за неколку години, но мислам дека сфаќаш што ми е поентата. Инаку кога станува збор за Лападула треба да се земе во предвид и фактот дека до вчера играше во Серија Б па сигурно и не му е лесно наеднаш да се привикне на поквалитетни противници.
 
Очигледно им треба таква мотивација пошто баш против тие слаби противници изминативе сезони изгубивме огромен број на бодови. Воопшто не се преувеличува Лападула. Никој не го направи светска класа шпиц. Таман си е за почеток.Точно е дека е голот 7 метри ама па и аголот беше лош. Не е некое оправдување ама сепак. Да точно е дека за Соса и Нианг немаше да се оправдуваат ама разликата од Соса и Нианг е што овој прави стварно разлика на терен. Баш го глеав Соса вчера и Нианг претходно. Ретко кога ќе изгубат толка се борат да ја освојат пак или се трудат да потрчаат малку. За разлика од нив Лападула го прави тоа. Ја шртвува и својата игра за доброто на тимот. Тоа е разлика. Ти викам треба еден натпревар со Бака и Лападула да почне. Мислам дека добро се надополнуваат со своите квалитети на терен.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Не може да почне со нив двајца заедно затоа што ќе нема алтернатива од клупа, самиот Монтела го потенцираше ова.
 
C

Castiel

Гостин
Еден натпревар може да проба. Куртоне може замена да биде за еден натпревар, башка и Нианг може да покрие на шпиц. Не реков дека ќе игра него желба ми е тоа да го видам.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Куртоне бе :pos::pos::pos:

Кутроне е младичот ама рано му е за да добие минути со сериозни екипи.

Ти се исполни желбата со Каљари :Д
 
Kajgana Shop

На врв Bottom