Фан клуб: ЖРК Вардар

Член од
24 мај 2014
Мислења
172
Поени од реакции
121
Глупаво е да се обвинува Индира кога и минатата година освоивме трето место со Индира со комплетен нов состав.
Недостасуваат Хмирова, Пино и недостасуваат утакмици за вооигрување тоа е факт и нема што повеќе да се коментира страшен капацитет имаат ама очајно ни требаат утакмици за воигрување...

Радичевич :tapp::facepalm: Дембеле потфрли денеска... Алтаус слабо Ихнева нешто играше ама ептен ко збунета да беше :D Пенезич, Лазович добри Лекич на ниво и мора да се пофали СУСЛИНА:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc: 29 одбрани кошмар:pos:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
тоа е во ред, но еве какви наслови си излегоа по пресот
сите пренесоа погрешно имаше само апел да се оди и дека ќе има донации за Турчин. Има и на влез касичка за донација. Ако им дале карти по 50 денари тоа е фер, можат барем против Будуќност да посетат поголем дел, барем за Турчин :)
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
265
Поени од реакции
152
Prvo mora da se podigni nivito na koncentracija voigrata vo napad zs imame po 8 do 10 cisti ziceri promaseni bez razlika dali se udari od sest metri od krila ili penali toa mora da se koregira po hitno bidejki toa se 8 do 10 lesni i cisti golovi
Vtoro imame mnogu zagubeni topki i napadibez vrska sto sakam da kazam, namesto dodavane do slobodniot igrac se odi eden na eden se pravi greska i tuka se gubat 90% od topkite i
Treto treba da prestanem da go godime golmanot zs polovina do natprevarot go godime golmanot i dve do tri rakometarki im fali malce fizick podgotovka
megutoa ima vreme da se popravat rabotie do glavnata faza i F4 samo so mnogu rabota i se ke si dojde na svoe mesto
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Реално многу аматерски играат девојкиве.Ако играта не се поправи драстично годинава Ф4 само на сон може да играат.Среќа е што гостиве имаа само 1 замена од клупа и заморот ги изеде инаку не им бегаше втор пораз во вториот дуел на Вардарки.Најмногу од се треба да загрижува фактот што на мускули извадија победа против една екипа која што на гости дојде без клупа и што од Скопје си заминува со пораз само заради тоа што Суслина имаше 29 одбрани (реално пола од тие шутеви едвај стигнаа до нејзе заради тоа што гостинкиве немаа сила асално да шутнат).

п.с Примивме 21 гол,Суслина одбрани 29 топки + некој удар што заврши непрецизно и ете ти бројка од 53-60 шутеви на гол на Вардар во период од 60 минути. :facepalm:
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Реално за разлика од лани,сега сите не сфаќаат сериозно и прочитани сме ко селски буквар.Да се слагам дека ни фалат Пино Хмирова и Лејно.ама еве кажите ми реално што е сменето од лани до сега у поглед на играта?ништо.И лани сите чекаа од Лекиќ,она ако потегне и ако ги повлече ок,ако не пиши пропало.Јока си е у љубовен занес,Дембеле у лоша форма Николиќ за у пензија,Алтхаус на овја два меча не покажа ништо,и плус повредиве ни дојдоа ко капак:facepalm:.Ја сум да и се даде шанса уште малку на Инди,ипак греота е таква легенда да се брка,иако реално освен мотивациони говори,од типот ајмо девојке идемо,и остало,друго не гледам.Ќа мора да се работи ако сакаме да бидеме дел од Ф4,тоа е повеќе од јасно.
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Ракометни лекции од Херберт ;)
Какви егзибиции прави со играчиве на нетипични нивни позиции секоја чест за него :cuc::cuc:
Да ја имаше Барбоса од лани и кај нас Ина да не се разбранеше богами ќе гледавме неизвесност докрај.
Почнавме добро и во одбрана и во напад.Ете како може Клики да игра во напад само требало да се прилагоди на играта, и фали само висина и ќе беше топ играч но од друга страна она има осет и знае да прими топка во трк и да влезе во зона од 6 метри.
Потоа се повреди Бего, наместо неа влезе нормално Алтхаус и отиде возот.
Алтхаус е тип на играч како Столе наш.Добра е во напад прави огромен простор за бековите, ама во одбрана е дупе :D
Крилата дадоа по некој гол но одбрна ептен слабо.
Ина првата утакмица со Подгорица се загреваше дури да запали тоа Руската машина ладно знаеш како е :D стари добра партија денес :cuc:
Се гледа сега колку фали една Пино во одбрана или Хмирова во напад која лани увелико се критикуваше :unsure:
Подравка го претрпе и вториот пораз сосема очекувано.Се надевам за некоја недела и третиот па и четвртиот во низа :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќе ја избркаат Кастратовиќ ради збирштина од аматерски свињи кои се дојдени да се забавуваат. Кастратовиќ мила ако читаш расчисти со пола тим и викни деца. Деца да трчаат и да се докажуваат, како оние од Будучност ова ти е се збирштина од уфилмани дами. И Лекиќ сама ќе си замине од тимов никој што вреди не би сакал да игра во ваков очај. Не ги правдај биле под притисок, од каков притисок бе жено нели гледаш дека немаат никаква желба за победа се е ради реда :facepalm:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Ќе ја избркаат Кастратовиќ ради збирштина од аматерски свињи кои се дојдени да се забавуваат. Кастратовиќ мила ако читаш расчисти со пола тим и викни деца. Деца да трчаат и да се докажуваат, како оние од Будучност ова ти е се збирштина од уфилмани дами. И Лекиќ сама ќе си замине од тимов никој што вреди не би сакал да игра во ваков очај. Не ги правдај биле под притисок, од каков притисок бе жено нели гледаш дека немаат никаква желба за победа се е ради реда :facepalm:
Индира згреши што прво полувреме ја пушташе Кликовац во напад, кај е таа за во напад, нема висина, типичен дефанзивец. Премногу ни фали играч како Ѓокиќ, убаво спомнаа погоре, ИНТЕЛИГЕНТЕН пред се. Ѓокиќ беше 160 сантима ама мозок и пол бре човек, знаеше и да се намести и фаул да изнуди и да блокира и гол да даде. Вчера знаеш колку контри имавме? 0. Уствари една кога голот беше празен и Черноиваненко место да им подаде на Леки и Пенезиќ трча напред како неарна.
Десетки имаат Лекиќ и Суслина која беше бледа на почетокот после искуството си го направи своето. Пенезиќ кажав, преталентирана е, најмал простор наоѓа но ептен мутава на моменти. Али со Лазовиќ се супер засилувања воглавно, Јанезкава ладна е, тоа ми се допаѓа, дава гол, не слави, одма трча назад.
Е проблемот се Дембеле и Јованка. Јованка пет пати прими топка, зела ко Леброн ги кружи, ги дрибла, бре девојко кревај се на шут. Зебиќ една од најпотценетите, испадна среќа ја имавме на клупа вчера. Дембеле и направи кариера на Краузе, сите шутеви во неа. Черноиваненко освен контрата другото солидно, претвори во гол.
Сега и Бегоња ако настрада тешко нас за во одбрана. Се вадиме на тоа што на Лекиќ и одат по три и се отвора простор, нека одат манекенкиве други нека и палат свеќи зошто без неа ЛШ ни на сон не гледаат.

Индира ти земај број од Ања Андерсен, викај ја подхитно за асистент, ќе видиш како ќе трчаат како коњи. Нема кај неа сакам вака сакам онака.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.834
Поени од реакции
8.222
Изјавата на Инди;"Девојки беа под голем грч". Каков грч, какви бакрачи! Ти доаѓа тим кој однапред подигнал бело знаме, со само една замена во поле. Значи, буквално речиси сите играчи им играа цел натпревар без замена и тоа и во напад и во одбрана. А вас како фаворити, на домашен терен, со замени на сите позиции, со една гарнитура за напад, а друга за одбрана, требаше голманот да ве вади со 29 одбрани и едвај со судни маки успеавте да победите. Срамота да се кажете дека сте професионални ракометарки! Што мислите, како ќе си поминете кога Турингер ќе ви биде домаќин? Нема ли да загубите со повеќе од 5 разлика?
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Многу реален и објективен текст

http://makrakomet.com/?p=640

Од 1996-та, паралелно со почетокот на успесите на женската ракометна репрезентација и Кометал Ѓорче Петров, станав ракометен фан. И повеќе од тоа. Натпреварите на овие две екипи во Кале беа вистински празник за мене. И не ми пречеше тоа што требаше да се оди на натпревар 3 часа пред почетокот на мечот, да се седи во сала во која нема тоалет, не можеш да се напиеш вода, ништо. Уживањето во настапите на ракометарките и прекрасната атмосфера, која според мое лично убедување нема да се повтори никогаш, беа се што ни беше потребно. И тврдам дека и покрај несомнениот квалитет што ги имаа ракометарките, да не беше атмосферата во салата, Кометал ЃП немаше да стане европски првак, ниту пак ќе играше 3 финалиња.

Со згаснувањето на Кометал ЃП, и почна падот на квалитетот на женскиот ракомет и растот на машкиот, па сега одевме на мечевите на Металург и Вардар. Сепак женскиот ракомет остана прва љубов.
И затоа создавањето на ЖРК Вардар микнатата сезона ме израдува до бесвест. И си купивме сезонски билети од 600 денари во блоковите веднаш позади делегатската маса. И радоста беше уште поголема кога таму, сосем случајно повторно ги видов истите луѓе кои ги запознав на мечевите на Кометал пред повеќе од 10 години. Истовремено, бев разочаран од слабата посета на натпреварите. Но добро, тие што го сакаат и познаваат ракометот, пред се женскиот ракомет, доаѓаа на натпреварите. И како одминуваше сезоната поддршката од трибините растеше. Ракометарките стигнаа то 3-то место и во новата сезона најавија пласман во големото финале.

И сега доаѓаме до главната причина на текстов. Салата на мечот со Турингер беше празна. И за тоа не е виновен никој друг освен Управата на ЖРК Вардар (или кој и да е одговорен за картите) која од самиот почеток прави грешки. Првите две грешки се однесуваа на сезонските билети.

1. Високата цена, која беше иста ЖРК и РК Вардар и покрај минатогодишното искуство со посетата на утакмиците на женскиот клуб
2. Убавите седишта не беа пуштени за продажба и вистинските фанови на клубот, оние кои минатат сезона не пропуштија натпревар, сега не можеа да купат карти по желба.

И нормално, продажбата на сезонски билети доживеа фијаско. Но тоа како да не им беше доволно на луѓето во клубот кои се занимаваат со продажба на карти, па билетите по натпревар продолжија да се продаваат по 350 денари. И на секој, ама апсолутно секој во Скопје и државава, му беше јасно дека салата нема да се наполни. Не само што нема да се наполни, туку и ако стигне до 1/3, ќе биде добро.

И тоа се случи. Вчера видовме, 1000-1500 луѓе во салата.

И ќе повторам уште еднаш – за оваа слаба посетеност не се виновни ракометните фанови. Виновна е управата која немаше никаков сенс при дефинирањето на цената. Како шлаг на лошите потези, организираат прес на кој ги молат Комитите (и тука целосно се разочарав од клубот) да доаѓаат на нивните натпревари. Зошто побогу? Потрошивте цела сезона молејќи ги и не дојдоа. Зошто повторно? Ај што сите знаевме дека нема да дојдат, што и се случи, туку што се понижија себе си и не понижија сите нас, кои го сакаме и го поддржуваме клубот.

Но, не е се изгубено. Управата треба да ја признае својата грешка, и веќе од наредниот меч да направи промена на цените на билетите. Две едноставни мерки, и салата ќе биде сигурно исполнета барем 70% од својот капацитет. А тоа се:

1. Еден билет од 350 денари да важи за двајца
2. Сезонските билети на тие што ги купија да им важат и за во наредната фаза на натпреварувања.

Само така, колку толку може да ја спасите сезоната. И треба да се реагира веднаш, бидејќи револтот кај ракометните фанови е голем.

Затоа, апелирам до управата на ЖРК Вардар. Бидете големи, извинете се за грешката и преземете ги потребните чекори за да ја вратите публиката на трибините. Ракометарките ја заслужуваат нашата поддршка. Видовме и дека им е потребна нашата поддршка. Управата нека го направи своето, за да можеме ние, навивачите и ракометарките, да го направиме нашето.
#СоСрцеЗаВардар
 
C

Castiel

Гостин

Па со комитите кое им е објасното по 1000 пати зашто комитите како навивачка група нема никогаш да дојдат организирано да навиваат за ЖРК вардар...и пак цело време во уста им се комитите...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Индира згреши што прво полувреме ја пушташе Кликовац во напад, кај е таа за во напад, нема висина, типичен дефанзивец. Премногу ни фали играч како Ѓокиќ, убаво спомнаа погоре, ИНТЕЛИГЕНТЕН пред се. Ѓокиќ беше 160 сантима ама мозок и пол бре човек, знаеше и да се намести и фаул да изнуди и да блокира и гол да даде. Вчера знаеш колку контри имавме? 0. Уствари една кога голот беше празен и Черноиваненко место да им подаде на Леки и Пенезиќ трча напред како неарна.
Десетки имаат Лекиќ и Суслина која беше бледа на почетокот после искуството си го направи своето. Пенезиќ кажав, преталентирана е, најмал простор наоѓа но ептен мутава на моменти. Али со Лазовиќ се супер засилувања воглавно, Јанезкава ладна е, тоа ми се допаѓа, дава гол, не слави, одма трча назад.
Е проблемот се Дембеле и Јованка. Јованка пет пати прими топка, зела ко Леброн ги кружи, ги дрибла, бре девојко кревај се на шут. Зебиќ една од најпотценетите, испадна среќа ја имавме на клупа вчера. Дембеле и направи кариера на Краузе, сите шутеви во неа. Черноиваненко освен контрата другото солидно, претвори во гол.
Сега и Бегоња ако настрада тешко нас за во одбрана. Се вадиме на тоа што на Лекиќ и одат по три и се отвора простор, нека одат манекенкиве други нека и палат свеќи зошто без неа ЛШ ни на сон не гледаат.

Индира ти земај број од Ања Андерсен, викај ја подхитно за асистент, ќе видиш како ќе трчаат како коњи. Нема кај неа сакам вака сакам онака.

Се е тоа бледило, тешко бледило од ракометарки. Буквално чим ни една неможам да речам добра е се е под просек на квалитет. Освен Лекиќ која очигледно пак сака да се продаде добро, на другите или не им е во план да продолжат да играат или мислат дека доволно играат. Јас лани ти зборев за Ѓокич дека е најдобра. И оваа година гледаме дека фали. Онаа шпанката јас незнам како и се смета за некое засилување, па таа човече може да игра се освен пикер. За пикер треба ум, сила и вештина. Она од овие три ствари има само коса.

Јас сум убедена дека сезонава ќе биде потоп. И како круна наместо овие неспособниве ракометарки да летаат ќе лета Индира. Може и стварно е крива оти има таков карактер и стварно мислам дека Ања би била добро да дојде за асистент. Иако за вакви јас би го земала популарниот русин Евгени Трефилов па добро да ги изнатепа и на терен да ги влече како говеда. Само таков профил за вакви.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom