- Член од
- 7 јуни 2011
- Мислења
- 4.183
- Поени од реакции
- 3.153
Апелираме до секој Македонец којшто си го сака градот Тетово, да го прочита ова, па и да се изјасни со негов личен осврт и коментар на ситуацијата.
Во оваа наша реакција како општествено одговорна Фејсбук-страница посветена на Тетово, а во врска со продавањето на двата градски стадиони, ќе бидеме подолги и без влакна на јазикот.
Имено, вчера, со одлука на Советот на општина Тетово, двата градски стадиони (стариот и новиот) се дадени под концесија на фирмата „Еколог“. Практично, тоа значи дека тие се приватизираат, и дека градот Тетово де факто останува без стадион кој исполнува услови за Првата и Втората лига.
Што тоа значи?
Тоа значи дека двата македонски клуба од Тетово - ФК Љуботен и ФК Тетекс, доколку во иднина бидат во можност да играат во Првата и Втората лига тука во Тетово, ќе немаат каде.
Односно, ќе бидат оставени на милост и немилост на „Еколог“, и како такви би морале да ѝ плаќаат кирија на оваа фирма за да ги користат двата стадиони. Секако, доколку „Еколог“ и ФК Шкендија воопшто го дозволат тоа. ФК Ренова веќе си гради свој стадион во Џепчиште.
Во контекст на реакцијава, да се навратиме историски на двата градски стадиони.
- Стариот стадион е всушност во сопственост исклучиво на ФК Љуботен, бил изграден во 1938 на приватно земјиште во сопственост на тогашниот претседател на клубот - Никче (Нико) Гогов, кој веднаш го запишува самиот клуб како сопственик на стадионот. Изградбата на стадионот се финансирала од средства од членовите на Управниот одбор на ФК Љуботен (дел од нив дури и ги заложиле сопствените имоти за тоа!), како и со средства од видни тетовчани во тоа време. Сѐ до 1945, сопственик е ФК Љуботен и стадионот бил познат како „Стадион на Љуботен“. Веднаш после Војната, новите социјалистички власти, откако почнува процесот на национализација на некои од имотите, ја одземаат сопственоста од клубот, и истата ја препишуваат на државата, која без никаков надомест му го отстапува стадионот на користење на ФК Љуботен, но овој пат под името „Градски стадион“. Неколку години подоцна, откако се формирал, и ФК Тетекс, (тогашен „Текстилец“) добива право да игра на тогаш единствениот Градски стадион во Тетово. Годините поминуваат, сопственоста останува на државата и после независноста. Со Законот за денационализација од 2010 година, државата требаше и мораше да му го врати стадионот на ФК Љуботен, но власта не виде профит и интерес од тоа. Затоа ѝ го додели Стариот градски стадион на општина Тетово, не водејќи грижа за македонскиот клуб ФК Љуботен и Македонците во Тетово.
- Новиот градски стадион е граден во 1980, во социјалистичкиот систем. Го гради државниот комбинат „Тетекс“ како тогашен сопственик на ФК Тетекс. Изградбата на стадионот, со околу 10% учество ја помогнал и комбинатот „Југохром“, а помагале и останатите тетовски државни претпријатија. Со заеднички сили, целта била Тетово да добие нов модерен градски стадион, а ФК Тетекс, како работнички клуб, нов дом. Сопственоста на Новиот градски стадион, од самиот старт е на државата, исто како и комбинатите кои го граделе, а ФК Тетекс станува негов „домаќин“. Работите околу сопственичката структура стануваат матни со приватизацијата на комбинатот „Тетекс“. Нејасно е, дали и колку простории од стадионот откупува приватизираната фабрика „Тетекс“, и дали и на колку имотни листови како сопственик се јавува клубот. Но според јавните податоци од Агенцијата за катастар на недвижности од ден 19.07.2016, државата сѐ уште се води како сопственик на парцелата на стадионот, запишана под КП бр. 11476. Но, како и во случајот со Стариот градски стадион, така и со Новиот, пред некоја година централните власти го отстапуваат управувањето и стопанисувањето со стадионот на општина Тетово. А како општина која е водена од албанска партија, не беше изненадување тоа што на истата не ѝ е грижа за македонските клубови (и тоа не само за фудбалските).
Симптоматично е што вчера на седницата на Советот на општина Тетово на која се одлучувало за судбината на тетовските стадиони, според медиумите, присуствувал само еден советник од Македонците. Не присуствувале советниците од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Не присуствувал ниту советникот од ВМРО-НП, а бил присутен само советникот од опозиционата СДСМ, кој според медиумите, посочил на имотно-правните спорови, и во гласањето бил воздржан.
Веруваме дека со заедничко дејствување на сите советници-Македонци, а не нивно отсуство и молчење, можеби ова доделување на стадионите на „Еколог“, би било поинаку формулирано и изведено, за во иднина и македонските клубови непречено да можат да ги користат стадионите. Не дека централната власт претходно не можела да го реши поинаку, но очигледно ги заборавила македонските клубови.
А помеѓу тетовчани, останува горчината за индолентноста на сегашните генерации локални македонски моќници кои не вложуваат во спортот, чест на исклучоци.
Затоа и гордоста на старите тетовчани - ФК Љуботен, врзува крај со крај.
Затоа и гордоста на тетовската работничка класа и на помладите генерации - ФК Тетекс, стана скопски клуб.
Патриотизмот не се мери со зборови, туку со дела.
Примерите на „Ренова“ и „Еколог“ најдобро ни покажаа како се сака својата нација. За жал, ние Македонците не го почувствувавме тоа на своја кожа.
Милиони ќе бидат вложени во новиот стадион. Но, утописки е да веруваме дека Љазим Дестани и „Еколог“ го прават ова за Тетово и за сите клубови во Тетово, а не само за ФК Шкендија.
Останува чувството дека македонските клубови, дури и да им се укаже прилика, сепак нема да имаат бенефит од инвестицијата во градот.
Град, кој веќе нема стадион. Тие се веќе приватни. Најпрвин присвоени од македонските клубови од страна на државата, неодамна предадени на албанската локална власт од страна на централната. И конечно, „продадени“ на инвеститори - Албанци.
Никче Гогов, седмиот претседател на ФК Љуботен, се превртува во гроб. Илјадниците љуботенџии низ годините, сега се превртуваат во гроб. Илјадниците вработени во „Тетекс“, но и во „Југохром“ и други претпријатија, кои делеле од својата плата за Новиот стадион, сега се превртуваат во гроб.
Ние живите, воздивнуваме.
Македонско Тетово, во немилост на еден куп Албанци и Македонци-непатриоти во власта, како и во бизнис-круговите, повторно извиси.
Izvor Srce za Tetoo od fb !!!