Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез се најде на тапет кај шпанската јавност која го обвини дека големата фунцкија во „кралскиот клуб“ ја користи за лични интереси и ништо повеќе.
Флорентино Перез не е само претседател на Реал Мадрид, туку и главен човек на бројни градежни компанија, како што самиот тој сака да каже, кои се најдобрите на светот. Станува збор за групацијата АЦС во која моментално работат 200 илјади работници и која има годишен обрт од десет милијарди евра. АЦС е светски познат бренд кој гради облакодери, автопатишта, брани…
Перез со години е критикуван од шпанската јавност, одредени тамошни медиуми го обвинуваат дека е поврзан со двата најголеми корупциски скандали во таа зема, случаите „Гуртел“ и „Барценас“, ни никогаш ништо не е докажано. Перез неколку пати негираше дека тој или неговата компанија на било кој начин ги подмитувала локалните политичари при конкурсите за изградба на јавната инфраструткура.
Перез стои „рамо до рамо“ со премиерот на Шпанија
Флорентино е милијардер, неговата богатство се проценува на од два до четири милијарди евра, зависно од изворите. Некои шпански медиуми тврдат дека богатството му е зголемено за неколку пати откако седнал во претседателската фотелја на најгобатиот клуб на светот. Нема сомнежи дека претседателската фотелја на Реал енормно влијае на социјалниот статус и зголемувањето на влијанието врз општеството.
Во Шпанија велат дека претседателот на Реал според моќта и влијанието е „рамо до рамо“ до премиерот на државата како и дека ширум му се отворени сите врати. Критичарите го обвинуваат Перез дека местото претседател му послужило за ширење на бизнисот низ цела Шпанија, Европа и светот, како и дека во таа смисла купува фудбалери за да добива тендери во некои земји!
Зошто се купени Родригез и Навас?
Влијателниот шпански вебсајт, „елплурал“, шпекулира дека токму тоа е една од причината поради која беа купени Колумбиецот Џејмс Родригез и Костариканецот Кејлор Навас. Несомнено е дека станува збор за одлични фудбалери, но она што е нејасно е дали му се неопходни на Реал бидејќи на нивните позиции има неколку одлични фудбалери.
Можеби во сето тоа не е баш незначајно тоа што компанијата на Перез се натпреварува за некои големи тендери во Колумбија и Костарика! Шпанскиот портал тврди дека Перез со овие трансфери ќе има дополнителни аргументи во преговорите со претседателите на двете земји и „елплурал“ тврди дека за ваквите тврдења има потврда од некои акционери на градежниот гигант.
Перез го врати Реал на врвот на Европа и светот
Споменатиот медиум истакнува дека воопшто не е случајно тоа што Перез веќе подолг период „го брка“ Радамел Фалкао и тоа што своевремено во Реал стигнаа Нури Сахин и Месут Озил, во моментите кога Перез го ширеше бизнисот во Турција, а каде овие двајца фудбалери се крајно популарни. Слични мотиви Перез, наводно, имал и кога на клупата на Реал го ангажираше Мануел Пелегрини. Наводно во тој период договорал некои големи бизнис зделки во Чиле.
Сомнителен е и трансферот на Асиер Илараменди кој минатото лето пристигна на „Бернабеу“ од Реал Сосиедад за повеќе од 30 милиони евра. Случајно или не, тендерот за реконструкција на „Аноета“, стадионот во Сан Себастијан, го доби токму компанијата на Перез.
Тешко е да се каже дека сето ова е вистина, но постои некоја интересна коинциденција. Меѓутоа, фактот е дека Перез го врати Реал на врвот на Европа и светот, и дека под неговото раководство повторно стана највредниот спортски клуб на светот, со најголеми приходи. Критичарите за овој аргумент ќе пронајдат пртиводговор со констатацијата дека Реал сѐ уште има големи долгови и дека со години има легална помош од државите и банките.
Продажба на земјиштето и излез од кризата
Веќе во легендите влезе контроверзната пренамена на земјиштето на спортскиот центар на Реал, кое стана градежна зона и беше продадена за стотина милиони евра. Реал во таа трансакција заработи 500 милиони евра со коишто излезе од големите финансиски проблеми во кои падна пред крајот на 90-тите години. Во целата приказна се вмешани најголемите мадридски политичари, а случајот го истражува Европската комисија.
Перез со години тврди дека сѐ било извршено во рамките на законот и дека не постојат никакви нејаснотии, бидејќи целото земјиште било продадено преку гласање во мадридскиот парламент. Припадниците на Социјалистичката партија (ПСОЕ) беа против, а членовите на Народната партија (Партидо Популар) гласаа за. Секако дека околу секојдневно постојат меѓусебни обвинувања, и дека ден денес траат, но Европската комисија нема пронајдено никакви нерегуларности, барем досега.
http://sportmedia.mk/zhestoki-obvinenija-do-perez-real-kupuva-igrachi-za-da-dobiva-gradezhni-tenderi/