Фан Клуб: РК Пролет

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.565
Поени од реакции
1.558
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.macedonianfootball.com
rkproletdi4.png

РК Пролет е еден од најстарите ракометни клубови во Македонија кој доаѓа од скопската населба Пролет од каде што е и името на клубот. Порано во оваа населба постоела сала во која и настапувал клубот, но веќе неколку децении таа не постои и во изминатите години клубот менуваше неколку сали, за денес да игра како домаќин во салата Расадник во Кисела Вода.

Во сеќавање на постарите генерации остануваат дерби натпреварите Пролет - Југ, кои биле вистински празник за двете соседни населби Пролет и Мичурин. Пред неколку години и двете екипи беа дел од првата лига и тогаш за жал беше и последниот пат кога се одигра едно од најстарите дербија во ракометот кај нас, бидејќи РК Југ повеќе не постои. Тогаш Пролет испадна од лига, веќе следната сезона експресно се вртаи но поради инаетот на управата одби да игра во првата лига. Имено, имаа некои недоразбирања со претседателот на РФМ, тогаш Трифун Костовски. Две-три сезони по ред Пролет беше убедливо прв во втората лига, но инаетот не попушташе, за конечно пред две години управата конечно да попушти и денес Пролет да го гледаме онаму каде што му е местото, во најсилната мак лига.

Главен спонзор на тимот е Тинекс. Тимот оваа сезона е главно составен од млади играчи, некои од нив и младински репрезентативци на македонија.

http://macedoniahandball.com/modules.php?name=League&file=index&op=team&tid=44&sid=16&lid=1
 
само да те поправам... Во населбата Пролет никогаш немало сала, освен ако не ја рачунаш фискултурната сала во ОУ 11 Октомври, која сепак е премала за играње ракомет и во неа никогаш не се играле официјални натпревари. РК Пролет своите натпревари до пред 2 ипол децении ги играше на отвореното игралиште со трибини кое што веќе не постои, а се наоѓаше спроти денешната пајак служба, односно помеѓу денешен салон Симона и сервисот за перење на коли. До сервисот за перење има продавничка, а до продавничката е кафанчето Пролет. Оваа кафана порано беше соблекувална за тимовите кои играа на игралиштето.
 
Здраво, нешто да ве прашам?
Имате вие деца што тренираат т.е КАДЕТИ, за да играт во кадетска лига, бидејки ние(Струмица) имаме и сега незнаеме кога започнува оваа лига бидејки нешто немале екипи па да ве прашам дали имате КАДЕТИ и дали сте информирани за оваа лига?
 
Пролет има младински категории, барем до пред некоја година имаше. незнам сеа ама би требало да има, бидејќи на тимот добро му оди. како и да е, за такви лига неам слушнато.
 
Абе се ОК ама додека не се направат некој промени во управата и овој клуб ќе падне и тоа мнооооооогуу
 
составот на Пролет за натпреварите од Челинџ Купот:

http://europeancup.eurohandball.com/chc/men/2009-10/clubs/14335/H.C.+"Tineks+Prolet"+Skopje

натпреварите ќе се играат во Црна Гора:

9 Октомври: Беране (МНЕ) - Пролет (МКД)
10 Октомври: Пролет (МКД) - Чику Андебул (ПОР)
11 Октомври: Пролет (МКД) - Олимпиа (ЕНГ)
 
9 Октомври: Беране (МНЕ) - Пролет (МКД) 29:22
10 Октомври: Пролет (МКД) - Чику Андебул (ПОР)
11 Октомври: Пролет (МКД) - Олимпиа (ЕНГ)
 
Тинекс Пролет ја оствари најголемата победа во историјата на Макеонскиот машки ракомет во европските купови. Англиската Олимпија е совладана со 61:20!!! Сепак ни ова не му било доволно на Пролет да отиде понатаму:pipi:
 
Како бе ? :vozbud: :pop:
 
Да бидам искрен од секогаш сум мислел дека РК Пролет-Тинекс е нов клуб (формиран пред 3-4 години) ама сеа кога го читам се во ова сватив некои работи..... браво браво секоја чест :aplauz:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom