Harry Potter
Imperius
- Член од
- 14 септември 2005
- Мислења
- 2.535
- Поени од реакции
- 1.519
РК Пролет е еден од најстарите ракометни клубови во Македонија кој доаѓа од скопската населба Пролет од каде што е и името на клубот. Порано во оваа населба постоела сала во која и настапувал клубот, но веќе неколку децении таа не постои и во изминатите години клубот менуваше неколку сали, за денес да игра како домаќин во салата Расадник во Кисела Вода.
Во сеќавање на постарите генерации остануваат дерби натпреварите Пролет - Југ, кои биле вистински празник за двете соседни населби Пролет и Мичурин. Пред неколку години и двете екипи беа дел од првата лига и тогаш за жал беше и последниот пат кога се одигра едно од најстарите дербија во ракометот кај нас, бидејќи РК Југ повеќе не постои. Тогаш Пролет испадна од лига, веќе следната сезона експресно се вртаи но поради инаетот на управата одби да игра во првата лига. Имено, имаа некои недоразбирања со претседателот на РФМ, тогаш Трифун Костовски. Две-три сезони по ред Пролет беше убедливо прв во втората лига, но инаетот не попушташе, за конечно пред две години управата конечно да попушти и денес Пролет да го гледаме онаму каде што му е местото, во најсилната мак лига.
Главен спонзор на тимот е Тинекс. Тимот оваа сезона е главно составен од млади играчи, некои од нив и младински репрезентативци на македонија.
http://macedoniahandball.com/modules.php?name=League&file=index&op=team&tid=44&sid=16&lid=1