Победа-Младост Царев Двор 1-0(0-0)
Денес напладне на теренот со вештачка трева прилепскиот второлигаш Победа го одигра првиот контролен натпревар во подготвителниот период. Во дуелот со прволигашот Младост Царев Двор остварена е победа со резултат 1-0 со голот на младиот Марјан Митрески во 80--тата минута од натпреварот. Во првата проверка на формата тренерот Дарко Крстески им даде шанса на 22ца фудбалери, а единствено не настапија повредените: Шаркоски, Димитриоски и младиот голман Котевски, како и недоволно опоравениот Мирчески. Во двете полувремиња настапија различни постави со цел да се проверат сите расположиви сили со подеднаква минутажа. Победа беше подобар противник а останаа неискористени шансите на Здравески, Гешоски и Карчески, а гостите се заканија преку Лазиќ.
ПОБЕДА:Манчевски, Талески, Крстески, Колески, Ристевски, Дунимаглоски, Наумоски, В.Петрески, Лавуровски, Здравески и Тодороски. Во вторите 45 минути играа:Јованоски, Богоески, Велјаноски, Котески, Никололоски, Мегленски, Х.Петрески, Иваноски, Карчески, Митрески и Гешоски.
Следната контрола Победа ќе ја има во недела на 31 јануари од 14,30 часот во Охрид со српскиот прволигаш Младост Лучани.