Да бидеме реални екипава моментално нема ни мадиња да спроведе физичка игра ака Стоук против Челзи, посебно не одбраната. Лесни бодови ќе бидат за Челзи, мада се надевам дека грешам.
Единствено Фалкао во прв тим и со добар ден за него имаме шанси за некое бодче, пошто од влечкарот Перси не очекувам ништо повеќе од бесконечни пасови, губење топки и при секоја пропуштена шанса дување на носот. Притоа Ди Марија да игра, а Мата и Јанузај во никој случај. И Шо исто би го оставил на клупа пошто е дупка во дефанзива и уште не е свесен изгледа дека игра за Јунајтед, само незнам дали Блекет е фит да игра.
Јас би одел со следниов состав:
--------------------------Де Геа---------------------------------
Рафаел-----Смолинг-----Рохо(Блекет)----Шо(Рохо)
---------------------------Блинд---------------------------------
--------------Ерера-------------------Ди Марија--------------
--------------------------Фелаини-------------------------------
----------------Дупка---------------Фалкао--------------------
Јанузај нека оди нека гледа касети од Гигс и цедиња од Роналдо кај што играат на негови години, Мата кај така е дрво мислам дека Мурињо тотално ќе го затвори и ќе проба да ги искористи неговите слабости во одбрана ако игра, така да подобро Фелаини да лакта и да скока при прекини. А Џонс тотално ме разочарува во меѓувреме, и воопшто не е она што очекував да биде посебно сега пошто се смета како еден од првите двајца најдобри стопери во тимот. Нека му вградат некој крампон повеќе во копачките пошто многу често се слизнува. За Рафаел што да се каже незнам, кога Битнер заспа и заборави да излезе за офсајд замка најверојатно си стави печат на крајот на неговата кариера во Јунајтед, а некни истото му се случи на Рафаел... Само тоа е кога нема подобри јебига. Подобро нека земат Јанко, МекНер и Блекет да ги форсираат може ќе испадне нешто добро од сето тоа, пошто неверувам одбрана составена од нив да прими повеќе од 2 гола против ВБА.