Е прошлата недела ми се контравте кога пишав дека ако против Сотон одвај зимаме бодови, нема никогаш да земеме против големите тимови.
Гледајте за што ви зборев. Ни дојде појак тим како Арсенал и ни фукна 3 гола за 20 минути.
Арсенал е пример за еден од јаките тимови.
Да се земе во предвид и фактот што Арсенал игра исто така бледо сезонава и неможеа на крај да излезат со еден посран Динамо Загреб и Олимпијакос.
Ова требаше да биде реално доста рамноправно со оглед на силите.
Од овој пола саат што гледам, не надиграа 100%.
Затоа немојте да ми кажувате уште еднаш дека одбраната ни е сјајна.и дека имаме добра композиција на играта.
Во 20 минути не решија како мали деца.
И пак таа смотана игра ја играме. Кружи околу шеснаесетник, врати ја топката до Де Геа. Овој ќе ја рогне, ние ќе набациме у противнички шеснаесетник, ќе добиеме корнер, ќе ја подадеме од корнер и ќе ја изгубиме топката.
Руни повторно разочарувачки, Мата губи топки, Депај и Марсијал скоро целосно затворени.
Прочитана книга сме...