Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
16 јули 2007
Мислења
12.496
Поени од реакции
4.058
Мислам дека се стиши бурата, и редно е да му се извиниш на Вуди наш. :D
Не знам дали ме читаш редовно, но напишав неколку пати дека симнувам капа и дека ми исполнија 90% од желбите :D Да купеа и стопер, ќе беше 100% вака 85-90% :D Го купија нај универзалниот играч во цел свет, Анхел. Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Фалкао. Блинд, Рохо, Ерера, Шо супер.

А уште поголем плус е што ги избркаа сите идиоти, т.е не баш сите но и нив ќе ги избркаат. Посебна почит спрема Флечер има, иначе и тој треба да си оди. Клеверли, Велбек конечно некој да им покаже дека не се за Јунајтед, деца на Јунајтед биле, ма какви деца бе врска немаат. Здравје следното лето, не знам во зима колку ќе се во можност. Јанг, Андерсон, Флечер, Валенсија да си одат, да се донесе 1-2 јаки крила, плус еден стопер и си имаме тим за 5-6 години, а секое лето ќе си го појачуваме со по 1 транфсер.

А да виновни се Ван Гал и Вудвадр што чекаа толку време, и сега имаме само 5 бода од 4 кола. Да реагираа малце побргу ќе имавме сега дупло повеќе бодови, но тоа е :)
 
Член од
28 октомври 2007
Мислења
767
Поени од реакции
256
мораше така затоа што одма ќе беше на удар на новинарите и на јавноста во Англија, а и сам изјави дека сака на сите да им даде шанса да го убедат дека имаат квалитет да играат во Јунајтед. Минатата сезона не беше мерило за квалитетот на играчите, ама па се виде и дека некои не заслужуваат да го носат овој дрес.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
А да виновни се Ван Гал и Вудвадр што чекаа толку време, и сега имаме само 5 бода од 4 кола. Да реагираа малце побргу ќе имавме сега дупло повеќе бодови, но тоа е :)
Не. Екстра вака шо испадна. Ако ги победеа првите кола, немаше ништо да се земи и после цела сезона ќе се мачевме, а вака, подобро шо се деси ништо да не напраат, да му се отворат очите на стариот шут карта на пола тим да му даде.
Пола од вас тука свршуваа на Јанг во предсезонската турнеја :D
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.486
Поени од реакции
20.459
Не. Екстра вака шо испадна. Ако ги победеа првите кола, немаше ништо да се земи и после цела сезона ќе се мачевме, а вака, подобро шо се деси ништо да не напраат, да му се отворат очите на стариот шут карта на пола тим да му даде.
Пола од вас тука свршуваа на Јанг во предсезонската турнеја :D
јангггггггг :
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.457
Поени од реакции
42.744
Ван Гал направи некои работи што Мојс мораше да ги направи ако сакаше успех. Иако реално мора да признаеме дека малце повеќе му се поклопија коцките од Дејвид. Правам муабет за трансферите, заебете ја играта и глупиот пристап на избраниот. Еве чист пример Ди Марија. Да не правам муабет за тоа каков играч е, ама сигурно не беше на посакуваната листа за летово. Едноставно побара да си оди, се укажа прилика на ван Гал и го донесе. Да немаше несогласувања со Перез и ван Гал немаше да може да донесе играч како него. Можеби и лани да се случеше истото Мојс ќе го грабнеше Ангеле. :) Друго, го сакаше Фабрегас. Пушти 2-3 понуди за него. Овој остана во Барса, демек среќен мреќен не знам што, за ова лето да замине. :D Да му текнеше едно лето порано да се враќа во Англија и тој ќе беше наш играч. За Фалако, само што направи трансфер во Монако, па и за него немаше шанса. :) Херера и Шо најверојатно се и трансфери на Мојс, посебно првиот. Ама ете лани и Вудвард беше малце понеискусен па му ја заеба работата. Правам муабет за трансферите кои се случуваа летово, дека реално ни се поклопија коцките за некои работи за разлика од лани кога Мојс во некои случаеви испадна дека немал среќа. :P

Од друга страна Мојс изигра и неинтелигентно, бидејќи го имаше Стортман во рака а го испушти. За на крај да го донесе Фелаини, за 10тина милиони повеќе. Запна и за Бејл, а се знаеше дека чим Реал е уклучен во трката Леви ќе го бутне во Шпанија. Можеше да бара некое друго квалитетно крило. Фабрегас му беше топ идеја, ама ете лани беше "среќен во Барса".

После лошото лето сезоната тргна катастрофално, Мојс почна да се губи, почна да води инат, да се расправа со играчите. Го избрка Видиќ од тимот, се испокарал со Рио и Робин...и едноставно се отиде у курац. :) Сепак, бар за Мата и Јанузај може да му бидеме благодарни. :D
 
E

Epsilon

Гостин
@ManUtdChampions

Не заслужува благодарност. Имаше цело лето и не успеа да земе ниту еден играч каков што ни треба, ништо не ни преостануваше освен да се надеваме дека Фелаини ќе успее.

Зарем има нешто полошо од тоа шампионски тим да не успее да се пласира во ЛШ наредната година, па ниту во ЛЕ? :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.457
Поени од реакции
42.744
@ManUtdChampions

Не заслужува благодарност. Имаше цело лето и не успеа да земе ниту еден играч каков што ни треба, ништо не ни преостануваше освен да се надеваме дека Фелаини ќе успее.

Зарем има нешто полошо од тоа шампионски тим да не успее да се пласира во ЛШ наредната година, па ниту во ЛЕ? :D
Абе викам тоа најдолното настрана. :D

Иначе не го бранам да не се разбереме погрешно. Јас бев меѓу првите против него, само правам маубет за трансферите дека летово имавме мала доза на среќа за некои играчи споредено со ланскиот трасфер период.. :P
 
E

Epsilon

Гостин
Абе викам тоа најдолното настрана. :D

Иначе не го бранам да не се разбереме погрешно. Јас бев меѓу првите против него, само правам маубет за трансферите дека летово имавме мала доза на среќа за некои играчи споредено со ланскиот трасфер период.. :P
Јас повеќе би рекол дека не искористи некои зицери (Стротман) како што ги искористи ван Гал ( Ди Мариа и Фалкао). :)
 

eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.141
Мене ме израдува на прошлава утакмица што сите имаа болз и шутираа од најразлични позиции. Ја нема глупана тактика "да влеземе со топка во гол". А кога кој стигне шутира од кај стигне, противникот не го спасуваат автобуси пред гол, него мора да трча и покрива. Претходната сезона имаше мечеви кои можеа комотно со една камера да се покријат, од што камерманот не мораше да ја мрда. Вчера, мораа да даваат од повеќе агли за да се види убаво движењето на топката. И Блинд ... од кога не сме виделе таков шут од магарињана што дремеа у среден ред претходно?
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.656
Поени од реакции
9.239
@ManUtdChampions

Не е како што викаш...И Мојс го имаше истиот кеш како ЛВГ сега, а имаше и тоа што некои играчи би дошле и за помалку ради фактот што бевме актуелни шампиони и игравме во ЛШ. Во секој трансфер период има играчи со ситуација како Ди Мариа сега. ЛВГ кажа јасно дека би довел играч чии карактеристики би се совпаднале со неговата филозофија, а проблемот е што Мојс немаше таква филозофија и во период кога ни требаше диктатор на темпо по средината во период кога имаше доста опции на такви играчи тој се запна по Фабрегас, Модрич и Швајни, за на крај таква позиција да покрива Фелаини. Мата не беше решение на проблемот и не беше толку неопходен ако сме реални во Јануари и дојде ради ситуација каква што беше Ди Мариа сега. Сигурно да не се случеше тоа што му се случи на Мата во Челзи немаше да биде дел од Јунајтед сега, како што е случајот со Ди Марија годинава. Мата играше крило за илустрација под Мојс што значи дека беше доведен колку да се доведи играч од негов калибар, а не да се искористи како што треба (како сега, како 10ка) Проблемот е што Мојс имаше доволно време цело лето да види што профил играч му фали, ние знаевме што фали ама тој не. Имавме редици бледи настапи на турнеата лани каде можеше да се воочи тоа и доволно време да се донесат играчи и во летен и во зимски преоден рок.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Член од
30 јануари 2009
Мислења
462
Поени од реакции
382
Манчестер Јунајтед не ја загуби својата „душа“!

Колумна за трансфер периодот и „експертите“ составени од новинари или противнички фанови кои викаат дека клубот е променет целосно и повеќе младите играчи не добиваат шанса.
текстов како да е пишуван од исфрустриран третоодделенец
 

Kajgana Shop

На врв Bottom