Не можеш да речеш дека е чат пат прекршување, прекршувањето е константно од утакмица до утакмица и тоа на бројки на навивачи што не се мали. За фукнционирање да функционира ама да се каже дека во целосно се скротени англиските навивачи е тотално погрешно. И денес има инциденти на стадионите во Англија и пред да започнат утакмиците и по нивниот завршеток, но нормално фокусот не е насочен кон тоа се со цел да се прикаже демек англискиот модел за справување со навивачи фукнционира одлично.
Има закон? Има. Има намалување во споредба со тоа што било порано? Има. Незнам зошто уште упорно дискутираш на темата, факт е дека они си го решиле проблемот на за нав најдобар начин.
Чат пат е, затоа што од 40тина утакмици во Премер и Чампионшип лигата имаш 2-3 клуба каде ова е регуларан појава овие 3 години. Ако пратиш што се случува на островот ќе знаеш дека во 2009та - 20 години откако законот беше донесен беше постигнат договор меѓу полицијата и ФА, ФА да преземе во голема мера како ќе се регулира односот на стадионите. ФА потоа тоа го препушти поединечно на клубовите. Кристал Палас ти е главен предводник на група од 3-4 клуба што сака да се врати стоење на стадионите во Англија па форсираат малку повише. На гостувања углавно жени, деца и фамилии седат пред нивните стоечки навивачи па сега ти види дали тоа е она што би се случувало на балканот и дали би можело да функционира пред запад да наредиш фамилии ко што е таму.
За тоа дека има инциденти пред и после утакмици таму хм, си бил ли ти уопште на утакмица таму или само од ТВ и тоа што си прочитал збориш? Дали знаеш ти што се случуваше во Англија во 80тите а на што е сведено сега? Јас последен пат на дерби бев пред неколку години во чампионшип меѓу Вест Хам и Лидс. Тоа ти е едно од најкрвничките навивачки дербиња на островот. Значи во такви ситуации полицијата ко во МК им диктира на клубовите што и како. За почеток имаше забрана за луѓе што никад не биле предходно на домашна утакмица на Вест Хам да можат уопште да купат карта. Ова беше објавено во весници и секој беше проверуван, идентификуван дали е на клубскиот софтвер. Карти можеа да се купат он лајн со тоа што меѓудругото ти бараа и сканирана копија од пасош/возачка за да можеш да се пријавиш на нивниот сајт за нарачки. При подигнување на картата се проверуваа информациите, значи ми бараа пасош и гледаа во системот дали информациите се точни. Кај нас кога проба да се имплементира 2% од ова имавме штрајкови пред борис. Таму тоа е НОРМАЛНО, и се прави. Второ карта на главна трибина ти е од 50 до 200 фунти. Значи се прават многу пари па клубовите имаат и да платат адекватно обезбедување и да развијат софтвер, и да инсталираат камери на секој чекор... Кај нас дебатираме дали да наплаќаме 50 или 100 денари и тоа парите би иделе за групата не за клубот. Да не се лажеме за нас е научна фантастика да спроведеме таков систем. Трето вечерта пред утакмица се монтираа бариери ко кај нас за протести до двете најблиски тјуб станици. Значи збориме километри бариери и на секој 30 метра џандар (кој клубот го плаќа) пред и после утакмица. Кај нас види како е само спроведувањето на чкембоси од железничка до стадион, или еве ние кога идеме на гостување... Значи нема споредба, а нема зашто некој тоа треба да го плати, во Англија тоа го прават клубовите а кај нас очекуваме тоа да го направи државата. Факт е дека кај фудбалот не е толку профитабилен за да имаме вакви трошоци.
Дали англискиот модел функционинра? Хм пак ќе ти кажам спореди сега со што било. Јасно ми е дека има други модели и дека за МКД може некој друг да е и подобар АМА дебатата е за балканска лига каде ние би биле најмал проблем. Хрватска, Србија, Босна се друга приказна.[DOUBLEPOST=1425429303][/DOUBLEPOST]
Да,да сигурно е донесен да разбие маса собрана на Бит Пазар, зошто поминала инспекција или треба ѕид да им градат... За џабе правеа вежби на Градски и глумеа лудило како се справуваат со навивачи, хулигани, идиоти како сакаш наречи ги... Мене барем повеќе ми е филинг да "дивеам" во Турново отколку да се чаталам во маало пред другарите и овде на Кајгана дека сум бил во Тетово на Шкендија - Вардар ќутенката цела утакмица и создавање лажна слика дека Господ за муда е фатен.
Премногу е
темава да не ја трујам, целиов твој муабет ми е "Сакам во кафана, ама да има техно музика"
Дечко навивањето не почнало ни со тебе ни со мене. Да те потсетам дека постоиме за Вардар кој постоел 40 години пред Комити да се формираат а не обратно. Незнам колку год си и дали си бил наокулу кога беа поголемите инциденти во БТ во 90тите или со Силекс на градски единствениот пат кога биле употребени гумени куршуми врз навивачи во државата.... Сега во споредба со тие времина и нема некој инциденти не дека и тоа тогаш беше бог знае што. Реално ние сме најдобра НГ во тиња навивачка сцена и глупаво е да се чукаш во гради и изигрваш некој голем ултрас кога прашање е дали еднаш во живот си дошол у ситуација да ја браниш навивачката чест на клубот против друга мак НГ (значи не збориме за блиски средби до џандари). Законот ако мислиш дека е направен за нас тогаш е тотално губење време зашто ниедна МАК група не е способна да се справи со едноставна ЗАБРАНА за гостувања. Да сме 3-4000 маса и да тргнеме па ако не застанат на патарина да нема враќање него да идеме директ на нив ко што е случај во полска или русија па да те сфатам и да речам да ок, ова специјално за нас е ама ние сме далеку од тоа. Ако беше за нас ќе ни го спакуваа лани/преклани во законот за навивачи. Ова сега е пред се за да се извадат ако Т----н тужи, да можат да кажат ете законски имаме право да користиме шок бомби и не е прекумерна сила и да ако утре има некој поголеми пред се политички протести или љочките пак решат да прават срања низ град. Навивачите (било која група) моментално не се способни да организираат некое поголемо срање за да има потреба повеќе од специјалците да интервенираат ко што правеле до сега.
Незнам за тебе ама јас кога идам во кафана сакам и да јадам/пијам, сакам да имам маса, газдата да има платено струја и се што треба а не да се тресам дали музиката ќе има каде да ги уклучи инструментите. Сакам да има добра музика ама не поштувам кога некој од свирачите ми ја фали...[DOUBLEPOST=1425439552][/DOUBLEPOST]
Абе Балканска лига си е ризична работа, и тие што имаа желба за истото го знаа тоа. Не се заебавајте, од таква балканска лига може да се случат многу поголеми работи.
Не е проблемот у тоа дали полицијата ќе може да ги исконтролира навивачите или не. Да има ривалство меѓу групите не е страшно, али у таа балканска лига све ќе се сведе на национализам. Страшни последици може да има од ширење дополнителен национализам низ Балканов, така да не очекујте таква лига зошто нема да биде одобрена од никого.
До негде се сложуем со Кано, дека на балканов уште живеат многу примитивни луѓе без грам култура. Тоа е факт.
Веќе ги имаме АБА и СЕХА така да прашање на време е пред да имаме и фудбалска лига. Клубовите веќе сите сакаат, порано тоа не беше случајот ама сега се за. Федерациите исто, останува УЕФА која секако нема да даде одобрување мада не ни ни треба ако не бараме места во европа преку лигата (што реално нема никад да ги добиме).
Останува како да се реши проблемот со навивачите - безбедно да може да се одиграат утакмиците. Национализам секако ќе има и има и сега така да тоа нема никогаш да се елиминира. Потребно е само да се сведи ризикот на минимум и да се направи добар договор и систем кој би бил почитуван од сите. За почеток ако треба нека биде без гостински навивачи или нека биде контролирано на друг начин ако има адекватен модел за тоа. Не гледам што е страшно во тоа ако добиеме квалитетна лига во која може клубот да напредува, да одржува форма на повисоко ниво и притоа да има повеќе публика/пари/спонзори. Клубот треба да е пред се, пред мене, тебе, комити, едноставно пред се. Тука јас гледам придобивки во секој поглед дури и навивачки. Групата би била лимитирана да не се појавува на 10-12 гостувања, пак би имало гостувања низ МКД плус да се надеваме на повеќе утакмици низ европа. Со оглед на моменталната финансиска ситуација во групата ние и не сме во можност да се расшетуваме низ балканот (реално ни порано не сме биле, во екс ју сме имале по 3-4 поголеми гостувања годишно макс, се друго е мит) така да не гледам зошто скокате. Реално во таква лига на еден или друг начин би имале повеќе контакт со поголеми навивачки групи и би имало натпревар да ги стигнеме, ќе се трудиме повеќе да се подобриме, нешто што нас ни фали моментално. Сега сме група без дирекција зашто немаме некоја конкуренција на домашната сцена а во странсво сме едвај 1-2 кола од кој ако сме среќни ќе одработиме едно асално гостување.