Не се мешам вака во туѓи дискусии ама спортски е да се признае дека и на Виљареал не им свирнаа чист пенал. Судијава беше катастрофа на утакмицата генерално оштетувајќи ги и двете екипи.Не изиграа ништо посебно но и вака беа подобри од Виљареал. Да беа малце по присебни ќе тепаа. А и слабо со среќата сезонава, пречката на Меси да влезеше таман ќе имаше време за пресврт, пеналот не го ни спомињам кој што беше чист како суза, кој знае што ќе се случуваше до крајот ако беше досуден.
Затоа и пишав, кој знае што ќе се случуваше ако го дувнеше пеналот за Барса, можеби немаше ни да дојде до тој на Виљареал....
Не се мешам вака во туѓи дискусии ама спортски е да се признае дека и на Виљареал не им свирнаа чист пенал. Судијава беше катастрофа на утакмицата генерално оштетувајќи ги и двете екипи.
Се согласувам целосно, само би додал дека треба и десен бек, Роберто е добар за со послабите екипи, ама во вакви утакмици се гледаат неговите слабости. И класа стопер дефинитивно.Проблемот во тимот ни е што се се чека на триото напред.Секој гол што го даваат или е индивидуален потег на некој од МСН или е акција проиграна меѓу овие тројца.Средината ни е слаба.Иван падна од форма многу,Гомеш и Денис С. просечни,Иниеста за годините добар ама и тој на моменти многу ја тупи и не е како што треба.Не памтам колку време нема асистенција од некој играч од средината и ако има ептен ретко се случува.Тоа ни е главниот проблем.Ниеден играч од средината со кои располагаме не може да биде организатор во играта како на пример што е Модрич во Реал.Друга работа,претходниве години со Енрике бевме доста добри во контрите,а годинава и тоа ни е слаба страна зошто нема кој да повлече контра освен Иниеста.Мое мислење е дека мора да се донесе класа играч во средината,организатор добар и да се разгледува кој ќе го наследи Енрике.Никогаш не сум бил против него ама му замина неговото и нема да имаме некои поголеми успеси доколку остане тој.