Фан Клуб: Барселона

Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392
Не го гледав целиот меч и незнам што се случувало.. го гледав само првото полувреме каде што не бевме толку доминантни, но сепак успеавме да постигнеме гол,али како што гледам во вториот дел сме одиграле одлично и за само 30-35 мин сме постигнале дури 5 гола, како и да е овој меч не треба ништо да значи, иако може да се каже дека полека влегуваме во форма, баш и кога е најпотребно и кога следуваат мечевите од ЛШ,се надевам дека и во купот ќе одиграме ваков меч и ќе обезбедиме пласман во 1/2 финалето.
 
P

pepito*

Гостин
Кога играат Меси и Нејмар поблиску еден до друг чуда се случуваат. Лучо мора да најди начин да ги искомбинира МСН на најдобар начин, а то е ваљда со Меси како десетка позади Суарез и Нејмар на крило.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
991
Поени од реакции
944
Билдаме самодоверба...добро е полека излегуваме од кризата, којзнае на крај можеби и ќе имаме успешна сезона покрај се...
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Меси како само го храни Нејмар, како на златен послужавник. Велиме дека немал којзнае каква сезона Меси а веќе постигна над 20 гола само во примера.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
После Меси и Нејмар, најдобар фудбалер оваа сезона според мене е Браво !
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
35 наполни Чави. Еден од најдобрите играчи во среден ред. Никогаш нема да имаме такви прецизни компјутерски пасови. Генијалец.

Браво е одлична инвестиција и супер потег да биде голман во Ла Лига. Неговото искуство одбрани доста клучни шутеви кон гол кои можеше да бидат кобни оваа сезона.
Дајте му време на Суарез, му треба време. Не само да се адаптира на играта, туку нека ви текне дека и психички се бореше да се врати после тоа што се случи. Ќе блесне и он. Ќе имаме многу јако напаѓачко трио.
Ме радува тоа што Пике се врати. Сега и одбраната е посигурна. Само фали уште Ракитич да се поврзе добро со средниот ред и нападот и ќе бидеме уште поопасни.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.215
Поени од реакции
7.275
Стоук го бараат Сандро на позајмица. (y)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Нов спортски директор Ariedo Braida?
Страшно добар потег е ликов со големо искуство во фудбалот.
Ariedo Braida "When I went to Kiev to buy Sheva, I took a Milan jersey with his name on it. I said, with this you will win the Ballon d'or"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom