Фан Клуб: Балкан

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Преземено од Дамјан Спасовски
ПРВИОТ РЕГИСТРИРАН ФУДБАЛСКИ КЛУБ ВО СКОПЈЕ „Балкан“

Првите почетоци на фудбалскиот клуб „Балкан“ датираат уште по завршувањето на Првата светска војна во 1919 година. Имено, кај една група чаирски младинци фасцинирани од фудбалската топка и игра се појавила идејата за формирање на свој маалски клуб. По низа договори и подготовки на 3 февруари 1921 година во Трпчевата меана се одржало првото официјално основачко собрание на фудбалкскиот клуб „Балкан“ од Чаир. На ова собрание била формирана и првата управа на клубот во состав: Цветан Миџо, Димче Поп Ацев, Брис Пљапља, Ангеле Свињарев, Петре Тасев, Ордан Николов, Благоја Димчевски-Мешле, Јанакија Пуплев, Блажо Урошов, Ѓоре Свињарев, Никола Смилев, Борис Таќе, Ѓоре Чортан. За претседател на клубот бил избран Ѓоре Чортан, а за подпретседател Блажо Урошов. На самиот почеток додека условите не биле соодветни за одржување на состаноци и простории за пресоблекување на фудбалерите, било решено сето тоа да се одвива во Трпчевата меана, на големо задоволство на Трпче Бошковски. Неколку дена по основачкото собрание била создадена и првата легендарна екипа на фудбалскиот клуб „Балкан“ составена од млади вљубеници на фудбалската игра. За изградба на игралиште било решено местото Јурија при почетокот на големиот стар чаирски парк. Тука здружени старите и млади чаирчани, зимото 1921 год. го исчистиле сметот и го подготвиле теренот за изградба на игралиште. Набргу потоа Никола Пупи отстапил една соба од својата куќа, приспособувајќи ја за соблекувачна. Овој негов потег покажува колкава била љубовта на овие сиромашни, но богати со спорстки дух млади чаирчани. Инаку спортскиот дух во Чаир меѓу двете светски војни бил развиен. Како активни соколани (гимнастичари се истакнале Димче Нушев и Трајко Шуплев. Трајко Шуплев пред својата куќа имал вратило каде младите ги запознавале првите чекори во гимнастичкиот спорт. Упрвата на ФК „Балкан“ прво пред себе си поставила задача да ја подготви и собере целата документација потребна за регистрирање на клубот во тогашното кралство Југославија. На 29 мај 1921 год. По целосно приложена документација во Белград, ФК „Балкан“ од Чаир бил регистриран како прв фудбалски клуб од Скопје ... За најбрзо десно крило не само во ФК „Балкан“ туку и во Скопје се сметал Томе Николовски - Мако, а за најдобар техничар од тоа време се сметал Лазо николовски - Кривавилицата. Првата топка со која почнале да играаат играчите на ФК „Балкан“ бил кожна и била земена од француските војници кои се наоѓале во Чаир во текот на Првата Светска Војна. До 1927 год. ФК „Балкан“ воглавно играл против тогашните скопски фудбалски клубови: „Експеранс“, „Југ“, „Спорт“, „Победа“. Во 1927 год. од повеќе скопски новоформирани клубови бил формиран „скопскиот лоптачки сојуз на вардарска бановина“. Поради зголемениот квалитет на фудбалот и блискоста со Саук чешма се припоиле двата чаирски клуба ФК „Балкан“ и ФК „Витез“. Нивното спојување било постепено и траело по низа на преговори од 1927 година до 1937 година. Тогаш ФК „Балкан“ играл и со други реномирани и многу појаки фудбалски екипи од Скопје како ФК „Вардар“ од Топаана (во кој играле голем број српски офицери и подофицери), ФК „Граѓански“, ФК „Југ“ и други. Најголем успех ФК „Балкан“ го постигнал во 1937 година во рамките на вториот разред на Скопскиот подсојуз го освоил првото место со извојувани 12 победи од исто толку натпревари. Во овој сојуз втор бил ФК „Рапид“ со 17 бода, трета била ФК „Олимпија“ со 16,4 бода. па по неа следувале ФК „Слога“ со 12,5 бода, ФК „Мачва“ со 6 бода, ФК „Графичар“ со 5 бода и Црна Гора со 4 бода како последна. Победоносната екипа ФК „Балкан“ со во таа 1937 година ја сочинувале : Андреја Зафиров-Мусот, Трајко Гаврилов- Томажот(голман), Орде Марковски, Миле Стојков, Андреја Црнашија, Славе Георгиев, Лазе Николовски-Кривавилицата, и Славе Пицан. Во следната фудбалска сезона 1937/38 година ФК „Балкан“ покажал уште повеќе од својата фудбалска надмоќ над другите клубови во својата група со дотогаш невидена гол разлика, 55:9. Екипата која го постигнала овој зачудувачки и триумфален успех имала и од кого да учи, од најдобрата скопска екипа фудбалери на првата фудбалска постава на ФК „Балкан“ од 1921 година. Секој од овие млади фудбалери сакал да биде брз како еден Томе Мако и добар техничар како Лазо Кривавилицата. Желбата да се надминат своите учители и фудбалски идоли од првата екипа на ФК „Балкан“ ги мотивирала овие млади чаирчани на ваков сензационален успех.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Татко ми е фанатик за Балкан, ден денес уште ми зборува за многу утакмици, моменти што никогаш нема да ги заборави, утакмица не пропуштал дури и кога играле во некое село каде што те чекаат со вили и копачи... :D Колку му се исполнува душата кога ќе види некој од старите играчи.. :) Во гаражата си чува урамена слика од клубот.. :D Фатив и јас од Балкан, редовно ме носеше за викенд на Вардар и Балкан, штета што пропадна Балкан...Штета и за целиот мак-фудбал што е тиња...Кога би се вратило времето за едно 30 години, најмногу би се радувал заради фудбалот, криво ми е што не сум живеел во тоа време :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
само да може да се повтори таа слика, тоа недолно попладне во 60-80 години кога Вардар играше,
дома, а тек да беше со таа „велика четворка“ само да може да видиш,ама ај само замисли,сите патишта водат кон стадион, на плоштад од сабајле народ на муабет,ова ќе биде -она, се спремат мажите за тој ден,нема тој ден друга работа се знае фудбал ИГРА ВАРДАР, и нема место за сите на трибините, на Кале,на Француски гробишта исто така се фаќа место на време, на високите дрва околу стадион,посебно на оние во автокампот на Феротурист исто така е заватена секоја гранка на која може да се стој-седи.И оние од Кисела вода се спрегнале во колона и оние од Топаана и така од сите скопски маала.А кога ќе дадеше Вардар гол е тоа да може сал да го чуеш,ечеше до Катланово и Волково,сите голуби полетуваа од тој екот.
Па како се навиваше Вардар-Вардар-Вардар...
И која бутканица било за влез посебно исток и запад,копчиња да собираш со лопата после утакмица.
--------
Зошто сега нема таков фудбал и такви утакмици и навивачи.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.638
Поени од реакции
81.594
Мислам дека постоеше Балкан до пред 12-13 години, другар мој тренираше таму, во младинските категории. Ама знаете како е кај нас со фудбалот, немање средства, немање играчи, нередовни гостувања кај другите екипи, и се распадна клубот. Сега сите деца фудбалери од Чаир одат во Слога, порано имаа резервна опција и во ФК Балкан...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Мислам дека постоеше Балкан до пред 12-13 години, другар мој тренираше таму, во младинските категории. Ама знаете како е кај нас со фудбалот, немање средства, немање играчи, нередовни гостувања кај другите екипи, и се распадна клубот. Сега сите деца фудбалери од Чаир одат во Слога, порано имаа резервна опција и во ФК Балкан...
Според евиденцијата која сум ја водел за трети лиги, Балкан последен пат играше во трета лига некаде во 2003/2004, а можеби и сезона порано или подоцна. После тоа се распаднаа, па се реоформија во општинската лига. Станаа Б-тим на Слога, бидејќи таму играа нивните младинци, некаде околу 2009 сигурно беа во општинска лига - Скопје, а веројатно и неколку сезони подоцна живуркаа во истата лига. Не постојат послениве 3-4 години, а може и повеќе
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403

-
вака чаирчани навиваа за Балкан...
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
Епа ајде да потпишеме петиција за враќање на ФК Балкан @комшијаТи ќе биде капитен почетен состав ќе бидеме форумџии а тренер ќе ни биде Anco ќе почнеме од најдолен ранг па еден ден и ние ќе бидеме Хофелхајм


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom