Може да преговара ама ако преговорите се успешни играчите би стигнале во јануарскиот преоден рок.
А ако тие играчи играле во тим кој игра во лига европа или во лига на шампиони, нема да имаат право да играат во баерн ама само за во лига на шампиони:smir:
Да,ама ти текнува на ситуацијата со Реал.Кога ги купија Ласана Диара и Хунтелар во зимскиот преоден рок,и двајцата имаа играно во Европа за своите тимови,и Реал мораше да избере еден што ќе може да игра во ЛШ,и го избраа Диара.Мислам дека УЕФА донесе правило пред некоја година,да во зимскиот преоден рок клубовите имаат право да изберат еден од играчите што ќе ги купат,да може да настапвуаат во ЛШ за новиот клуб,иако претходно играле за претходниот.Како еден вид на џокер.
Такада ако ова е вака,тогаш ќе можеме да купиме еден што веќе играл за својот клуб во Европа.
Инаку околу Игор Акинфеев,само напред!!!Има 23 години,ѕверка голман,ама кошта и доста пари.Сепак мислам дека еднакво добро решение е и Мануер Ноер,плус е германец!!!Цените им се тука негде,околу 20 милиони евра.
Околу Месут Озил,нема збор,дечкото ќе стане супер-ѕвезда,поточно веќе е станат,и неможе да ни биде зијан ако дојде кај нас.Сепак мислам дека приоритет ни е одбраната за зимскиот преоден рок.Но ќе видиме како ќе се покаже до тогаш.