Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

BONDEK

ТHE DEVIL
Член од
18 април 2006
Мислења
751
Поени од реакции
30
ќе оди во втора лига заедно со Лацио Милан и Фиорентина
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Синдикат, упатен сум во работите повеќе отколку што мислиш ти или отколку што ти изгледа на тебе. Уште колку пати треба да ти повторам дека во никој случај не сакам да ги ставам на исто рамниште срањата на Јуве и неправилностите на Милан. Мораш да ме сватиш дека единствено сакам да ти посочам дека принципот на одбрана на двата тима од обвинувањата (без разлика што обвинувањата врз Јуве се далеку пострашни и поголеми) е ИСТ! Го објаснив и погоре и да не се повторувам.

Значи единственото што сакам да го посочам е тоа дека или и двата клуба ќе бидат исчистени или осудени. Неспорно е тоа дека евентуалната (се поизвесната) казна за Јувентус ќе биде многу многу поголема од онаа на Милан и најверојатно Милан нема да се соочи ниту со одземање на бодови (веројатна е некоја парична казна).

И за крај, ме чуди што се обидуваш од неколку мои поста тука на форум да ми правиш некаква си психоанализа на мојата ментална состојба... Не знам од каде извлекуваш такви заклучоци дека јас себеси сакам да се убедувам во нешто и дека потсвесно бла бла бла... Единственото што во моментов го чувствувам е разочарување што 40-50 нечисти и нечесни луѓе од Италија измамија милиони фанови низ целиот свет. Разочаран сум што во центарот на целата фрка е тимот кој го сакам и за кој навивам уште откако знам за себе и за фудбалот.

Ако ме прашаат мене, идеално решение за целава ситуација ќе биде доколку секој поединец кој е макар 0,0001% вмешан во нечисти игри биде сместен зад решетки и секој тим (без разлика дали е Јуве, Фиорентина, Милан, Лацио или Удинезе) кој е вмешан да биде вратен во Серија Ц. Само така ќе им дојде памет на сите за во иднина и ќе гледаме чиста италијанска Серија А! Ако од целава ситуација наебат само поединците како Моџи, после неколку години повторно ќе се појави некој нов Моџи кој ќе манипулира....

Како човек сум оптимист и така е во оваа ситуација колку и да изгледа безнадежна за Јувентус. Нормално е дека сакам клубот да помине со што помали санкции.
 
Член од
16 мај 2006
Мислења
36
Поени од реакции
0
BONDEK напиша:
ќе оди во втора лига заедно со Лацио Милан и Фиорентина
така и ИНТЕР ке ги земе двете титули:je: :je: :je:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.689
Поени од реакции
4.824
toooooooooooooooo inter najposten klub :)
 

BONDEK

ТHE DEVIL
Член од
18 април 2006
Мислења
751
Поени од реакции
30
со кајари не можете да тепате па титула сакате тоа ти се вика срамота
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
И уште нешто. Често се спомнува финансискиот аспект на евентуалното деградирање на Јуве во Серија Б/Ц... но многу работи тука се сватени погрешно. Јуве нема да биде тој кој ќе загуби најмногу: просто е, фудбалерите ќе бидат продадени, спонзорските договори намалени, ќе се направи состав адекватен за тоа натпреварување и кога Јуве повторно ќе избори пласман во Серија А, тука се милијардите на Ањели.

Најмногу од една таква ситуација би изгубила државата Италија бидејќи со евентуално деградирање на Јувентус ќе се создаде дупка во буџетот. Државата зема 20% данок од сите парични суми вмешани во фудбалот. Ако Јуве добива 100 милиони евра од спонзори, 20 милиони завршуваат во буџетот и истото се случува со сите плати на фудбалери и целиот профит на клубот. Не велам дека Италија ќе пропадне ако се случи минус од 200-300 милиони евра во буџетот но сепак ќе биде најголемиот финансиски губитник.

Ова онака пред некој ден ја прочитав анализата па мислев ќе ви биде интересно да знаете...
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
Arivideci on Seria C1 A2 B3 y6 hahahah ...Derbi Peskara Juventus hahahha
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Зеко бате не знам зошто уште му објаснуваш на луѓево кои во оваа работа се против тебе и за секогаш ќе остане така. Не можеш никој да го натераш да го сака Јувентус кога тој длабоко во душата премногу го мрази тимот, а сега со ова уште повеќе мислат дека тимот нема квалитети и дека едноставно е пропадната инвестиција за добри играчи. Не е така како што изгледа не се само тие единствени кои треба да одат таму и да играат дерби со шо знам какви тимови. Се надевам дека Милан ќе биде тука да му прави друштво. А за Интер немам што да кажам добри играчи имаат изгледа дека сепак на крај сега ќе бидат најдобри (ако се лажиме) со две нови титули.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
zEk0 напиша:
Синдикат, упатен сум во работите повеќе отколку што мислиш ти или отколку што ти изгледа на тебе. Уште колку пати треба да ти повторам дека во никој случај не сакам да ги ставам на исто рамниште срањата на Јуве и неправилностите на Милан. Мораш да ме сватиш дека единствено сакам да ти посочам дека принципот на одбрана на двата тима од обвинувањата (без разлика што обвинувањата врз Јуве се далеку пострашни и поголеми) е ИСТ! Го објаснив и погоре и да не се повторувам.

Значи единственото што сакам да го посочам е тоа дека или и двата клуба ќе бидат исчистени или осудени. Неспорно е тоа дека евентуалната (се поизвесната) казна за Јувентус ќе биде многу многу поголема од онаа на Милан и најверојатно Милан нема да се соочи ниту со одземање на бодови (веројатна е некоја парична казна).

И за крај, ме чуди што се обидуваш од неколку мои поста тука на форум да ми правиш некаква си психоанализа на мојата ментална состојба... Не знам од каде извлекуваш такви заклучоци дека јас себеси сакам да се убедувам во нешто и дека потсвесно бла бла бла... Единственото што во моментов го чувствувам е разочарување што 40-50 нечисти и нечесни луѓе од Италија измамија милиони фанови низ целиот свет. Разочаран сум што во центарот на целата фрка е тимот кој го сакам и за кој навивам уште откако знам за себе и за фудбалот.

Ако ме прашаат мене, идеално решение за целава ситуација ќе биде доколку секој поединец кој е макар 0,0001% вмешан во нечисти игри биде сместен зад решетки и секој тим (без разлика дали е Јуве, Фиорентина, Милан, Лацио или Удинезе) кој е вмешан да биде вратен во Серија Ц. Само така ќе им дојде памет на сите за во иднина и ќе гледаме чиста италијанска Серија А! Ако од целава ситуација наебат само поединците како Моџи, после неколку години повторно ќе се појави некој нов Моџи кој ќе манипулира....

Како човек сум оптимист и така е во оваа ситуација колку и да изгледа безнадежна за Јувентус. Нормално е дека сакам клубот да помине со што помали санкции.
Ова е веќе друго. Не ти вршам психоанализа ги коментирам твоите постој. Јас незнам колку беше информиран, според овај пост би рекол дека си се информирал. :icon_lol:
 
Член од
17 мај 2006
Мислења
32
Поени од реакции
0
WE ARE THE CHAMPIONS

:kajg: So sreka ni e 29 titula pa dogodina so tri zvezdi.Im pustame sega malku da se raduvaat dur mislat deka ke ne pratat vo vtora liga
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
ЕКС-ДИРЕКТОР НА ЈУВЕ ТВРДИ ДЕКА Е ЖРТВА НА ЗАВЕРА

Моџи: Галијани ме намести

Лучијано Моџи, човекот во центарот на големиот скандал во калчото, го обвини потпретседателот на Милан, Адриано Галијани, дека му ја "наместил" оваа афера.

Во своето прво интервју откако изби аферата Моџи рече дека обвинувањата над него се "масло" на Галијани и поранешниот претседател на федерацијата Франко Караро.

"'Наместен' сум. С$ почна минатиот септември откако имав средба со Силвио Берлускони. Тој ми понуди да се преселам во Милан. Бев изненаден од понудата, но во исто време и почестен. Тогаш му кажав на Берлускони дека ќе размислам пред да му ја соопштам одлуката. Тоа се случуваше на стартот од сезоната и бев фокусиран на настапите на Јувентус. Очигледно дека Берлускони оваа своја идеја му ја соопштил и на Галијани. Потоа, две недели по средбата со Берлускони до федерацијата беа испратени снимени телефонски разговори меѓу мене и луѓе од федерацијата. С$ почна по таа несреќна средба со Берлускони", истакна Моџи.

Тој го обвини и Караро, екс-претседателот на федерацијата, кој набргу по објавувањето на скандалот поднесе оставка.

"Караро беше запознаен со ситуацијата. Сигурен сум дека првите информации кои се појавија во медиумите излегоа по негова заслуга", продолжи Моџи.

Поранешниот извршен директор на Јуве заедно со сите членови на бордот на директори поднесе оставка откако во јавноста се појавија снимените разговори во кои тој сугерирал кои судии да ја делат правдата на средбите на Јувентус. Поради оваа афера Јуве можно е да биде исфрлен од Серија "А" и да биде префрлен во пониските лиги.

"Јас не правев ништо ново. Ваков систем на работа функционира одамна. Вакви разговори меѓу клубовите и федерацијата се случуваат со години. Секогаш има некој што се жали и тоа сака да & го каже на федерацијата. Јас како и моите колеги од останатите клубови сакав на средбите на Јувентус да судат професионалци кои си ја знаат работата. Ништо повеќе немаше од тоа", заврши Моџи.
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Па отсекогаш се знае дека Берлускони е онај што ги буричка сите работи. Сега ќе се појават сите вистини кои се криеа од јавноста всушност ќе се докажат сите работи за она дека Јувентус мамел и дека треба да се исфрли од првата лига. Кој последен се смее најслатко се смее:je: :je:
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
abe luge sega ke odi li juventus vo vtora liga ili ne ?
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Не се знај уште, судот ко ќе донеси одлука тогаш ќе биди за сигурно.

А зборовите на Моџи се последни патетични крици на губитник кој се обидува со себе да ги повлече сите шо можи. Муабетот нема врска, фатен е на дело, разговорите не можи да бидат фалсификувани. Незнам само како со ова изјава ја докажува својата невиност, најверојатно никако. Со ова изјава сака да кажи дека Галиани бил уплашен за своето место во Милан (оти Берлускони имаше разговор со Моџи) па за да не му го презеде местото Моџи, тој го „накодошил“. Смешки, со ова само ја докажува својата беспомошност.
 
Член од
26 мај 2006
Мислења
158
Поени од реакции
0
Samo nadevjate se

Juventus ce gi gledame vo vtora liga slednata sezona pa da se nadevame deka pak ce se vratat ili ce si ostanat zasekogas.A da zaboraviv Milan naskoro ce gi stigne so tituli pa mozda i ce gi pomine pa ce ima tri zvezdi.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom