Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Courses и другите сервиси не се на суперкомпјутерот. Има посебни сервери за нив.
Courses е бесплатен софтвер, цената на courses е само во неговото одржување.
За префрлување на податоците на cloud најдобро е да збориш со некој од систем администраторите, финки не е само courses,code и уште неколку други сервиси што се пристапуваат од студентите, има многу повеќе во позадина.
Како тоа courses е бесплатен софтвер? Инаку сакав да направам споредба со било кој систем од факултет кој располага со целата датабаза на студенти, сосема небитно е дали е courses, code или сл.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Како тоа courses е бесплатен софтвер? Инаку сакав да направам споредба со било кој систем од факултет кој располага со целата датабаза на студенти, сосема небитно е дали е courses, code или сл.
courses е Moodle.
Код:
https://moodle.org/
 
Член од
17 јули 2014
Мислења
67
Поени од реакции
41
Courses ти е само името на системот за електронско учење и подршка на ФИНКИ, а системот е Moodle. Moodle e open sorce односно бесплатен софтвер со отворен код кој постојано се развива и надоградува . Има широка примена во светски рамки, а во Македонија мислам дека има вкупно 15 институции кои го користат него ( меѓу нив е и ФИНКИ ). Во предметот ИТ системи за учење има цело едно предавање за moodle па еве го во прилог.
 

Attachments

Член од
12 мај 2015
Мислења
6
Поени од реакции
5
Некој што однел потврди за пракса без архивски печат кај Весна Димитриевска Ристовска и не бил вратен? Јас кај што бев на пракса не водат деловодни книги енд шит. :oops:
 
Член од
10 декември 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
За финки 3+2 за запишување мора да си бил студент на еден од смеровите на финки или било кој,дека не бараат предуслов за запишување на некои предмети?
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Courses ти е само името на системот за електронско учење и подршка на ФИНКИ, а системот е Moodle. Moodle e open sorce односно бесплатен софтвер со отворен код кој постојано се развива и надоградува . Има широка примена во светски рамки, а во Македонија мислам дека има вкупно 15 институции кои го користат него ( меѓу нив е и ФИНКИ ). Во предметот ИТ системи за учење има цело едно предавање за moodle па еве го во прилог.
Сега го гледам ова, ти благодарам многу :)
 
Член од
2 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
1
Здраво на сите
Планирам да се запишам на ФИНКИ, но неможам да се одлучам на која студиска програма.
Дали може некој на кратко да ми ги појасни разликите помеѓу Компјутерски науки и инженерство и Информатика и Компјутерско Инженерство? :)
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Дали некој има или може да ми даде информација колку courses го чини факултетот? Поконцизно, колку простор зафаќаат податоците, колку персонал треба за одржување на системот, дали може да се намали цената доколку податоците се во cloud, а не на суперкомпјутер (во случај кога не би го поседувал ФИНКИ компјутерот) и сл?
Најверојатно нема да има некој да ми помогне за ова, но можеби ќе прочитам нешто корисно. Од служба на факултет не ми даваат одговор на прашањава.
Нормално дека на дел од овие прашања можеш да добиеш одговори, само очигледно си ги поставил на погрешно место ...

Често и на повеќе предмети се презентираат вакви работи од практична примена за студентите, но очигледно не си начекал некое од нив ....

Дел од прашањава ти се малце контрадикторни... и очигледно не си го разбрал концептот на „суперкомпјутер“ и „клауд“ ...
Ако те интересираат детали... да те упатам на некои релевантни извори ....
 
Член од
17 јули 2014
Мислења
67
Поени од реакции
41
Здраво на сите
Планирам да се запишам на ФИНКИ, но неможам да се одлучам на која студиска програма.
Дали може некој на кратко да ми ги појасни разликите помеѓу Компјутерски науки и инженерство и Информатика и Компјутерско Инженерство? :)
ИКИ е студиска насока која постои од 2005 на ФЕИТ. Кога во 2010 се создаде ФИНКИ, ИКИ и ИНФО заедно со институтот ИКТИ(еден од двата инститиути што се споија и го создадоа ФИНКИ) и целиот кадар што раководеше со институтот и студиските програми преминаа на ФИНКИ. Во 2013 ИКИ и останатите смерови беа реформирани по нова програма. КНИ пак е насока која постои од 2011 со почнувањето со работа на ФИНКИ и е смер кој е создаден од ФИНКИ ( не е пренесен како ИКИ, ИНФО, АСИ и тн). За тоа кој е подобар е тешко да се каже но дефинитивно двата смерови се водечките на ФИНКИ и во исто време најтешките. КНИ важи за целосно софтверски смер во кој најголем акцент е ставено на програмирањето, додека ИКИ има поширока теориска и инженерска основа, односно покрај програмирањето од софтверскиот дел има застапено и мобилни апликации, компјутерска графија, напредни кориснички интерфејси, оперативни системи, мрежи и интернет итн. Покрај тоа насоката ИКИ зафаќа еден помал дел од физичката работа на компјутерот и градбата на компјутерските системи, дигитална електроника, логички кола, телекомуникации и пренос на податоци...со еден збор има малце и од хардверскиот дел што според мене е многу добро за подобро разбирање а компјутерските науки. Тоа е бидејќи сепак ИКИ предходно бил на феит и тоа се како еден вид остатоци од електротехника/ електроника/ дигитални системи ( многу битен дел за да се разбере компјутерското инженерство во целина )... Значи да се резимира, КНИ е по специјализиран и понасочен исклучиво програмерски смер, а ИКИ е смер во кој целосно се изучува компјутерското инженерство, малку по широк и по инженерски смер.
 
Член од
16 октомври 2014
Мислења
25
Поени од реакции
61
Најверојатно нема да има некој да ми помогне за ова, но можеби ќе прочитам нешто корисно. Од служба на факултет не ми даваат одговор на прашањава.
Здраво, како што веќе кажаа неколку членови на форумот, актуелниот систем за управување со курсеви достапен на адресата courses... е навистина отворениот софтвер Moodle.

Оваа конкретна инсталација која оди на GNU/Linux системи потекнува уште од ПМФ од Институтот за информатика, а потоа беше мигрирана под доменот на ФИНКИ по создавањето на Факултетот и почетокот на првата учебна година. Инсталацијата на оваа верзија, како и сите следни миграции и надградби ги водам јас, а дневното одржување го води Компјутерскиот центар на ФИНКИ.

Пред оваа инсталација имавме друга, која почна експериментално под Microsoft Windows некаде во 2005-та. Првите тестови дали ни ги исполнува барањата ги организираше колегата Анастас Мишев и тогаш беше направен и првиот превод од страна на група студенти. По тест периодот, колегата Ненад Стојановски го мигрираше на Sun Solaris, и по извесно време менаџирањето го преземав ... јас.

Официјално овој систем почнавме да го користевме во настава од учебната 2005/2006.

Пред тоа во извесен период од околу 2000-та го користевме софтверот WebCT,

Ако го интересираат некого повеќе детали, може да ме контактира преку страниците на ФИНКИ (има таму означени разни опции за контакт, тука не проверувам многу често).
 
Член од
2 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
1
ИКИ е студиска насока која постои од 2005 на ФЕИТ. Кога во 2010 се создаде ФИНКИ, ИКИ и ИНФО заедно со институтот ИКТИ(еден од двата инститиути што се споија и го создадоа ФИНКИ) и целиот кадар што раководеше со институтот и студиските програми преминаа на ФИНКИ. Во 2013 ИКИ и останатите смерови беа реформирани по нова програма. КНИ пак е насока која постои од 2011 со почнувањето со работа на ФИНКИ и е смер кој е создаден од ФИНКИ ( не е пренесен како ИКИ, ИНФО, АСИ и тн). За тоа кој е подобар е тешко да се каже но дефинитивно двата смерови се водечките на ФИНКИ и во исто време најтешките. КНИ важи за целосно софтверски смер во кој најголем акцент е ставено на програмирањето, додека ИКИ има поширока теориска и инженерска основа, односно покрај програмирањето од софтверскиот дел има застапено и мобилни апликации, компјутерска графија, напредни кориснички интерфејси, оперативни системи, мрежи и интернет итн. Покрај тоа насоката ИКИ зафаќа еден помал дел од физичката работа на компјутерот и градбата на компјутерските системи, дигитална електроника, логички кола, телекомуникации и пренос на податоци...со еден збор има малце и од хардверскиот дел што според мене е многу добро за подобро разбирање а компјутерските науки. Тоа е бидејќи сепак ИКИ предходно бил на феит и тоа се како еден вид остатоци од електротехника/ електроника/ дигитални системи ( многу битен дел за да се разбере компјутерското инженерство во целина )... Значи да се резимира, КНИ е по специјализиран и понасочен исклучиво програмерски смер, а ИКИ е смер во кој целосно се изучува компјутерското инженерство, малку по широк и по инженерски смер.
Ти благодарам за опширното објаснување. Ми се расчистија многу работи. Судејќи по ова повеќе сум за ИКИ. Се надевам доволно сум спремен Математика и Физика и ги знам основите на програмирање. :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
КНИ важи за целосно софтверски смер во кој најголем акцент е ставено на програмирањето, додека ИКИ има поширока теориска и инженерска основа, односно покрај програмирањето од софтверскиот дел има застапено и мобилни апликации, компјутерска графија, напредни кориснички интерфејси, оперативни системи, мрежи и интернет итн. Покрај тоа насоката ИКИ зафаќа еден помал дел од физичката работа на компјутерот и градбата на компјутерските системи, дигитална електроника, логички кола, телекомуникации и пренос на податоци...со еден збор има малце и од хардверскиот дел што според мене е многу добро за подобро разбирање а компјутерските науки.
До негде точно. Иако важи дека КНИ е целосно софтверски, со земање на различни изборни можеш да учиш многу други работи. Многу луѓе од моја генерација учеа машинско учење, роботика, компјутерски компоненти, микропроцесорски системи на КНИ. Од друга страна многу учеа и тие што ги имаш наброено погоре.

Во принцип ИКИ има плус физика 1 физика 2, електротехника 1 и 2. После тоа (прва година) мислам сите смерови се исти со некои модификации на задолжителни предмети нормално.
 
Член од
10 декември 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Што се учи по предметот информациони системи, ако може нешто подетално?
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Некој што има правено проект Неструктуирани бази да ме контактира? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom