Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.144
Поени од реакции
1.102
Дали има некој пример колоквиумски/испитни по Безбедност на комп. системи ? Која е (од прлика) тежината на колоквиумот, дали се навлегува многу во криптографија итн...
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Дали има некој пример колоквиумски/испитни по Безбедност на комп. системи ? Која е (од прлика) тежината на колоквиумот, дали се навлегува многу во криптографија итн...
Програмата по предметот е доста сменета од минатата година. На предметот се полагаше еден тест на крај, немаше колоквиуми. Ако сакаш ќе ти го пратам, ама не верувам дека којзнае колку ќе ти е од корист.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.144
Поени од реакции
1.102
Програмата по предметот е доста сменета од минатата година. На предметот се полагаше еден тест на крај, немаше колоквиуми. Ако сакаш ќе ти го пратам, ама не верувам дека којзнае колку ќе ти е од корист.
Па исто и ние полагаме само еден тест. Искрено ме интересира тежината на задачите, дали забегуваат со математиките и такви работи. Ако може прати го :D
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
Програмата по предметот е доста сменета од минатата година. На предметот се полагаше еден тест на крај, немаше колоквиуми. Ако сакаш ќе ти го пратам, ама не верувам дека којзнае колку ќе ти е од корист.
Требаше да биде сменета ама некако не верувам дека е многу сменета, првите 3-4 недели од предметот ни беа строго криптографија, а и сега уште учиме протоколи, потписи размена на клучеви и такви некои ствари. За тој тест спомна дека ке има да докажеш зашто некој протокол е безбеден и се пофалија дека лани што дале некоја таква математичка задача никој не ја решил:bravobe:
Ако имаш нешто материјали од лани прати ми и на мене.
 
Член од
8 јануари 2015
Мислења
39
Поени од реакции
9
Koga se upisite vo Finki?Ako znaes sigurno pisi mi!
 
Член од
25 февруари 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
некој да има материјали по KOMPJUTERSKA ELEKTRONIKA 2 ???
 
Член од
5 април 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ме интересира дали можам да се запишам на овој факултет доколку изберам да полагам англиски на државна матура?
 
Член од
18 февруари 2015
Мислења
60
Поени од реакции
155

Можеш, но ке имаш помалку поени.
5 поени мислам дека се губеа, ама за да бидеш сигурен провери на сајтот на финки.
 
Сите 4 год сум одлична па би требало да немам проблем...според тебе?
 
Член од
18 февруари 2015
Мислења
60
Поени од реакции
155
Сите 4 год сум одлична па би требало да немам проблем...според тебе?
Нема да имаш проблем.

btw, за сите што прашуваат околу уписите:
http://join.finki.ukim.mk има калкулатор на поени + се друго што би ви требало за упис.
Пресметајте си отприлика колку поени би имале, видете ги приемните листи од минатата година и ке знаете колкави ви се шансите.

Од она што сум го видел претходните години, ретко кој не влегол на финки, борбата е да положите се и да не се откажете :D
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.054
Поени од реакции
7.121
Вака, матурант сум и по струка Економски-техничар. Уште во декември кога ги пополнувавме формуларите за државната матура избрав 2 несоодветни екстерни предмети(англиски и бизнис). Погоре прочитав дека ќе имам помалку поени за прием. Но, и да ме примат, проблемот е што немам никакво познавање во областа на програмирањето и четири години учев лесна математика (математика за економисти). Дали ќе се вклопам лесно ако се запишам (конкретно на КНИ),почнувајќи од 0(знаење) во оваа област? Некој што имал слична ситуација нека ми сподели искуство.
 
Јас се запишав на ФИНКИ без трунка познавање од програмирање. Имав учено гимназија (економски смер), но имав доста учено математика (а и посебно се спремав за матурата).
За програмирање, можеш да се снајдеш, на ФИНКИ се почнува од апсолутна нула. За математика и не е толку лесно, бидејќи нели, не можеш да почнеш од нула.
Се на се, можеш да се вклопиш, само ќе треба добро да си го загрееш столчето....
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Вака, матурант сум и по струка Економски-техничар. Уште во декември кога ги пополнувавме формуларите за државната матура избрав 2 несоодветни екстерни предмети(англиски и бизнис). Погоре прочитав дека ќе имам помалку поени за прием. Но, и да ме примат, проблемот е што немам никакво познавање во областа на програмирањето и четири години учев лесна математика (математика за економисти). Дали ќе се вклопам лесно ако се запишам (конкретно на КНИ),почнувајќи од 0(знаење) во оваа област? Некој што имал слична ситуација нека ми сподели искуство.
Јас завршив средно економско(правен смер - 2 години математика) и избрав исто 2 несоодветни предмети и ме примија, еве уште терам во државна квота (ЕТ) , 0 знаев од математика, ги поминав релативно лесно дм1 и дм2 бидејќи не бараат некое предзнаење, за калкулус неможам да ти кажам бидејќи го немам слушано, ама мислам дека бара некое предзнаење од математика (лимеси-интеграли).

На почетокот ќе немаш самодоверба бидејќи не ги знаеш твоите можности и каде-колку време е потребно да посветиш, со тек на време и како што ќе положуваш испити твојата самодоверба и мотивација ќе расте. Затоа, според мене, почетокот е најтежок.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom