Факултет за Електротехника и информациски технологии

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Ако сака некој од постарите студенти да каже по збор - два за професориве и асистенти:

Основи на електротехника - Леонид Грчев, Благоја Марковски
Математика - Боро Пиперевски, Елена Бабаче
Физика - Верка Георгиева, Лихнида Стојановска -Геориевска
Структурирано програмирање - Дејан Ѓорѓевиќ, Томче Делев
 
BoogieMan

#%$!
Член од
24 август 2006
Мислења
364
Поени од реакции
19
ај едно математичко прашање :)

има 5 паралелки(А,Б,В,Г,Д) и сите имаат по околу 90 студенти. Секоја паралелка си има свој распоред на часови и бр. на училница каде ќе биде одржувана наставата. Е сега, како може 90 студенти да имаат ист распоред? по 90 студенти собираат тоа училниците? Сум ги видел и макс 40 може внатре да се пикнат, или пак има некоја финта...
Нема финта, училниците собираат и повеќе од 90, ќе видиш коа ќе почнат да доаѓаат луѓе што преупишале предмети.
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
ај едно математичко прашање :)

има 5 паралелки(А,Б,В,Г,Д) и сите имаат по околу 90 студенти. Секоја паралелка си има свој распоред на часови и бр. на училница каде ќе биде одржувана наставата. Е сега, како може 90 студенти да имаат ист распоред? по 90 студенти собираат тоа училниците? Сум ги видел и макс 40 може внатре да се пикнат, или пак има некоја финта...
Може во училниците да собере многу повеќе од 90 за тоа колку ќе соберат не е проблем е сега колку ќе слушаат тие позади тоа е друга работа. Секогаш позади си праат муабет одредена група студенти и другите нема да слушнат ништо ама пак привремено е тоа како ќе проаѓаат деновите се попразна ќе ви биде училницата.
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
ај едно математичко прашање :)

има 5 паралелки(А,Б,В,Г,Д) и сите имаат по околу 90 студенти. Секоја паралелка си има свој распоред на часови и бр. на училница каде ќе биде одржувана наставата. Е сега, како може 90 студенти да имаат ист распоред? по 90 студенти собираат тоа училниците? Сум ги видел и макс 40 може внатре да се пикнат, или пак има некоја финта...
Математиката е следнава. 90 од годинава + 90 што презапишале се 180. Првите 2 недели ќе идат 150 души, после ќе идат само 50, за пред колоквиуми да идат 15 души:)
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Ако сака некој од постарите студенти да каже по збор - два за професориве и асистенти:

Основи на електротехника - Леонид Грчев, Благоја Марковски
Математика - Боро Пиперевски, Елена Бабаче
Физика - Верка Георгиева, Лихнида Стојановска -Геориевска
Структурирано програмирање - Дејан Ѓорѓевиќ, Томче Делев
Леонид е многу добар човек, ќе доаѓа, ќе предава монотоно и ретко кога идевме ние кај него на предавања, ама оцени си ти дали ќе одиш или не, зашто може да се научи доста. Благоја фин дечко, ама многу се пали и појма си нема, цело време препишува од збирката ама сепак оди на вежби и пишувај он тоа што пишува. Боро замара со предавања многу иако ништо не кажува, иди додека можеш кога ќе ти скурчи не му иди веќе само кога закажува консултации обавезно и тие прашањата што ги пишува ќе ти требаат за усното. Кај него гледај да си фатиш на колоквиуми зашто тоа он го сака и не ги замара тие што положиле така со усното, и да не знаеш ќе те пушти. Бабаче е најдобрата асистентка на факултетот, ако можам тоа да го кажам. Многу е фина, секогаш помага за било што и оди кај неа на вежби обавезно. Верка е скарана со сите други професорки по физика, па можеш да замислиш. Многу замара со усното, треба да ти е се како што она напишала во учебникот, ако напишеш со свои зборови не ти го рачуна. Лихнида не знам која е. Дејан е многу паметен човек, убаво објаснува иако не доаѓаше секогаш кога имавме час. Томче слушај го обавезно, може нема да научиш нешто многу од него ама бар некои работи ќе ти станат појасни. На лабораториски најмногу се учи структурирано. Пробувај сам да ги решаваш и помалце проблеми ќе имаш. :smir:
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.116
Поени од реакции
5.816
Некој од постариве не ИКИ да каже у 2-3 збора што се учи по Логички кола и Структури и бази на податоци? Математика, програмирање, струи, логика... у тој принцип, што ќе учиме?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Си имал од тука некој искуство со Билјана Тунтевска - математика ? :)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Си имал од тука некој искуство со Билјана Тунтевска - математика ? :)
Ти си изгледа кај Бабата. Ми имаат кажувано негативни работи за неа (грешни докази пишувала, на еден другар математичар му кинела многу бодови затоа што не решавал она како сакала итн итн), иако не сум сигурен дали збориме за истата личност, мене ми предава една Соња, средовечна фина жена инаку привремен професор колку што разбрав.
 
Не бе, оваа е некаде 40тина години, подебелка, збори на дијалект, вонреден професор била, лани и асистент и професор :)
 
Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Ти си изгледа кај Бабата. Ми имаат кажувано негативни работи за неа (грешни докази пишувала, на еден другар математичар му кинела многу бодови затоа што не решавал она како сакала итн итн), иако не сум сигурен дали збориме за истата личност, мене ми предава една Соња, средовечна фина жена инаку привремен професор колку што разбрав.
Бабата се вика Марија Кујумџиева - Николоска. Со господ напред нека одат тие шо се кај неа :smir: Шала на страна, се положува и кај неа ама има една малце лоша навика да ги враќа студентите по 2-3 пати ако си за шеска. Плус има и екстра материјал
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.116
Поени од реакции
5.816
Си имал од тука некој искуство со Билјана Тунтевска - математика ? :)
Јас. Лани. Пошто она ги "држи" А група и ИНФО, секогаш си прави свои колоквиуми и испити и се релативно полесни од другите. Тоа сепак не значи дека без вежбање може да се помине кај неа, туку дека ако ги решаваш задачите кои они ќе ви ги даде за решавање можеш да положиш прилично лесно. А лесното е поради тоа што на испит најчесто дава барем 2 задачи од тие нејзините, од кои едната она ја има решено на вежби. Некогаш може да се деси да даде и 3 задачи од нејзините, со 2 нејзини решени на вежби (мада сеа нема да ви е она за асистент, али не верувам дека ќе го смени системот).
Иначе, многу битна работа кај неа. УЧИ УСНО И ПОЛОЖИ ГО ПРЕКУ ТЕСТОВИТЕ!!! Нас лани не заеба малце, ни рече демек тестот што го правевме за првото усно немало многу да има улога ако го паднеме, кога излагаат резултати: мора мин. 3 бода да имаш (од 10) за да положиш. :nesvest: Иначе, од 2та теста мора да имаш мин 10 бода. Значи гледај искомбинирај ги некако за да имаш минимум за усното, пошто на испит знае да даде нешто што најмалку ќе го очекувате.
А тестовите (т.е. усното) кај неа се прилично лесни. Добивате 2 прашања од материјалот што сте го учеле и секое носи по 5 бода.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom