Уште еден доказ дека ние сме вонземјаните?

MSV

Член од
24 март 2005
Мислења
2.423
Поени од реакции
38
Теоријата според која животот на планетава е создаден од микроби кои дошле од вселената, доби уште една потврда и тоа од доста неочекуван извор - шатлот Колумбија кој во 2003 експлодираше при враќањето на Земјата.

Со него била пратена и сонда со три вида бактерии за да се следат во бестежинска состојба. Тие биле уништени во несреќата но во остатоците од леталото, НАСА пронашла нов бактерија (микробиоспори), кои ја преживеале несреќата.

Во НАСА не биле свесни за слепите патници кои најверојатно влегле во контејнерот со бактерии пред тој да биде запечатен.

Панспермијата за прв пат е претставена во 1974-та од астрономите Чандра Викрамасинге и Фред Хојл кои тврдеа дека нема докази за постоење на првобитната генетска мешавина од која настанал животот и дека тој всушност најверојатно е увезен на Земјата преку кометите и астероидите кои удирале во неа.

"Животот е создаден на некој друг крај од универзумот, каде што имал повеќе време и услови за тоа а стигнaл на Земјата преку некој астероид,"
тврди др. Хојл.

Нивната најпозната изјава гласи: "Веројатноста дека животот е случајно создаден на Земјата е еднаква на веројатноста тајфун кој минува низ депонија да создаде Боинг 747".




*
Болдираното препрочитајте го триста-шесет и миљион пати........:kajg:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Држи вода.

Нормално, под услов чичко Дарвин да е во право.
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
porazumno mi zvuci ona so covekoliki majmun
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Поинтересно би било така...ќе можам одново да си ја тупам главата кај, шо и како.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Тоа дека дел од органската материја што дошла на земјата по пат на паѓање на метероити е сосема точна , ама има и реален доказ дека органските материи настанале од неорганските исто така и на самата земја така да , според мене најточно е дека органската материја што е на земјата потекнува и од неоргансата на земјата и плус од „увезената ”.
А за веројатноста на земјата да настане органсак од неорганска матерја , а после неорганската да се оганизира во макрмолекули кои ние денес ги познаваме е навистина мала , ама кога во калата пресметка се внесе фактот дека бројот на реакции кои доведуваат до ваква организација на материјата се енормно големи, се добива реална шанса за настанок на живот на земјата.
 
M

makedon^

Гостин
nie sme bile del od nekoja golema civilizacija rasprostraneta vo vselenata.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Според мене све е могуче.....стварно ова може да е точно ама за сигурно ќе дознаеме за едно 200 години кога ќе може да се патува со брзина на светлина....
А кажете ми што ако ние не сме најразвиените суштества...
На пр. како што се мравките за нас,така ние да сме за некој друг што е едно ниво погоре на скалата на еволуција
 

Infra

Мојот Пастир
Член од
26 ноември 2005
Мислења
141
Поени од реакции
2
MSV напиша:
Теоријата според која животот на планетава е создаден од микроби кои дошле од вселената, доби уште една потврда и тоа од доста неочекуван извор - шатлот Колумбија кој во 2003 експлодираше при враќањето на Земјата.

Со него била пратена и сонда со три вида бактерии за да се следат во бестежинска состојба. Тие биле уништени во несреќата но во остатоците од леталото, НАСА пронашла нов бактерија (микробиоспори), кои ја преживеале несреќата.

Во НАСА не биле свесни за слепите патници кои најверојатно влегле во контејнерот со бактерии пред тој да биде запечатен.

Панспермијата за прв пат е претставена во 1974-та од астрономите Чандра Викрамасинге и Фред Хојл кои тврдеа дека нема докази за постоење на првобитната генетска мешавина од која настанал животот и дека тој всушност најверојатно е увезен на Земјата преку кометите и астероидите кои удирале во неа.

"Животот е создаден на некој друг крај од универзумот, каде што имал повеќе време и услови за тоа а стигнaл на Земјата преку некој астероид," тврди др. Хојл.
Судејќи по сето ова што го произнесе, може да се заклучи дека животот случајно настанал, затоа што случајно микробиоспорите ја преживеале несреќата, и случајно кометите и астероидите удирале во Земјата, и дека случајно животот стигнал на нашата планета преку некој астароид, кој повторно случајно удрил во Земјата... Хм........ Со 'се можам да се сложам, освен со тоа дека животот случајно настанал.
 

Infra

Мојот Пастир
Член од
26 ноември 2005
Мислења
141
Поени од реакции
2
MSV напиша:
Нивната најпозната изјава гласи: "Веројатноста дека животот е случајно создаден на Земјата е еднаква на веројатноста тајфун кој минува низ депонија да создаде Боинг 747".
А ова е сосема спротивно на она што претходно го напиша, и сосема ОК. Животот не настанал случајно, туку така.

Еднаш, Ајнштајн напишал вака: „Мојата вера се состои од понизно восхитување на еден неограничен и супериорен Дух кој се открива себе си во ситните работи кои ние можеме да ги набљудуваме со нашите ограничени и слаби умови. Ова длабоко емотивно убедување за постоењето на една сила со разум, која се открива во несфатливата вселена, го сочинува мојот поим за Бог.„
 

Infra

Мојот Пастир
Член од
26 ноември 2005
Мислења
141
Поени од реакции
2
Во последниве неколку децении, науката има откриено големо количество докази во многу области кои укажуваат на тоа дека вселената била наштимувана, подесена да поддржува интелигентен живот на нашата планета.
Прво: односот меѓу релативните јачини на гравитациската сила и електромагнетната сила е фасцинантен!
Доколку гравитацијата би била различна само за еден дел од 10 на 40та, тогаш ѕвезди како нашето Сонце, воопшто и не би постоеле!
Второ: односот помеѓу протонот и електронот!
Ако разликата во масите на протонот и неутронот не би била двојно поголема од масата на електронот, не би можеле да се образуваат разновидните атомски јадра, кои се неопходни за образување на елементите од кои е изградена вселената!
Трето: мал вишок материја, наспроти антиматерија!
Знаеме дека античестичките имаат исти карактеристики како и вообичаените честички на материјата, но спротивен електричен полнеж. Иако антиматеријата е произведена лабораториски, таа не е пронајдена во природата, бидејќи секогаш кога материјата и антиматеријата ќе се сретнат, тие меѓусебно се поништуваат. Тоа значи дека доколку вселената настанала со еднакви количества на материја и антиматерија, би дошло до најголема анихилација. Просто кажано, вселената таква каква што ја познаваме, не би постоела.
 
Член од
12 декември 2005
Мислења
32
Поени од реакции
3
Infra напиша:
... може да се заклучи дека животот случајно настанал ...
Според почетната претпоставка (пренос преку небеско тело) точно е дека животот настанал "случајно" НА ЗЕМЈАТА, а друго е прашањето и многу покомплексно како пак настанал тој жив организам на некој друг крај на универзумот па преку небеско тело да се пренесе на земјата. Во случајноста како поим искрено не верувам, а според мене на се она што неможеме да му одредиме законитост го нарекуваме случајно (што незначи дека во некој иден стадиум на човековиот развој нема да се одреди законитоста па од случаен да прејде во законит т.е. да има определено стрикни правила).
Infra напиша:
...вселената била наштимувана, подесена да поддржува интелигентен живот на нашата планета...
Кој ја наштимал ? Господ ? Некој системски администратор ?
Доколку овде се создале такви услови тоа се должи на "случајноста" т.е. според комбинаторика на сите фактори кои би го определиле постоењето на живот покрај на други места во ограничено бесконечниот универзум се создале и овде.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Infra напиша:
Прво: односот меѓу релативните јачини на гравитациската сила и електромагнетната сила е фасцинантен!
Доколку гравитацијата би била различна само за еден дел од 10 на 40та, тогаш ѕвезди како нашето Сонце, воопшто и не би постоеле!
Од каде го прочита ова? За која гравитација зборуваш? Гравитацијата не е константа. Можеби мислиш на Гравитационата константа која е само дел од определувањето на силата на гравитацијата? Појасни малку.

Infra напиша:
Второ: односот помеѓу протонот и електронот!
Ако разликата во масите на протонот и неутронот не би била двојно поголема од масата на електронот, не би можеле да се образуваат разновидните атомски јадра, кои се неопходни за образување на елементите од кои е изградена вселената!
Извини но и овде нешто отприлика си напишал/а. Протонот има маса од 938.3 MeV/c2 а неутронот 939.573 MeV/c² или малку повеќе од протонот. Значи неможеш да правиш разлика од помалото, туку обратно. Електронот има маса од 0.510 998 918(44) MeV/c2 Сепак спомни си дека не секогаш апсолутниот однос на разликата од масите на неутронот и протонот и масата на електронот е таа која влијае на образување на атом. Имаш многу примери за тоа. Токму тоа е еден од феномените на постоењето на четирите сили кои не опкружуваат, или теоријата за интеракцијата на фундаменталните сили.

Infra напиша:
....Иако антиматеријата е произведена лабораториски, таа не е пронајдена во природата, бидејќи секогаш кога материјата и антиматеријата ќе се сретнат, тие меѓусебно се поништуваат.
Реченицава е малку лошо преведена од англиски... Сепак се разбира и коректна е.

Infra напиша:
Просто кажано, вселената таква каква што ја познаваме, не би постоела.
Ништо тоа не значи, бидејќи њутновата физика нема примена надвор од Земјата и има недоследности. Потребни се уште многу експерименти за да се докаже твојата завршна реченица.

На крај како прилог кон темата, јас сеуште ја застапувам теоријата на еволуцијата и создавањето на прости органски молекули овде на Земјата на начин кој неколку пати и на неколку начини е објаснет и потврден. Сепак не ја ислучувам можноста за интеракција од страна на сила или објект кој потекнува надвор од границите на Земјата. Но интеракција е едно а создавање е друго. Доколку сепак имало влијание на развојот на животот на планетава однадвор, тоа било уште во најраниот период на создавањето на сложените органски молекули на Земјата.

Таков тип на создавање на животот немала само Земјата туклу најверојатно уште стотина илјади планети ширум Млечниот пат. Бактериите па дури и некои попрости форми се исклучително отпорни на некои физички влијанија кои за понапреднатиот еволуциски живот се од катастрофално влијание. Постојат болести како кравјото лудило на пример чии причинители се уште поедноставно градени и нормално поиздржливи на физичките влијанија. Сосема е нормално да некој вид бактерија или сличен организам од тој ранг, но кој не потекнува од Земјата, по некоја природна катастрофа на небесното тело од кое потекнува, да преживее и да биде донесено со некој метеор на Земјата. На тој начин би предизвикал болест за која организмите би биле неподготвени и би предизвикал масовно умирање. Такви случаи имало во еволуцијата на Земјата иако со сигурност до сега не се утврдило која е вистинската причина. Од тука произлегува дека сосема е нормално некој вселенски организам да имал големо влијание на развојот на животот на Земјата но не и на самиот живот како форма.

За да не биде предолг постов овде прекинувам иако баш ми надојдоа уште многу работи да изнапишам.
 

Infra

Мојот Пастир
Член од
26 ноември 2005
Мислења
141
Поени од реакции
2
606 напиша:
Од каде го прочита ова? За која гравитација зборуваш? Гравитацијата не е константа. Можеби мислиш на Гравитационата константа која е само дел од определувањето на силата на гравитацијата? Појасни малку.
Значи, станува збор за гравитациската и електромагнетната сила; и двете играат неопходна улога во обликувањето на градбата на ѕвездите. Ѕвездите „се држат„ помеѓу себе со помош на гравитацијата, а силата на гравитацијата ни овозможува да го определиме притисокот во внатрешноста на ѕвездата. Од друга страна, енергијата зрачи од ѕвездите преку електромагнетното зрачење. За да создадат сонце како што е нашето, овие две сили треба да бидат избалансирани така што односот на нивните релативни јачини мора да биде многу тесен.


606 напиша:
Извини но и овде нешто отприлика си напишал/а. Протонот има маса од 938.3 MeV/c2 а неутронот 939.573 MeV/c² или малку повеќе од протонот. Значи неможеш да правиш разлика од помалото, туку обратно. Електронот има маса од 0.510 998 918(44) MeV/c2 Сепак спомни си дека не секогаш апсолутниот однос на разликата од масите на неутронот и протонот и масата на електронот е таа која влијае на образување на атом. Имаш многу примери за тоа. Токму тоа е еден од феномените на постоењето на четирите сили кои не опкружуваат, или теоријата за интеракцијата на фундаменталните сили.
ОК, тоа би значело дека протонот има маса која е за 1836 пати поголема од онаа на електронот, т.е доколку односот меѓу масите на протонот и електронот би бил значително поразличен, не би можеле да се образуваат неопходните молекули, па не би имало ни хемија, ни живот:)
Фасцинантен факт е дека вредностите на овие броеви се многу прецизно поставени, за да овозможат развој на живот.

606 напиша:
Реченицава е малку лошо преведена од англиски... Сепак се разбира и коректна е.
Јок, грешка;) Космолозите кои стојат зад моделот на Големата експлозија веруваат дека веднаш по тој настан, бројот на честички од материја бил поголем од оној на антиматерија, во толкава мера, што кога се одиграл процесот на заемна анихилација, останало токму толку материја колку што било потребно да се образува нашата вселена, каква што ја знаеме денес. Ако преостанало недоволно количество материја, не би имало доволно да се образува вселената, а ако останало значително повеќе материја, вселената би колапсирала многу кусо време по Големата експлозија:wink:

606 напиша:
За да не биде предолг постов овде прекинувам иако баш ми надојдоа уште многу работи да изнапишам.
Баш заради истите причини пробав да бидам што пократка и поконцизна. Како и да е, зборот ми беше дека станува збор за прецизно поставени параметри, за кои никако не би можело да се каже дека се случајни:)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Инфра слушај ваму , јас иако не до толку упатен во физика ( бидејќи сум иден биолог како и 606) можам да ти кажам дека материјата всушност претставува високо концентрирана енергија. Те молам не ме прашувај зошто е тоа така и по што може да се познае тоа.
значи да ти разјаснам една работа, при процес на анихилација на материја со антиматрија се ослободува големо количество енергија а не е тоа точно дека ги снемува и двете и дека после тоа останува едно големо ништо.
Ако негдека грешам те молам со контра аргументи и ако сакаш подетални информации од физичка гледна точка обрати се кај NikolaP, тој е физичар по струка.
 

Infra

Мојот Пастир
Член од
26 ноември 2005
Мислења
141
Поени од реакции
2
Bacillus gagous напиша:
Инфра слушај ваму , јас иако не до толку упатен во физика ( бидејќи сум иден биолог како и 606) можам да ти кажам дека материјата всушност претставува високо концентрирана енергија. Те молам не ме прашувај зошто е тоа така и по што може да се познае тоа.
значи да ти разјаснам една работа, при процес на анихилација на материја со антиматрија се ослободува големо количество енергија а не е тоа точно дека ги снемува и двете и дека после тоа останува едно големо ништо.
Ако негдека грешам те молам со контра аргументи и ако сакаш подетални информации од физичка гледна точка обрати се кај NikolaP, тој е физичар по струка.
:kajg: Е ако де, баш е убаво да си размениме мислења! Јас ги прифаќам вашите размислувања, и мило ми е што имам можност да дискутирам на ваква тема со научници. За жал, мојата професија е во сосема друг домен, така што сето она што го пишувам се само мои сфаќања кои сум ги спознала затоа што сум се заинтересирала.
Поздрав и до двајцата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom