Уште аргументи зошто Македонија не е Грција

Ф

ФорцаМилан

Гостин


По покана на претседателот Ѓорге Иванов, генералот Ердоган Ознал прв пат дојде во Дојран, родниот крај на неговиот татко.

Во 1993 година турскиот генерал Едроган Ознал како раководител на Националното воено здружение на Турција учествува во симпозиум за Балканските војни во Грција. На брошури, на транспаренти, по ридовите на Антина, секаде се гледал и слушал една иста реченица:"Македонија е Грција".

Изиритиран, пред 150 присутни на симпозиумот рекол: "Македонија не е Грција". По враќањето во Турција пишува книга во која покажува дека Македонија не е Грција ни историски,ни географски,ниту пак етнички.

Грција лаже кога тврди дека во неа не живеат Македонци, дека таков народ не постои ниту пак дека има малцинство со такво име.

Турскиот генерал во пензија Ердоѓан автор на малата книга "Македонија не е Грција" , низ податоци од Турскиот воен архив ја покажува жестоката асимилаторска политика на Грција кон Македонија. Откако со неа Грција не успева да го скрие постоењето на македонскиот народ, почнува да ги именува македонците како "славофони".

На пописот во 1904 година ги имаше 896,494,во 1913 година 329,371, а на пописите во 1926 и 1940 веднаш ги снема. "Каде отиде македонскиот народ? Што стана со него?", прашува во книгата Ознал, поаѓајки од бројките од првиот попис што во 1904 го извршил генералниот инспектор за Македонија Хусеин Хилми паша, во трите дела на Македонија.

Генерал Ознал (1938) има македонски корени - татко му е роден дојранец,кој за време на Балканските војни со родителите бега во Турција. Минатата недела беше прв пат во Македонија и ги обиколи местата за кои како дете слушал од татко му.

"Имам измешани чувства. Среќен сум,но 5 дена се малку за се што сакам да видам. Бев во Битола, Охрид, Струга, Тетово, го видов Мавровското езеро, бев во Коџаџик каде што е роден таткото на современа Турција Кемал Ататурк, бев во Свети Наум, во еден од најубавите манастири што досега сум ги видел,и сега сум во Дојран.

Татко ми многу ми раскажуваше за Македонија. Бил многу тажен кога го напуштил Дојран. Здравје ке дојдам пак, можеби со внуците од двете ќерки. Дотогаш ке го гледал Дојранското крајбрежје на слика што си ја купив од овде" ни рече Ознал на средбата минатата недела во Дојран.

Сега е генерал во турското воздухопловство и е во пензија.

"Во 1993 бев шеф на оперативните активности во турскиот Генералшаб и раководител на Националното воено здружение на Турција која беше една од 35-те членки на Здружението на меѓународна воедна историја. Бев поканет во Грција на симпозиум за Балканските војни,на кој Турција како земја против која се водеа Балкнанските војни беше централна тема. За таа една недела насекаде слушав и гледав една иста реченица Македонија е Грција".

Таа беше напишана на брошури,книги,транспаренти,по ридовите во Атина,ја изговараа сите грци.Кренав рака и пред 150 присутни на сипозиумот реков: "Македонија не е Грција". Жена ми за време на паузата ме прекори "Престани,оти грците ке не истепаат". Но реакција немаше. Сите молчеа, не сакајќи да прават проблеми,а тоа уште повеќе ме иритираше.

Кога се вратив во Турција реков дека ке напишам книга во која ке покажам дека ни историски,ни географски,ниту пак етнички,Македонија не е Грција- обрајснува генерал Ознал. Книгата ја напишал за помалку од еден месец.

"Веднаш по објавувањето, на приватна средба грчкиот аташе во Турција ме праша каде да ја најде книгата, но не ми одреагира. Во грчките медиуми пишуваше - како може официјален претставник на една држава да пишува ваква книга, и такви текстови се појавуваа со недели", вели Ознал.

Она што најмногу ги заболело Грците е фактот што, иако ставовите во книгата не се на официјална Турција, книгата е печатена во печатницата на турскиот Генералштаб и со тоа добива полуофицијален карактер. "Кога ја пишував книгата бев главен на воените историчари, иако јас не сум историчар по вокација, туку воен пилот.

Во Воениот архив имав на располагање 8 милиони документи од 1853 година до 1974 година. Таму најдов дека од 1453 година кога султанот Мехмед Втори Фатих го освоил Истанбул, па сe до почетокот на 19 век македонскиот народ бил оставен да живее под Грчката патријаршија. Бидејќи македонскиот народ бил под посебна пресија за асимилација, на 11 март 1870 на Македонците им се дозволило да формираат своја црква, што говори дека Македонците и тогаш биле посебен народ", вели Ознал.

"Македонскиот народ историски и етнички е посебен народ", "Секој народ сам си го избира своето име", "Македонскиот јазик е единствен", "Грција го лаже Балканот", "Грчките аспирации кон Македонија", "Историските, културните и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат", се дел од насловите на поглавјата во книгата.

"Заменик-државниот секретар на САД Строб Талбот во тоа време рече: 'Грција е новиот бик на Балканот што ја напаѓа Македонија'. Во книгата покажав дека не држи тезата оти Македонија била, е и секогаш ќе биде грчка. Грците велат: Нема македонска нација, нема македонски јазик, Македонците се грчки, антички племиња, Македонија е повеќе од 4.000 години комплетно грчка култура. Античките Македонци се Грци. Сегашните Македонци се словенски племиња, а Македонија никогаш не била држава во историјата.

Јас во книгата давам контрааргументи и прашувам: Кои сте вие да наметнувате име. Грција успеа Македонија да се именува како 'Поранешна Југословенска Република Македонија'. Во време на Османлиската Империја, Грција беше административна област. Значи неа сега треба да ја викаме 'Поранешна Османлиска Република Грција' , а истото важи и за Бугарија и за Србија", укажува Ознал.

"Во весникот 'Напредок' што излегува во Солун, а се печати на француски јазик, во бројот што излезе на 26 октомври 1926 година, се констатира дека егејскиот дел на Македонија целосно се погрчил. Во големата енциклопедија на Грција на страница 410 се вели: 'Со вселувањето на Грците што се иселија од Турција во егејскиот дел на Македонија извршивме еден голем патриотски долг'", забележал Ознал во книгата.

"Во 1990 година службите за човекови права во САД јавно проговорија дека Македонците како што ги има во Република Македонија, во Бугарија и во Албанија, ги има и во Грција. Иако Грција беше бесна, оваа констатација за постоењето на Македонци во оваа земја беше од голема полза светот да ја дознае вистината. Ако не постоеше овој народ и оваа нација, зошто Караманлис во 1992 леејќи крокодилски солзи на аеродромот во Солун рече дека Киро Глигоров ќе се кае за она што го вели и што го прави", стои во книгата издадена 1993 година.


Хух, се утепав од пишување,се надевам дека некој педери на форумов (ако има грци) ке сфатат дека МАКЕДОНИЈА Е МАКЕДОНИЈА!!

P.S. Дури сеа го најдов текстот на весникот Вест на нет,еве неколку слики:

 
С

сашенко

Гостин
Македонија не е Грција тоа е нормално.Се надевам светот ке го свати тоа конечно и ке сватат кои се свушност грците.Најпокварениот народ на планетава....Бог се ни даде ама не заеба со комшииве...
 
H

HITCH

Гостин
Ууух и јас се утепав од читање, ама навистина вредеше :smir:. На нас, сето ова ни е познато, но политичариве треба да научат нешто повеќе, оти очигледно не знаат како да ја водат битката за Македонија. Има толку многу книги од влијателни луѓе кои можат да се искористат, ама шупциве немаат поим дека постојат :toe:

Имам еден предлог до морониве во парламент. И така имаме партиски вработени војници, кои земаат пари за да седат. Па еве нека им најдат работа. Нека им дадат задача да ги најдат на нет книгите и весниците во кои се пишува за Македонија. Ем секој ден ќе имаат работа, а со тоа ќе си ја одработат платата, ем тие докази ќе можат да се искористат во полза на нашата држава.
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
86
@ForzaMilan
Еве зошто МАКЕДОНИЈА не е Грција
Убав извор и солиден труд си потрошил за изнесување на уште еден аргумент плус ,оној на турската страна.
Но, темата е со погрешен назив.
Ако не смета би можел да допишеш на пр:
“Уште аргументи зошто Мк не е гр.’’
вака да не се добие престава дека Македонија не не гр, поради пишувањето на книга од Турците ;)
Поздрав
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
redno vreme e svetskite politicari da ja sogledaat vistinata a ne dnevno politickite odnosi so gejlada
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Се е тоа убаво, само кој ќе ги земе во предвид ваквите книги, тврдења, а воедно и вистината. Америка ја боли уво, Унијата исто така, Грција си игра курташак, оти мисли дека има авторитет за тоа, а ко што гледам другите не ја ни прекоруваат. Ама ете има Господ, па тоа што Грција ни го прави на нас, дупло и се враќа на неа. Ајде еден ден ваљда ќе се свестат.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
112
Поени од реакции
26
tocno taka Taruno..nie samo mislime deka svetot ne znae za nepravdite, asimilaciite i unistuvanjata na Makedonija i Makedonskiot narod..znae, i treba da svatime deka voopsto ne im e gajle, mnogu povazna im e gejlada nego li Makedonija..
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Се е тоа убаво, само кој ќе ги земе во предвид ваквите книги, тврдења, а воедно и вистината. Америка ја боли уво, Унијата исто така, Грција си игра курташак, оти мисли дека има авторитет за тоа, а ко што гледам другите не ја ни прекоруваат. Ама ете има Господ, па тоа што Грција ни го прави на нас, дупло и се враќа на неа. Ајде еден ден ваљда ќе се свестат.
Ваквите книги и те како се од корист бидејки човекот не е било кој ( обичен смртник како мене и тебе кој пцуе по форуми и youtube све што е грчко, бугарско или српско ) туку пензиониран генерал кој податоците ги вадел од турските архиви а не од ракав. Оваа книга е од големо значење за народите од Грција, Бугарија и Србија а и пошироко бидејки грчката и бугарската пропагадна како што можете да забележите е голема и обичниот норвежанец, финец, данец англичанец... лесно потклекнува.
И самиот знаеш дека некои Македонци сеуште веруваат и се колебаат околу својот идентитет.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Не реков дека не се од корист, туку кој ќе ги земе во предвид !?

А тоа доколку сеуште постојат Македонци кои се колебаат за својот идентитет, тогаш нека не се нарекуваат Македонци воопшто.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Се е тоа убаво, само кој ќе ги земе во предвид ваквите книги, тврдења, а воедно и вистината. Америка ја боли уво, Унијата исто така, Грција си игра курташак, оти мисли дека има авторитет за тоа, а ко што гледам другите не ја ни прекоруваат. Ама ете има Господ, па тоа што Грција ни го прави на нас, дупло и се враќа на неа. Ајде еден ден ваљда ќе се свестат.
NIkoj nema da gi zeme vo predvid vakvite tvrdenja se dodeka imame degeni vo Makedonija sto vitkaat kicmi, razgovaraat ili pregovaraat so gayland za naseto ime. Ako se najdese eden maz da im kaze " nie sme tie bez razlika vi se bendisalo ili ne" togas ke pocnea poinaku da mislat ama vaka sto covek da kaze .......
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Да видите како светските политичари имаат друг однос кога ќе ги притиснете со вистината. Најмалку сакаат да ги истераш на чистина, за јавно и пред други да мораат да лажат и да се правдаат. А баш тоа треба да го правиме со мороните од ЕУ и НАТО.

Една разговарав со купен политичар од една Западна земја кој ме убедуваше да го смниме името. Но со тврдоглаво изнесување на фактите, на законот/правото, итн., а откако се заинтересираа околку него, почна да се тетурави, па да се врти од лево на десно и обртно, итн. Значи поентата е, без разлика колку тој пред тебе е моќен, никако да му се повинуваш, туку да повторуваш дека си во право (а во право сме) и тоа во вид на прашања упатени до него.

По темата:

“ Квалитетот на односите со Македонија од воен аспект се должи на тоа што оваа земја отсекогаш имала клучна геостратегиска позиција на Балканот. Ќе ви го опишам тоа со времето на Отоманската империја. Градот Битола е познат како град на конзулите, но за време на империјата многу позначаен беше како база на најсилните и најопремените единици на аскерот. И не само тоа, туку Македонија беше логистички центар на целата Отоманска војска на Балканот. Македонија отсекогаш беше третирана како срцето на Отоманската империја, највредното парче земја. Нејзиното значење не е намалено ниту денес. ’’

“ Овде посебно значајно е тоа што Турција, заедно со Бразил, бидејќи се две земји со сличен економски и воен развој игра витална улога на Блискиот исток. Турција денес е клучна регионална сила која со своето делување го спречува евентуалниот напад на Израел врз Иран. ’’

“ Географијата на светот не изменета многу одамна. Оние правила што важеле во минатото важат и денес. Турција се наоѓа во центарот меѓу Евроазија, Блискиот исток и Африка. Оној што го контролира овој дел од светот – владее со светот. ’’

“ Македонија како централна држава на Балканот игра важна улога во односот на силите. Ние отсекогаш сме ја сакале Македонија, не само поради заедничкото минато, туку земја полна со образовани и интелигентни луѓе. Не знам колку ви е познато, скоро целокупната интелегенција во време на Отоманската империја беше од балканските народи. Токму Турците беа најнеобразованиот народ во Отоманската империја. Турција секогаш максимално ќе ја поддржува Македонија, како најпријателска балканска земја. ’’

http://kajgana.com/makedonija/oznalturcija-i-makedonija-se-najznachajni-geostrateshki-zemji-vo-regionot
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ПРОИЗВОДСТВО НА ГРЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Бргу по средбата на Самарас со Милошевиќ, грчката влада излегува со „податок“ дека во Македонија постои големо грчко етничко малцинство што е репресирано. Строгодоверлив разузнавачки извештај од 10 мај 1991 година, кој божем протекол до медиумите, вели дека „239.360 Грци живеат во Македонија. Тоа се луѓе со чиста грчка национална свест, кои себе се сметаат за припадници на грчката раса, а не уживаат малцински права“. Грчката влада и официјално усвојува политика за заштита на грчкото малцинство. На 2 ноември истата година, заменик-министерот Виргинија Цудеру објавува дека во Македонија живеат 150.000 Власи со чиста грчка свест.



ГРЦИЈА И СРБИЈА ЌЕ СЕ ГРАНИЧАТ

Веднаш по средбата Милошевиќ - Самарас во Белград, каде што српскиот шеф по вечерата на својот гостин му ја покажал картата на Балканот со зборовите: „Погледни овде, во центарот на ФИРОМ и посебно во Тетово и околните делови гувеат над 150.000 Срби, а не 40.000 ако што објавува пописот“. „Дали мислите дека во одреден момент тие би се придвижиле на друга локација? Прашал Самарас. „Ќе се покренат. И не само тие туку и илјадници други Срби што живеат на север, ќе тргнат на југ, кон Скопје, кон грчката граница. Србија и Грција ќе имаат заедничка граница“, одговорил Милошевиќ.

Она што го забележал аналитичарот е дека Самарас не само што не ја одбил идејата туку се нафатил да му ја пренесе и елаборира на грчкиот премиер.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10221010795&id=9&setIzdanie=22114
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
64
Поени од реакции
79
Инаетот две вреќи сол јаде. Има многу вистина во оваа поговорка. Работата е шо солта ја јадеме ние, а згора на се и сто стапа ќе ни удрат.
Со други зборови наместо да се отвориме економски, да ни станат достапни пазарите, ние се изолиравме ради некакви си козметички прашања.
 
Ф

Флеш

Гостин
Македонија до Индија !!! :))) ... бар сме биле ... за разлика од некои соседи шо до Токио,Косово стигаат :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom