И бронза за Германија!
На минатите првенства никогаш не сум бил за швабиве,дури ми биле и одвратни.
Ова СП не беше така.
Заедно со Англија ми беа главни фаворити.
Поради младите играчи,тимската игра,страшната дисциплина,одличниот менталитет,германциве ми оставија силе впечаток.
После секоја нивна утакмица бев воодушевен,независно од тоа дали победуваа или губеа.
Да ги торпедираш Англија и Аргентина со вкупна гол разлика од 8-1,исто така да ја тепаш незгодната Гана со 1-0,и Австралија со 4-0,не е мала работа.
Можеби Шпанија ги надигра во полуфиналето,но искрени да бидеме Германија на цело светско беше за класа појака од неа.
Тоа е тоа во глобала,за мене морален победник на ова светско е Германија,а победник кој ќе се закити со златото ќе видиме вечерва.Се надевам Холандија.
Кедира,Ноер,Озил,Марин,Крос,Милер,Боатенг,Аого,засилени од искусните Швајни и Лам,наредно натпреварување мислам дека ќе стигнат до завршницата и ќе освојат златото.
Дефинитивно генерација која ветува,генерација која направи разлика на ова светско.