Упад на вооружена група кај село Слупчане

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Шознам, летаа над/до Водно према Нерези, Ѓорче...
Тие села не се во тој правец колку што знам.
Ја не ги посматрав хеликоптерите ама со сигурност ти кажувам дека ги носат тие од Ќелија со полициска придружба до суд, зошто во Шутка имаше распоредено полиција како за Диво Насеље.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
мора да ги летаат хеличите, ефтин е бензинот, ќе заргосаат инаку па ќе паѓаат... а може има нешто што на оџата му репнаа 7 години на државна сметка ?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.682
Поени од реакции
38.870
Повеќе медиуми објавија дека во Арачиново и во делот од општина Липково во тек има повеќе полициски блокади и во тек е полициска акција. Од МВР за Телма потврдија дека има полициска акција во рамките на редовните активности на МВР.

Потврдуваат дека има блокада на влезот во Арачиново, но најавија дека детали за акцијата ќе бидат соопштени утре. Нема детали дали специјалците кои се на терен во Липковско-арачиновскиот крај се во акција против вооружена група или пак станува збор за спроведување на активности против криминална група.

Од МВР само кратко одговараат дека ситуацијата е под контрола.

Според информации на Телма покрај блокадата пред влезот во Арачиново, пунктови со полициски специјалци има и кај селото Ропаљце како и на местото викано Слупчански бунар.

http://telma.com.mk/vesti/mvr-za-telma-potvrdi-ima-blokada-na-vlezot-na-arachonovo-detali-za-akcijata-kje-soopshtat-utre
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.865
имаше потврда и на еден од албанскиве медиуми
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
http://telma.com.mk/vesti/begalci-zalozhnici-prichina-za-sostojbata-vo-arachinovo-i-vo-lipkovo

Безбедносни извори за Телма тврдат дека на терен во липковско има само „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“. Од МВР претходно потврдија дека има повеќе блокади кај селата Арачиново, како и контроли во близина на повеќе села во липковско.

Вчера во реонот на Ваксинце се пронајдени мигранти кои неколку дена биле држени од непозната вооружена група, тврдат безбедносни извори за Телма.

Претходно повеќе медиуми шпекулираа дека полициската активност во Липковско и во Арачиново е предизвикана од потрага по вооружена косовска група чии припадници се блиски на терористите обвинети за Диво Насеље.

Од МВР ги негираа овие шпекулации и тврдат дека ситуацијата е под контрола.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.348
Поени од реакции
4.997
Пак тоа таму кај Орките? Тууу што раса ќе беа, само да се војувало...
 

filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
314
Поени од реакции
382
Ја не ги посматрав хеликоптерите ама со сигурност ти кажувам дека ги носат тие од Ќелија со полициска придружба до суд, зошто во Шутка имаше распоредено полиција како за Диво Насеље.
Јас ги гледав хеликоптерите и можам со сигурност да тврдам дека целта им беа кумановските села(истата таа небезбедна маршута,испод далноводи,ридови ја летаа во 2001 год.)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.982
Поени од реакции
14.769
Дураку за ТВ21: Слупчане под редовна полициска контрола, но не се работи за вооружена косовска група

Слупчане, Матејче и Арачиново се под полициска контрола. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека има блокада на влезот во Арачиново, а детали најавија за утре. ТВ21 го контактираше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој во телефонски разговор изјави дека се превземаат само вообичаени мерки на безбедност и им порача на граѓаните дека нема простор за паника.

Покрај блокадата пред влезот во Арачиново, пунктови со полициски специјалци има и кај селото Ропаљце како и на местото викано Слупчански бунар.

Екипа на ТВ21 беше на терен, поточно во кумановскиот регион, во општина Липково.

Во разговор со новинарот на ТВ21 Фуркан Салиу, градоначалникот на Липково, Садула Дураку тврди дека ситуацјата е мирна и дека не е вистина дека има вооружена група од Косово.

-Ова што го читав по интернет порталите не e ништо друго туку нивна сензација, начин на кој се обидуваат да соберат „клик“ повеќе. Ние веднаш ги проверивме информациите во надлежните институции и се работи за нормални полициски контроли. Нема никакви вооружени групи и можам да им порачам на граѓаните дека можат мирно да спијат, изјави Садула Дураку, градонаќалник на општина Липково.
http://tv21.tv/mk/?p=76041
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.620
Некоја дрога 100 %.
 
Член од
28 август 2014
Мислења
68
Поени од реакции
24
Нема ли некој на форумов од тие краеви таму да потврди или демантира дали е ова вистина ?
Веста е точна бидејќи живеам во Куманово слушнав околу 23часот и 15 минути околу 10 истрели...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Веста е точна бидејќи живеам во Куманово слушнав околу 23часот и 15 минути околу 10 истрели...
Братче и во Прилеп јас секоја трета вечер слушам истрели, па нема пукање од полиции ти текнува? Вади рандом сељак пиштолот и слави свадба, запросување и слични калакурници.

Еве ви топ 2 најретардирани наслови од вечерва.
http://think24.mk/2016/03/25/vonredni-vesti-politsiska-aktsija-vo-lipkovo-blokiran-vlezot-vo-arachinovo/

И најсилната
ПОЧНУВА ВОЈНА: Наоружани Албанци повторно влегуваат од Косово во Македонија
http://think24.mk/2016/03/25/pochnuva-vojna-naoruzhani-albantsi-povtorno-vleguvaat-od-kosovo-vo-makedonija/
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Не берете гајле, се било под контрола
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Акцијата е за разбивање на група трафиканти со емигранти. Наводно некој во напуштените куќи од селата Ваксинце и Лојане држеле емигранти и ги малтретирале барајќи им пари.
Пишуваат дека трафикантите се од Бангладеш.
Не ми се верува дека без подршка од некој локален мафијаш да држат заложници емигранти.

Изворот е албанскиот портал Portalb.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom