Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје

Член од
10 февруари 2013
Мислења
2
Поени од реакции
2
Имам прашање за универзитетот за сите студии,монтажет,режисер,актер...
Значи по завршувањето дали има работа,колку пари се добива...
2 прашање.Ако се студира во Франција во Париз дали се студира на англиски или мора на француски?Ве молам за одговори од тие што студираат/студирале таму,многу ми требаат.
Фала многу однапред :)
 
B

babsyy

Гостин
Ми треба искуство, ќе ве замолам за предлози за квалитетни приватни студии, конкретно од областа на актерството, кај нас?
 
Член од
2 април 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
Доколку некој пребарува по интернетов за ЕСРА, сега Еуро Прима и се нашол тука, еве неколку инсајдерски информации за универзитетот.

На Еуропа Прима се запишуваат во главно луѓе кои веќе работат во телевизија или имаат продукција... најчесто со веќе некакво искуство. Тие се запишуваат за дипломата, особено тие што работат во телевизија за да можат да напредуваат на работното место. Исто така и на постдипломски се запишуваат, затоа што се поминува прелесно.

Инаку има три факултети. Факултет за филмски уметности, Факултет за театарски уметности и Факултет за применета музика.

Квалитетот на образованието што ќе го добиете е секако низок, но исто така многу зависи од предмет до предмет и кој е професорот што го предава. Има неколку одлични професори.

Малку се учи во глобала и ако сакате да стекнете знаење, дали теориско, дали практично, нема да го стекнете. Прво, нема услови и капацитет за филмска продукција, нема доволно големи простории, за тоа посебно имаат проблем тие што се на актерска игра, бидејќи немаат сопствен простор за проби. Потоа, нема доволно техника, нема студио за монтажа... да не редам, би требало за сè сам да се снајдеш.

Сите катедри се лоши, посебно од Факултетот за филмски уметности, што поради професорите, што од немање основни услови за работа, што од никаков концепт за програма и методичност во наставата.

Еуропа Прима е тезгарошки универзитет на кој може да се помине многу лесно, но и да се запишеш мислејќи дека е лесно, повторно ќе се помачиш, затоа што многу работи на тебе ќе останат, секако зависи на што ќе се запишеш.

Можеби највеќе се исплати за актерска игра, но зависно во која класа и кај кој професор!

И за тонска продукција исто така се исплати, колку толку, има тонско студио, ќе се научи нешто и плус тој смер го нема на ФДУ.

За оние кои што навистина сакаат уметност и сакаат да се бават со уметност, односно сакаат да бидат уметници, слободно можат да ја заобиколат Еуропа Прима и да одберат друг факултет, за да не си ги фрлаат парите за џабе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom