Убиен ученик во тепачка во средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Moon Child

Гостин
Народе бе, извинете но што ви е на вас со кавгиве дали бил Албанец па среќа што е еден помалку и незнам ти што. Ова не било тепачка со боксови и полесни повреди.
Без разлика дали е Албанец или Македонец, овде се работи за НЕЧИЈ ЖИВОТ! Толку ли немате свест и совест???? Ајде веќе еднаш престанете и подајте си раце. Зарем е нешто важно? :( Попаметни сте или што, со муабетиве? Извинете но, некој браво ли ќе ви рече? Неможам да се изначудам, па уште и војни спомнуваат, така е лесно тоа и едноставно, само ја подгревате и така веќе загреаната тензија, која на никој нема да му донесе добро!
Не сакам да бидам нападната дека сум Мајка Тереза или незнам веќе што, но малку почит да се оддаде наместо да се препукувате за оваа "тепачка" која заврши трагично!
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
ПОРАДИ респект кон жртвата се откажуваам од реплики со некои РЕТАРДИ позз
 
B

Borg_Drone

Гостин
a vie makedoncite demek ne ste takvi???? ah more i vie mnogu dobro znaete ama aj so ke se prai no da znaete za ova sigurno nekoj ke go okrka
Прво не реков дека Македонците се светци, каде го виде тоа? Има и во наши редови ултранационалисти нема цвеќенца и кај нас. А тука да навлегувам во тоа колку проценти од Македонците биле светци или не нема да го правам, зошто после ќе се отворат милион теми на УЧК, 2001, бранителите, папата, рамковен договор... кур се тресе во ладна вода, наместо да се одаде почит на еден редок случај на соживот кој за жал го нема или пак е мноогу редок во Македонија.
Како и да е, оние коментари погоре на твојот сограѓанин го потврдува само она што го говориме ние.Добро е што го осуди и ти неговиот коментар, за поздрав...
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
И јас да ти дадам кратка реплика: Од човек како тебе после оној коментар ништо чудно што Македонците велат дека повеќето Албанци сте како од планина симнати.Самите вие (кои спаѓате во тие планинарци не генерализирам кај Албанците нормално) си ги потврдувате тезите, вистината боли знам....
А мислиш мене ме боли к** што мислат повеќето Македонци за Албанците? Не бе батка не се замарам со тие срања.

Но греота е што едно младо дете го изгуби својот живот, па уште некој тука влегува и ми кажува уште како биле Албанците, планинари или Албанци, наместо ние тука да дискутираме за сосема друга работа, а тоа е, како во иднина овие настани да не ни се повторуваат, ти влегуваш тука и го потиш, за сосема нешто друго.
 
B

Borg_Drone

Гостин
А мислиш мене ме боли к** што мислат повеќето Македонци за Албанците? Не бе батка не се замарам со тие срања.
Ако те боли уво тогаш не реплицирај за тоа кој што и како, дај гледај си животот и готово.
И јас велам дека е греота, не велам дека не е греота но тие што го зборат ова што ти го зборуваш не генерализираат, велат дека има луѓе со кои може да се живее, не со сите но има.Типичен пример ти е овој редок случај.Истото и вие го викате за нас, знаеме и ние...Барем тие не ти прават лицемерие од овие Богородициве, кои до вчера ставаа како што викаше еден ставаат се на кур албанско (прости на изразов ама поинаку не знам како да ги опишам), а сега се прават љубичици и светци.Јас велам има луѓе од Албанците, но јас лично со сите не можам да постигнам разбирање.Истото важи и за вас кога станува збор за нас односно вие го велите тоа, не мора сега баш поради инцидентов да го фарбаме светот розов.

Инаку младото дете е навистина жалосно што го изгуби животот, реков редок случај на соживот.И сум за тоа да се фатат убијците и да се казнат најстрого.И оваа држава веќе треба да превземе мерки во врска со заштитата на деца, не само постави физичко обезбедување и толку пиј по цел ден кафе и никаква грижа за децата.
И стрпете се да видиме со истрагава што и како ќе се потврди, кој го сторил ова и зошто има милион верзии.......Во секој случај жалосно е што државата разбира дека треба да се превземат мерки, откако ќе се случи ваква трагедија.
 
P

Princ

Гостин
Само да ве предупредам, после овој мој пост, секој што ќе се обиде да ја разводни темата и да ја затера во погрешен правец (погрешен правец ги сметам карактеризирањата на едните или другите, бидејќи конкретниов случај токму на спротивното од тоа не учи) ќе биде отстранет од неа или од форум, во зависност од тоа каков "грев си ставил на душа". Што би рекол Министерот за Образование, правдата ќе биде безмилосна. Разликата е во тоа што тој лаже, јас не.
Имајте малку образ и самоконтрола, и не им реплицирајте дури и на оние што тресат/истресле зелени. Запомнете, do not feed the trolls.
Значи имаме конкретен случај, средношколци, се тепаат, и по некој умира. Баталете 2001, баталете права и обврски, и останете на конкретната тема. Имаме конкретен проблем и не сакам некој да ми ја уништи темава.
А тема за споредби едни-со-други нема да ви отворам, ги заебувате секогаш.
Пис.
 

MkBaze

Beer!
Член од
4 октомври 2009
Мислења
17
Поени од реакции
5
Прво и прво: имам 20 години и што значи сум 4 години поголем од тебе. Покажи почит.
Второ, јас нигде не делев луѓе по националност, религија или раса. Јас делев по образование - пропалитети и нормални.
Јас како македонец нема да рипнам во НИЕДНА тепачка, без разлика кој се тепа, затоа што тепањето е одлика на пропалитетот. До не сум имал никакви инциденти, нема да имам ни во иднина.
Можам да си повторувам дека вакво нешто не се случило затоа што НЕ СЕ СЛУЧИЛО!
Без разлика што и 2те се гимназии, луѓето што излегуваат од 2те не се исти. Тие што излегуваат од Корчагин има голема веројатност дека ќе се запишат на факултет и дека ќе биде нешто од нив, тие од ГУЦ - НЕ! Дали е до професорите, до директорот или до самите деца што идат таму - ти одговори ми.
Тој во Здравко Цветковски ќе помине одличен или многу добар, во Корчагин ќе падне година ако не земе да учи.
Вака сега..
давам почит кон сите.не гледам години,ранк,репутација итн итн.
не реков/мислев за луѓе туку за училиштава...сепак лошо е да ги делиш..прво понижавање е за сите...мене искрено не ми е гајле кај учам и што...имам јас другари од корчагин многу ... и што завршиле,знам какви се,што се,колку се...но никогаш они не рекле нешто такво...да ги делат училиштата..
јас искрено сакам да кулирам со пиво и друштво и не се замарам со ништо,најмалку со тепачки...тоа ми се децки работи
а за тоа што се случило у корчагин а што у гуц ич не ме интересира...многу работи се случувале у корчагин а во гуц не и обратно
не е важно школото важно е тоа што ти влага у глава... имам другарки од гуц што знаат и учат трипати повеќе од другиве школи ''со повисок ранк''
зградиве нови што се во скопјево и пошироко се изградени од архитекти кој најверојатно а и многу голем процент сум сигурен дека се архитекти од гуц...
сега постојат приватни часови односно да дојде професор дома и да ти објасни повеќе од професорот на школо...или да те научи...затоа и да е до професорите тоа е решен проблем...што се однесува до директорката...сите ја сакаат добро се дрши за тоа школо и вложува колку што може повеќе...
Гуц порано беше многу строго,јако школо што примаа со 70 бодови(на времето)и сите идеа во орце,ѓорѓи,карев...итн итн да не набројувам...но кога зефљуш марку се премести во чаир на албанците од сарај не им одговараше таму и гуц почнаа да примаат албанци повеќе(претходно имаше не викам не но во мал број)и дека имаше многу луѓе што не можат децата да ги носат до чаир а немаат успех за во гуц мораше министерството за образование да ги намали бодовите за примање... ги намалија на 60....тогаш имаше многу запишано ученици со слаб успех....гимназијата се држеше добро... ги кренаа бодовите на 65 повторно се намали и немаа каде да учат а средното е задолжително и повторно на 60 ги вратија... и тогаш почнаа да се запишуваат деца со послаб успех па се до денес... но има деца кој им дошол паметот и седнале над книга и учат многу....моментално гуц односно професорите бараат многу повеќе од колку што бараа... и сега се учи многу повеќе од колку во другите гимназии(нема да именувам)... така да не е до децата..
што се однесува за паѓање година...никој не може да падне година затоа што таков е законот...само може на полагање...
јас знам дека Корчагин си е јака гимназија и ке остане јака... но бројот на ученици таму и бројот на ученици во Гуц не е ист...но тоа нема везе...има некој што не се борат за просек,туку за да поминат година и да шибаат на приватен факултет... а сега на факултетите не гледаат од кое школо доаѓаш....
ете така не морам повеќе да пишувам...мислам дека ме разбираш
поздрав
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.198
Поени од реакции
14.496
Јас бидејќи имам многу повеќе од грам мозок, учев во Корчагин каде со години немало инциденти (прашање е дали воопшто имало инциденти во историјата на школово), туку само добри вести од типот: три години по ред најдобри резултати на матура, освоено прво место во тоа и тоа, најдобри во тоа и тоа итн...

Општо познато е дека има многу средни училишта во Скопје (и во Македонија) со лоша репутација, и со право. Овде ми доаѓа на памет и тепачката пред некој месец во Хемиско, школо што исто така е од оние каде што има проблеми. Места каде што постојано се случуваат тепачки треба да се обезбедени од обезбедување, па во екстремни случаи дури и да има полиција да патролира. Ама нееее... Чекаат да се деси некој сериозен инцидент па да превземат нешто.
Ти бе тоа сериозен си?

Јас завршив во Корчагин и додека учев за тие 4 години 3-4 пати имаше дојдени од страна и тепачки во школото.
Еднаш влегоа и внатре имаше тепачка. Да не зборам дека имаше и тепачка меѓу цели класови уште во моја прва година а и баеги други тепачки надвор...

Така да не ти држи вода муабетот дека во Корчагин немало тепачки години наназад...
 

MkBaze

Beer!
Член од
4 октомври 2009
Мислења
17
Поени од реакции
5
слушнав се зборело дека тие 4 души биле од дом/интернат.....
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
44
Поени од реакции
3
песнава кажува се....Нека почива во мир,сочуство до фамилијата
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.134
Поени од реакции
5.881
Значи според тебе сите со "многу повеќе од грам мозок" треба у Корчагин да учат? А тие што сакaaт стручно средно? Или работава, гимназија или смрт а?
Еве се пофали 20 години имаш (демек мудрост нешо) што значи негде 2005 си се запишувал. Кажи ми, тогаш се дешаваа убиства по школиве? Ти затоа реши да идеш таму, за да ти е безбедно газето? Или мама и тато те запишаа? Друга работа, ако до сега не се случил инцидент, значи дека нема да се случи? Башка, колку што памтам, таму порничи се снимаа, така?
Дете е убиено, а ти тролаш срања за Корчагин дека освојувал награди додека другиве деца биле пропалитети. Се гледа кој е пропалитет од твојот потпис - експерт за Counter Strike на 20 години.. Или не те викнаа за у клипчињата па сеа си лечиш некои чудни фрустрации, а?
Пошо ти значат годиниве, претпоставувам дека ќе ме послушаш и ќе престанеш да пишуваш глупости на темава. Благодарам
Не дека треба у Корчагин да одат, ама ако сакаат помирно и поефективно образование би им препорачал да одат таму. А некој ако сака да оди стручно средно очигледно е дека не му се учи. Тој што сака да постигне нешто ќе се запише на факултет. Конкретно, завршив во Корчагин и сега сум на Електро. Чисто за споредба, знаеш колку луѓе има од Коце Металец на Електро? Јас колку што знам - НУЛА (или на прсти се бројат тие што преживеале прва година). А Коце Металец како средно стручно за електротехника и информатика треба да е најдобро на Електро, нели?
Се дешавале тепачки уште од порано, ама ко ќе видиш - све едни те исти школи: фискултурно, хемиско, птт, коце, асуц, моша, ветеринарно. Јас решив да идам таму за да не морам 4 години да трпам мајмуни кои се запишале у средно само затоа што е задолжително. И не снимале порничи, ама дури и да снимале: порното во НИКОЈ СЛУЧАЈ не можеш да го споредиш со убиство.
Тоа што играм CS воопшто нема врска. Познавам и поголеми што сеуште играат CS, а се успешни програмери/инжењери.

Ти бе тоа сериозен си?

Јас завршив во Корчагин и додека учев за тие 4 години 3-4 пати имаше дојдени од страна и тепачки во школото.
Еднаш влегоа и внатре имаше тепачка. Да не зборам дека имаше и тепачка меѓу цели класови уште во моја прва година а и баеги други тепачки надвор...

Така да не ти држи вода муабетот дека во Корчагин немало тепачки години наназад...
За моите 4 години додека студирав немаше ништо. Дури и да имало, било премногу ситно за да се спомне.
 

MkBaze

Beer!
Член од
4 октомври 2009
Мислења
17
Поени од реакции
5
Не дека треба у Корчагин да одат, ама ако сакаат помирно и поефективно образование би им препорачал да одат таму. А некој ако сака да оди стручно средно очигледно е дека не му се учи. Тој што сака да постигне нешто ќе се запише на факултет. Конкретно, завршив во Корчагин и сега сум на Електро. Чисто за споредба, знаеш колку луѓе има од Коце Металец на Електро? Јас колку што знам - НУЛА (или на прсти се бројат тие што преживеале прва година). А Коце Металец како средно стручно за електротехника и информатика треба да е најдобро на Електро, нели?
Се дешавале тепачки уште од порано, ама ко ќе видиш - све едни те исти школи: фискултурно, хемиско, птт, коце, асуц, моша, ветеринарно. Јас решив да идам таму за да не морам 4 години да трпам мајмуни кои се запишале у средно само затоа што е задолжително. И не снимале порничи, ама дури и да снимале: порното во НИКОЈ СЛУЧАЈ не можеш да го споредиш со убиство.
Тоа што играм CS воопшто нема врска. Познавам и поголеми што сеуште играат CS, а се успешни програмери/инжењери.


За моите 4 години додека студирав немаше ништо. Дури и да имало, било премногу ситно за да се спомне.
имаше многу за спомнување за Корчагин.... ама ако тоа е ситно за тебе океј... ова што се деси у гуц беше навистина големо....пу пу недај воже да се деси на друго место...
и ти сакаш да ни кажеш нас дека ние треба сите да се префрлиме во корчагин? да немаме проблеми,да можеме на факултет да се запишеме?
хех ...исто како да си дете...не размислуваш што збориш и не знаеш што збориш...искрено неповрзани работи збориш...тропаш глупости постари од мене кантер страјк играле...а овде дете го загубило животот... вака гледаме кој има у мозок...продолжи си ти со мислењава вака..продолжи со електро и со кантер...
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Некој го сакачаше еден Дарко Анчев, и дојде пријтел му , еден Албанец, да му помогне.

За жалост...
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Задолжително средно образование, само не гарантираме дали после часови ќе се вратат децата дома - живи.


Сочувство со фамилијата на детето.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
Фактот е дека некоја мајка и некој татко денес не си го дочекале синот средношколец дома. Можете да ја развлечете темата во кој сакате правец, но тој факт ќе остане. Сочувство до семејството на детето, нека почива во мир.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom