Не е возможно, па чак и бифтеци четири, а не шницли да нарачале, во скуп ресторан.
(добро сеа, со виното е друга прича, може само виното да биде 10.000 у некои ресторани, некои вина)
Како што кажа дечкото ќе си ги гледаш цените и ќе идеш кај што ти одговара. Памтам татко ми што ми има кажувано бил на ручек во Воденица пријател негов частел и чисто информативно како угостител го интересирала сметката.
За 4-ца луѓе не ми текнува на детали али немале ништо посебно нарачано 36000 мкд. (Во нормален ресторан можеби 4000-5000 илјади макс би коштало)(го прашал пријателов дали е нормален
)
Во врска со темава ќе споменам неколку работи.
Од една страна УЈП си ја врши работата и во нормална држава би требало секој да си плаќа данок. Од друга страна целиот данок буквално иде по џебови на која било моментална власт.
Татко има направено бизнис од нула и 30+ години плаќал/плаќа данок, а за тоа не добил буквално никаква инфрастуктура. Уличното осветлување со години наназад подолги периоди е нефункционално, ѓубрето се собира еднаш месечно и буквално се останато што треба да функционира во нормална држава не функционира.
Мене ако ме прашаш се заебал што е поштен во ваква држава и требало да тера 90% на црно од првиот ден.
Во врска со цените во Охрид и Скопје се согласувам дека се напумпани, но битно е да си запознаен и со околностите.
Во City Mall на пример плаќаат од 8000к - 15к евра кирија некои можеби и повеќе и не е чудно што цените им се солени. За Охрид не знам ама Скопје имаш опција да идеш во маалски местенца каде цените се поефтини.
Друга работа е треба да знаеш што добиваш, дали користи кафе од 1500мкд килограм или 500мкд килограм, дали седиш на столица од 1000мкд или 10000мкд итн итн.
На едно место плескавицата е 150 мкд ама добиваш 100 грама, а во комшии е 200мкд ама добиваш 350грама ама битно кај првиов е поефтино
Понатаму повеќето луѓе ги гледаат локалите кога се полни, а 70% од времето не се.(Можеби ова неважи за строг центар на Скопје ама важи за 85% од Македонија)
Друга работа кога некој од што не работел угостителство си прави пресметки не ги зема во предвид скриените трошоци кои ги има еден куп. На пример со кафето имаш гага ви-фи, греењето на зима троши исто и за еден гостин и за цел објект.
Можеби ако власта направи некој чекор да се има поголема транспарентност каде се трошат даноците и сите што плаќаат даноци барем за дел од данокот да им се слушне гласот каде да се инвестираат тие пари би се намалила сивата економија.
П.С Имам информации за локали во Скопје кои пријавиле данок од 10к евра годишно, а прават 400-500к евра промет што е далеку од океј и уствари затајуваат данок дупло повеќе од Ивона
ама со оглед на тоа како се трошат даноците можеби се и во право.