Топ 5 бизарни експерименти за животот после смртта

S

Shellshock nam67

Гостин
Во листава се вброени некои интересни и понекогаш интригантни експерименти изведени во обид да се одговори со потврден или пак со негативен одговор на едно од најважните прашања со коишто се соочило човештвото: Има ли живот по смртта? Се надеваме дека секој којшто има информација со којашто ќе допринесе за веродостојноста (вклучувајќи тука и ваши сопствени искуства) или пак било каков доказ со којшто ќе се побијат овие експерименти ќе го сподели своето знаење во коментарите под текстот.
5. EVP експерименти


EVP (Electronic Voice Phenomena) е мистериозно случување при коешто човечки гласови од непознат извор се слушаат на магнетофонска лента, во радио шумот помеѓу две станици или на некој друг електронски уред. Најчесто електронските гласовни феномени биле забележани на аудио лента. За време на самото снимање мистериозните гласови не биле слушнати, туку при преслушувањето на снимениот материјал. Некои скептици велат дека толкувањето на случајни звуци како гласови и говор на нечиј јазик на човек од друго говорно подрачје би му звучело како обичен спорадичен шум. На YouTube можете да преслушате бројни аудио записи на коишто наводно можат да се слушнат гласови од другиот свет. Со оглед на современите софтвери и уреди за аудио манипулација, дали ќе верувате или не, оставаме на вас.
Интересен факт: Филмот „Бел Шум“ од 2005 година со Мајкл Китон во главна улога се сосредоточува исклучиво на феноменот EVP при обидите на главниот лик да воспостави контакт со неговата неодамна почината сопруга.
4. Експерименти со тежината на мртвите


Во 1907 година Др. Данкан Мекдугал од Хаверхил, Масачусетс ставил шест пациенти на умирање на специјално дизајниран кревет и ја мерел нивната тежина додека тие го испуштале последниот здив. Според резултатите од експериментот, пациентите изгубиле приближно 21.3 грама од својата тежина. Мекдугал исто така измерил и петнаесет кучиња под истите околности, но тука резултатите биле негативни, т.е. немало никаква промена во поглед на нивната тежина. Ова за Мекдугал било потврда дека душата има тежина и дека кучињата немаат душа. Експериментите на Мекдугал биле објавени во New York Times и во некои медицински списанија.

Интересен факт: Во својот дневник Мекдугал се жали дека не може да најде кучиња кои умираат од природна смрт, што наведува на сомнеж дека тој ги труел кучињата за да ги спроведе своите експерименти. Овој експеримент бил инспирација за филмот „21 грам“ со Шон Пен во главна улога.
3. Експериментот „Божјиот шлем“


„Божјиот шлем“ се однесува на контроверзен експеримент во невротеологијата (дисциплина којашто се занимава со можната врска помеѓу духовноста и неврологијата) од страна на Мајкл Персинџер. Кога специјално модифициран шлем ќе се стави на главата на субјектот, магнетските полиња почниваат да го стимулираат мозокот. Персинџер тврди дека искуствата на пациентите коишто биле блиску до смртта како силните светла, присуството на Бог или видувањето на починати блиски роднини итн. можат да се предизвикаат и на тој начин. Ричард Докинс, којшто е познат по своите атеистички погледи и критицизам на религијата се пријавил да го тестира изумот на Персинџер. По експериментот, тој на BBC признал дека бил многу разочаран бидејќи не искусил никакво соединување со вселената или некоја друга спиритуална сензација. Вреди да се спомне дека шлемот исто така бил тестиран и од личност којашто претходно доживеала блиска средба со смртта при што обидот да се создаде истата сензација бил неуспешен.

Интересен факт: Персинџер тврди дека најмалку осумдесет проценти од учесниците во експериментот доживуваат присуство на некој во собата, којшто тие го опишуваат како Бог или пак како некој познат којшто починал, во зависност од случајот.
2. Експериментот Филип


Експериментот Филип бил извршен во раните седумдесетти од страна Здружението за психички иследувања од Торонто. Целта на експериментот била да се види дали измислен историски лик може да се манифестира себеси преку напори на групна концентрација. Духот го нарекле Филип, и на духот му дале лични особини и целосно минато, дури нацртале и негов портрет за да биде што пореалистичен. Осумте членови на групата ја запомниле измислената биографија и го проучувале периодот во којшто Филип наводно живеел. Сеансите биле неуспешни со месеци се до 1973 кога Филип почнал да комуницира. Најпрвин тоа биле неповрзани знаци на масата. Во месеците што следувале, групата открила дека кога тие ќе поставеле прашање и кога ќе употребеле едно удирање на масата за „да“ и две за „не“, всушност можеле да воспостават интелегентна комуникација со нивниот дух.

Интересен факт: Експериментот завршил со чуден крај кога еден член на групата решил да ја расипе забавата викајќи му гласно на Филип: „еј абе ние сме тие што те измисливме, така да знаеш“. Оттогаш комуникацијата со Филип повеќе не можела да се воспостави. Штом на Филип му било кажано дека не постои, тој и престанал да постои.
1. Ловци на духови


„Ловци на духови“ е реалити шоу коешто дебатирало во 2004 година. Тим од истражувачи патува на локации коишто наводно се опседнати со духови. За да ги најде духовите, тимот експериментирал со Гајгеров бројач, електромагнетни скенери, камери со инфрацрвено светло, дигитални рачни камери, дигитални аудио рекордери и лаптоп компјутери. Ловците на духови тврдат дека успеале да забележат неколку добри снимки на чудни маглини, невообичаени светла, предмети во движење и сенчести фигури коишто се покажуваат пред камерата и брзо исчезнуваат.

Интересен факт: Скептиците и критичарите на програмата посочуваат на недостигот од научна методологија и критичко испитување во нивните истражувања, како и на сомнителната продукција којашто вклучува и едитирање на материјалот.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
4. Експерименти со тежината на мртвите


Во 1907 година Др. Данкан Мекдугал од Хаверхил, Масачусетс ставил шест пациенти на умирање на специјално дизајниран кревет и ја мерел нивната тежина додека тие го испуштале последниот здив. Според резултатите од експериментот, пациентите изгубиле приближно 21.3 грама од својата тежина. Мекдугал исто така измерил и петнаесет кучиња под истите околности, но тука резултатите биле негативни, т.е. немало никаква промена во поглед на нивната тежина. Ова за Мекдугал било потврда дека душата има тежина и дека кучињата немаат душа. Експериментите на Мекдугал биле објавени во New York Times и во некои медицински списанија.

Интересен факт: Во својот дневник Мекдугал се жали дека не може да најде кучиња кои умираат од природна смрт, што наведува на сомнеж дека тој ги труел кучињата за да ги спроведе своите експерименти. Овој експеримент бил инспирација за филмот „21 грам“ со Шон Пен во главна улога.
Како што тврдат повеќето психолози душата е енергија.А како штo e oпшто познато енергијата нема маса.Е сега како,што изгубиле 21.3 грама тоа останува прашање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom