Топеница или Тупеница

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
...
Тупеница,Расолница,Качамак,Чварки,Пача
..........ве вратив пола век наназад.
Иде зимо почнаа тикви да се печат, ама за тоа имате тема секако, ама за ова.
Денес поточно пред малку прв пат пробав РАСОЛНИЦА и тоа ми даде повод за овој муабет.
Овие јадења Тупеница,Расолница,Качамак,Чварки и Пача беа специјалитети посебно или само во зимно време. Овие јадења мислам ги имаше во секоја скопска куќа.Тоа време пред земјотресот стававме расол во дрвени буриња-каци.Исто така стававме и свинско месо во дрвени каци,ред месо ред сланина.
За пача ќе правиме муабет понатака за Водици.
Ама ТУПЕНИЦАТА најмногу јас(или ние деца) сме ја чекале на маса со нетрпение. Можеби некој од вас и незнае што јадење е тоа, во што не верувам,но незнам таму кај некој фамилии со родител,градски татко во тоа време или директор на Охис или Маврово или со пет ѕвезди на рамо можеби имало други јадења кај ним.
Слики нема...ако некој побара ќе пуштиме.
За сега само рецептот.
Има останато бајат-тврд леб,се дроби во една тава=тепсија лебот на мали парчиња, се става одозгора две три лажици свинска маст(сега бидејќи ја немаме ставам маргарин) се попрскува и со малку вода целата тава одозгора.Се става тепсијата во загреана релна (тогаш беше обавезно во шпорет на дрва).Се пече 15 тина минути додека не се зацрвенат горните парчиња леб. Тие најмногу ги сакам крцкави се.Ако се има чварки се ставаат и тие одозгора при печењето. Се служи обавезно со ладна расолница,порано беше во длабока чинија во која се ставаше и дробен сув-печен пипер или буковец.
Е сега како се овие јадења наречени по Битолски,Тетовски,Штипски кажете.
Па пријатна вечера.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538

Mislam deka se vika Bakrdan ako ne gresam, baba mi stalno go pravese sekoe zimo, a kolku godini si ti? kako mozes da ne si probal rasolnica, toa ti e ona presolta od zelkata so e, neli koga vades zelka za sarma vo zimo imas rasolnica sekako, moite ja pijat a jas ete ne mozam mnogu jak miris mi ima, me tera na povrakanje. Isto taka dobro jadenje so pravese baba mi bese nesto sto se vika Bungur se sekavam mnogu vkusno bese i mnogu zdravo.
 
M

Moon Child

Гостин
Јас вчера си правев топеница, ама во изменета форма хаха!
Кај мене рецептот иде вака:
Ставам маргарин на неколку парчиња леб, плус ставам една лажица маргарин на тавата да не се лепи и лебот намачкан со маргарин и издробен го пржам едно 10тина минути да биде крцкав таман. Не попрскувам со вода, само посолувам на лебот уште пред да го ставам да се пржи. Ова со сирење или јогурт е идеален појадок :D
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
ТОПЕНИЦА
Ја немам јадено со години.....
Инаку, ако нема свинска маст, ништо, никаков маргарин не може да ја замени. Начинот на правење е тој (Има останато бајат-тврд леб,се дроби во една тава=тепсија лебот на мали парчиња, се става одозгора две три лажици свинска мастсе попрскува и со малку вода целата тава одозгора.Се става тепсијата во загреана релна .Се пече 15 тина минути додека не се зацрвенат горните парчиња леб) + малку сол + обавезно откако ке се испече, се става кршено сирење, додека е жешка, да се промеша уште во тавата. Од прилог чај или јогурт.
Mislam deka se vika Bakrdan ako ne gresam, baba mi stalno go pravese sekoe zimo, .
Не, си помешал. Бакрдан, или бакрданик е качамак ( она што сега, како инстант го знаеме како палента). Јадење направено од пченкарно брашно, сол, вода, маст.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Топеница од време на време жена ми прави, кога ќе остане стар леб. Пред тоа не сум јадел.
Чварки е српскиот збор за џимиринки, или во западна МК некаде се викаат пршки.
 
P

Patience

Гостин
Топеница ние во полошкиот крај го викаме топенца/топењца. Знам дека се прави со брашно, вода, се прават како кори се печат, па со виљушка се раскинува на крај. Се јаде со кисело млеко или со изрендано сирење. Баба ми како ја правеше порано алал да ѝ е. Секоја недела тоа јадев. Сега еве читам со леб се правело. Во различни краеви различно :toe:
Е кај ме потсетивте 10 години немам јадено...

Еве на ова мислам, сега барав.
https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Топеница
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.984
Поени од реакции
11.910
...
Тупеница,Расолница,Качамак,Чварки,Пача
..........ве вратив пола век наназад.
Иде зимо почнаа тикви да се печат, ама за тоа имате тема секако, ама за ова.
Денес поточно пред малку прв пат пробав РАСОЛНИЦА и тоа ми даде повод за овој муабет.
Овие јадења Тупеница,Расолница,Качамак,Чварки и Пача беа специјалитети посебно или само во зимно време. Овие јадења мислам ги имаше во секоја скопска куќа.Тоа време пред земјотресот стававме расол во дрвени буриња-каци.Исто така стававме и свинско месо во дрвени каци,ред месо ред сланина.
За пача ќе правиме муабет понатака за Водици.
Ама ТУПЕНИЦАТА најмногу јас(или ние деца) сме ја чекале на маса со нетрпение. Можеби некој од вас и незнае што јадење е тоа, во што не верувам,но незнам таму кај некој фамилии со родител,градски татко во тоа време или директор на Охис или Маврово или со пет ѕвезди на рамо можеби имало други јадења кај ним.
Слики нема...ако некој побара ќе пуштиме.
За сега само рецептот.
Има останато бајат-тврд леб,се дроби во една тава=тепсија лебот на мали парчиња, се става одозгора две три лажици свинска маст(сега бидејќи ја немаме ставам маргарин) се попрскува и со малку вода целата тава одозгора.Се става тепсијата во загреана релна (тогаш беше обавезно во шпорет на дрва).Се пече 15 тина минути додека не се зацрвенат горните парчиња леб. Тие најмногу ги сакам крцкави се.Ако се има чварки се ставаат и тие одозгора при печењето. Се служи обавезно со ладна расолница,порано беше во длабока чинија во која се ставаше и дробен сув-печен пипер или буковец.
Е сега како се овие јадења наречени по Битолски,Тетовски,Штипски кажете.
Па пријатна вечера.
Ние ја викаме топеница и многу добро иде со кисело млеко, одамна ја немам јадено, добро би ми дошло денес :D
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Топењца, пршки, губи, тарана, кадаиф, баклави, сутлијаши, расолница (ова е убо одма после пијанство за отрезвење ти), комат, мантиија, кравјаче, питуљици, меќици, макало, кол пита, погача, проја, качамак, тигањци влашки, тури потпечени, ѓомлезе стари лисац Анчо, ѓеврек, спанаќ пита и уш едно 420 работи шо не ми теквет шо ги иам јадено ко детиште и уште ги јадам.
Е стари брат Анчо иам пробвено јадења од баби и жени домаќинки ти со око шо ги нeмаш видено:D, не пак да ги намирисаш:D
Саде неможам да јадам пача, еднушка пробав и најверојатно каснав рскавица од уше или ушето од некое свинче/прасуле, го каснав го изгризав оп в стомаче и ко ми се наткрена черевава на асфалт ги остадов со си пачата заедно избљвав све.
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Топеница од време на време жена ми прави, кога ќе остане стар леб. Пред тоа не сум јадел.
Чварки е српскиот збор за џимиринки, или во западна МК некаде се викаат пршки.
тогаш чушки и френки сигурно е хрватски ....
Чварки е по скопски или на скопски дијалект (рецептата ја знаеме сите)
Топеница ние во полошкиот крај го викаме топенца/топењца. Знам дека се прави со брашно, вода, се прават како кори се печат, па со виљушка се раскинува на крај. Се јаде со кисело млеко или со изрендано сирење. Баба ми како ја правеше порано алал да ѝ е. Секоја недела тоа јадев. Сега еве читам со леб се правело. Во различни краеви различно :toe:
Е кај ме потсетивте 10 години немам јадено...

Еве на ова мислам, сега барав.
https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Топеница
па ова повеќе ми личи на ЈУВКИ или ѓомлезе.
Јас вчера си правев топеница, ама во изменета форма хаха!
Кај мене рецептот иде вака:
Ставам маргарин на неколку парчиња леб, плус ставам една лажица маргарин на тавата да не се лепи и лебот намачкан со маргарин и издробен го пржам едно 10тина минути да биде крцкав таман. Не попрскувам со вода, само посолувам на лебот уште пред да го ставам да се пржи. Ова со сирење или јогурт е идеален појадок :D
опа ова по ново нешто ми мириса на НАФОРА.
Mislam deka se vika Bakrdan ako ne gresam, baba mi stalno go pravese sekoe zimo, a kolku godini si ti? kako mozes da ne si probal rasolnica, toa ti e ona presolta od zelkata so e, neli koga vades zelka za sarma vo zimo imas rasolnica sekako, moite ja pijat a jas ete ne mozam mnogu jak miris mi ima, me tera na povrakanje. Isto taka dobro jadenje so pravese baba mi bese nesto sto se vika Bungur se sekavam mnogu vkusno bese i mnogu zdravo.
одамна..многу одамна поминав половина век.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
ТОПЕНИЦА
Ја немам јадено со години.....
Инаку, ако нема свинска маст, ништо, никаков маргарин не може да ја замени. Начинот на правење е тој (Има останато бајат-тврд леб,се дроби во една тава=тепсија лебот на мали парчиња, се става одозгора две три лажици свинска мастсе попрскува и со малку вода целата тава одозгора.Се става тепсијата во загреана релна .Се пече 15 тина минути додека не се зацрвенат горните парчиња леб) + малку сол + обавезно откако ке се испече, се става кршено сирење, додека е жешка, да се промеша уште во тавата. Од прилог чај или јогурт.

Не, си помешал. Бакрдан, или бакрданик е качамак ( она што сега, како инстант го знаеме како палента). Јадење направено од пченкарно брашно, сол, вода, маст.
Процедурално. Палентата е многу далеки од бакрданот/качамакот, и на вкус, изглед и начин на подготовка, заедничко им е што се прават од пченкарно брашно.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Процедурално. Палентата е многу далеки од бакрданот/качамакот, ....
Се прифаќа.
Мада јас јадење што се прави од исти суровини ( пченкарно брашно, сол) на исти начин (се вари со вода) ги викам исто.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
По тетовски се вика топенца или дрпан дедо.

Топенца никогаш не сме направиле од стар леб, туку баш како што кажа @Patience од брашно, вода, сол, се прави смеса и се става во тава да се пече, откако малку ќе се потпече се зема вилушка и се дроби кората на колку што е можно поситни парчиња, па се допекува уште малку. На крај само се попрскува со загреан зејтин.[DOUBLEPOST=1481428229][/DOUBLEPOST] od-vardara-do-triglava--7c2e031f40b1286769adc8aa568318cd_view_l.jpg
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Во Куманово исто Топеница се вика.
Инаку јас ја јадам со кисело млеко, бидејќи не сакам и не употребувам расолница и туршија, ми пречи киселиот мирис.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom