Тод Зафироски во репрезентација - да или не?

Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Има многу подобри и поквалитетни играчи од овој во Македонија што ги нема у репрезентација , не е се у висината...
кои се тие?

тод МОРА да добие шанса, пред се заради тимот во кој тренира и тренерот, а и заради висината и позицијарта на која игра, а ние таму и немаме кој знај каков избор!!!

мислам дека нема никого да му наштети, а можи многу да се добие. ако не вреди, нема да игра.
 
M

marko 1996

Гостин

Свесен си за што сакаат да го повикаат? Експерименти се прват на квалификации за Олимписки Игри? Да треба да биде повикан , ама на пријателска средба... Неможе да се повика играч кој има 4 средби 21 година и никакво искуство во поголеми натпреварвуања во квалификации за ОИ. Треба да се повика на пријателска да се испроба ама сега ? Никако. А играчи има колку сакаш... Бојан незнам како се презива детето од Торус гази , Димче Тасовски просек му 25 поени скоа , шутира тројки .... Некој што ке може да влезе у игра не само 6 играчи да се ротираат во игра ние можевме многу повеќе на Европското ама со 6 играчи ни американците неможат да играат, треба играчи што ке играат а не ке греат клупа и разни експерименти по 20 години деца.
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
37
Сигурно и во Дјук имаат корист од постариов Зафировски чим го ставаат син му да игра... не гледам причина да не го земеме и ние ако човеков даде пари за подготовките, ништо нема да смени ако му дадат 2-3 минути на натпревар, во Литванија имавме двајца играчи што не станаа од клупа па никому ништо :)
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Свесен си за што сакаат да го повикаат? Експерименти се прват на квалификации за Олимписки Игри? Да треба да биде повикан , ама на пријателска средба... Неможе да се повика играч кој има 4 средби 21 година и никакво искуство во поголеми натпреварвуања во квалификации за ОИ. Треба да се повика на пријателска да се испроба ама сега ? Никако. А играчи има колку сакаш... Бојан незнам како се презива детето од Торус гази , Димче Тасовски просек му 25 поени скоа , шутира тројки .... Некој што ке може да влезе у игра не само 6 играчи да се ротираат во игра ние можевме многу повеќе на Европското ама со 6 играчи ни американците неможат да играат, треба играчи што ке играат а не ке греат клупа и разни експерименти по 20 години деца.
изгеда не си сватил ко шо треба. го викаат на припреми, а не да игра на квалификацискиот турнир. ако се покажи на припремите, тогаш ќе игра и натаму.

од овие кои си ги напишал, ама баш НИКАКВА корист нема да имаме, тежок просек се! плус мислам и дека тасовски се откажа од репрезентација пред некое време. имаме ние доволно високи играчи кои сакаат да шутираат за 3 и овие ако ги имаме тогаш не сме направиле ништо оти под кош нема кој да остани. тод затоа го викаат НА ПРОБА, за под кош!!!
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Во повеке наврати пишав за Зафировски. Мора да се знае дека покрај него помлади кој можат да одговорат на 4 и 5 се Коларич и Николовски. Да не се доведеме во ситуација како на европското да нема кој да ги одмори на Антич и Самарџиски. Тука е и Ѓечевски, но што после него? Тоа му се последните неколку месеци од кариерата плус треба да имаме минимум 5 високи за некое големо натпреварување. Па нека биде и петти ако се докаже. Сепак ке биде многу подобар од Чековски кој е висок дури 202-203 сантиметри, а игра на позиција центар...Јас сум за да се проба. Можеби сега ке немаме некоја корист од него, но во иднина и тоа како ке имаме.
 
H

HoT IcE

Гостин
Нека го земат, нека го проверат на неколку контролни меча и крај.
Јас без Костоски, Николовски и оној Караџоски од Торус не би пошол на Олимписки игри, дечките се одлични играчи и можат да ротираат.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Jaс бев меѓу првите што млатев за детево да се проба за репрезентација и пратам што се случува со него од 2010... Но, тука се ствара многу погрешна слика за неговите квалитети со тоа што се кажува дека играл за Duke. Зафировски имал понуди за стипендиски договори од два колеџи, не се сеќавам точно кои, ама ги одбил за да СТУДИРА (не да игра) на Duke. Крајот на 2009 играчот на Duke Olek Czyz незадоволен од шансата што ја добива во Duke бара трансфер на друг колеџ и тука се отвора простор за Зафировски кој во тимот влегува како walk-on, т.е. повеќе служи за загревање на играчите и како добар спаринг партнер на тренинзите, но не доволно добар за да игра. Повеќето играчи кои играат во NCAA екипите од прв ранг имаат стипендиски договори, т.е. не плаќаат ништо за студирање, за разлика од Зафировски кој првите две години сам плаќал за студирање, дури последнава сезона доби стипендиски договор. Крижевски го ставаше во игра во мечеви кои беа добиени со 20-30 разлика, и тоа по минута-две на меч, и искрено тоа ме иритираше, значи имаше мечеви во кои комотно можеше да му даде да изигра барем по пет минути без да има никаква штета на резултатот. Тоа кажува дека или Зафировски нема сериозни намери за професионална кошарка, или во тимот е колку да пополнува место, или стварно е тапа штом не добива голема шанса да игра. Исто така не добива шанса поради тоа што на неговата позиција Duke има страшно добри играчи кои во претходниве сезони завршија во NBA или во наредните две сезони ќе завршат во NBAA. Јас би сакал да го видиме во репрезентацијата барем на пријателски, затоа што реално не доби вистинска шанса во Duke. Сепак голема предност е да имаш привилегија да присуствуваш на тренинзите на селекторот на USA и убедливо најуспешниот тренер во NCAA, а исто така да имаш привилегија да играш со минатогодишниот пик број еден на драфтот во NBA Kyrie Irving (кој најверојатно ќе биде и руки на сезонава), потоа син му на Doc Rivers, брат му на Stephen Curry од Golden State... итн...
Јас мислам дека понекогаш може :). Има многу примери а последен и најсвеж е оној кој е врзан за Џереми Лин. Не знам колку си запознат дека изминатото лето Лин им бил нуден на Реал Мадрид, меѓутоа Пабло Ласо (тренерот на Реал) и Алберто Ерерос сметале дека нема никаква вредност и не го ангажирале.
Така што додека не се види на дело за ниту еден играч не може со сигурност да се тврди дека е неквалитетен и обратно.
Многу лоша споредба правиш, Џереми Лин бил легенда и на колеџ, срушил многу рекорди на Harvard.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
И така сега крај на мај почеток на јуни мислам ќе се одржува пак тој ех-Ју турнирот во Словенија и на него нека играат само играчи кои не избориле место ( како мекејлеб,антич.владо.војдан..)за на квалификации за олипијада па да го видиме и Тод.
 
pa taka de! nema da boli ako se proba na prijatesli sredbi!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Немаме центри во Литванија клучен центар ни беше Чековски откако се повреди Гечевски и требаше да се одмора Самарџиски. На никого нема да му штети ако влезе Тод Зафировски да се проба на неколку тест средби. Лошо е кај нас што одма кружат муабети од типот дека тој платил за да игра и слично. Сега и со Кире Николовски Македонија сигурен сум дека има што да покаже на таа позиција на која бевме лошо покриени со замени.
 
Ниту Тод ниту Николовски не се центри туку се Power Forwards исто и Антич е.Самарџиски и Гечевски само ни се центри ( иако гечевски е исто ПФ али игра како центар сосема добро ).Самарџиски имаше потенцијал да стане ѕвер и посебно денес како што се сите екипи тенки на центарска позиција ќе имавме многу јак тим.Али он место да се набилда и да стане малце екцентричен и агресивен он се понаша како виршла на терен ниту се бутка ниту ништо чека да му падне топка во раце под кош и место да иде на закуцување иде на положување ќе го фаулираат и ќе ги утне барем едно од слободните.

Да го земат Огнен ( по можност и место дамјан ) + Николовски,Антич,Војдан,Димчевски па и Мекејлеб и Гечевски ќе имаме ептен шутерска екипа посебно ако Војдан игра на ниво како што играше во Украјна.Со мекејлеб и владо сме супер и на плејмејкерска позиција се што ни фали е добар центар за да не мора Антич,Гечевски и Николовски да ги поправаат сите грешки на Самарџиски.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Бананава изгледа импресивно :D Со оглед на предиспозициите кои ги има, штета што најверојатно најверојатно кога се запишал на колеџ се откажал од желбата некогаш да направи професионална кариера.

Kajgana Shop

На врв Bottom