Johnny B
Психопат
- Член од
- 15 февруари 2010
- Мислења
- 11.294
- Поени од реакции
- 10.531
Какви глупости.Леле еј преку кур од овие коментари за тоа како они не мислеле на нас кога ни се десило Куманово, кога ни се десило тоа кај Смиљковско, преку кур више. Само кај нашиов менталитет ова го има, па ова е бетер од тоа „да му умре козата на комшијата“, ова ти е поише ко „мене кога ми умре козата, на комшијата гајле му беше, па сеа него кога му умре жената мене гајле ќе ми е, па дури и ќе му се ситам“. Зашто сме мењале профилни, зашто во Скопје смениле бојата на зградите во бојата на француското знаме, не дека цел свет не го праи ова. Ама не, само ние имаме против, ние посебните антички македонци, најпаметните на светов. Дај преку кур прекинете да се праите паметни како вие да сте оптималните граѓани врз кои биле извршена страшна неправда, па сега бркате некаков си одмаздничко-егоцентричен поход.
Луѓе, нападов на Париз е терористички напад на подрачје кое во својата околина нема видено В од војна у последните 50 и кусур години. За разлика од блискиот исток каде војната е секојдневие, за разлика од Балканот каде што имаше војна во Југославија, за разлика од Македонија каде што ние имавме војна во 2001. Овој терористичи напад е удар на место врз граѓани кои не знаат за ништо друго освен мир, бидејќи никогаш не биле загрозени. Ова не е секојдневен удар, ова е сериозна закана за општеството, не само за Париз. И сега добиваш удар, хаос. Па се поставува прашањето. Ако терористиве можат тука да удрат и да нанесат вакви штети, па боже што би можеле да направат во понеразвиени и помалку безбедни држави, на пример како нашата? Што би правеле ние? Значи преку кур од ваквиов менталитет со ситење, со „е сеа ние ќе ви вратиме“, со „што не ни помогнавте вие тогаш“. Имајте малце човечност у вас. Сте слушнале за "be the change you want to see in the world"? Па ако ти сега не покажеш разбирање и сочувствување, како очекуваш во иднина на некој да му е гајле за тебе? Сте слушнале и за "be the bigger person"? Она кога двајца не се сложуваат за нешто, но во име на добрината и слогата едниот отстапува од своето? Зошто не можеме ние да бидеме тие? Крај краева, кој ебан фактор сме ние за некој да му е гајле за нас? Па токму овие прилики се моментите каде треба да покажеме дека сме некаков фактор. Ова се моментите каде што би можеле да направиме некаква база, и утре нас кога ќе ни треба помош да кажеме „ние бевме со вас тогаш, сеа вие бидете со нас“. А тоа нема да се деси со ваквиве ваши коментари. Пошто тоа што се случило во минатото се случило, поминало. Сегашноста е таа во која треба да правиме промени и да ја средиме работата како што сакаме да биде средена. И мислете малце, ако ова се случува во Париз, треба и те како да дадеме поддршка бидејќи ако тие луѓе не застанат на нозе, ние уште полесно би паднале.
Крај-краева, и да не ве боли кур за све ова, нека почне да ве боли кур за луѓето. Пошто јас не сакам никој од Париз да страда, а на неговото страдање ја да му викам „е сеа пати си, кој те ебе, тебе твојата влада и твоите медиуми не не покриваа нас толку и ти не направи ништо, сеа јас нема да направам ништо за тебе“. Не кур генерализирајте и не ги споредувајте владата и медуимите со просечниот човек. Пошто утре ако поради грешни постапки на мојата владата ние наебеме на некој начин, нејќам некој да одбие да ми помогне бидејќи ќе ме идентификува со премиерот или претседателот. Па замислете бе според вашава логика ако вие утре треба да се потпрете врз начинот на кој не претставуваат Хорхе и Латас, како ќе се чувствувате? Пошто граѓаните не се медиумот или владата. Граѓаните се цивили, цивили кои никогаш не смеат да претрпат ваков терор, не во 21ви век, без разлика од која држава се. И затоа 300 слики ако треба ќе изнаставам и ќе шетам со француско знаме, пошто ние сме луѓе, и сите сме исти, сите имаме глава, две раце, две нозе, мозок и срце, и без разлика кој како направил и што мислел порано, мораме да си помагаме.
Јас познавам еден французин, човек на кратко кој дојде кај нас да истражува за нашата држава бидејќи спремаше дипломска за нас. И тој сакаше да знае за нас, сакаше да знае низ што поминува нашата држава, какви се општествените прилики, и тоа да го изложи во научен труд кој ќе го приложи кај него. И сега според вашиве муабети, ја треба на него да му кажам, „кој те ебе брат, ти ништо не пиша за Куманово, ме заболе за твојот Париз“? А знам дека човекот се интересира за тоа и дека не би му било сеедно ако ова се деси кај нас.
Искочете од тој тесен ебан квадрат на размислување малце, работите се многу поголеми од тоа „нив не им беше гајле за нас, сеа нас нема да ни биде гајле за нив“. Ебате идиотската логика на одбивање да сочуствуваш со некој народ кој ни крив ни должен ги загубил своите најблиски, па и уште да се курчиш на некој што го праи тоа и да му викаш дека е глуп и дека не е у право. Само кај нас еј, само кај нас...
Прво викаш само кај нас го имало ова. Да, да само кај нас, и во повеќе од пола земји во светот. Сигурно украинците се многу потресени и засекирани од тоа што се случи во Париз. Не дека си имаат проблеми дома предизвикани од западот. Исто и сиријците, либијците, ирачаните, еѓипјаните, итн итн. Луѓето во Колумбија, Мексико итн каде секој ден има ликвидации од нарко картелите исто така се многу загрижени за случувањата во Франција. Пошто нели и французите многу ги заболе за тоа што се случува во соодветните земји. Гледам и коментари по разни страни од срби, руси, сиријци итн итн го прашуваат истото - зошто за срањата во нивните земји немаше вакви шокови? Како бе така си земаш за слобода да навредиш цел народ, демек само ние сме биле никакви? Да никакви сме, ама не ние сите, туку тие што прво се залагаат за права на педери, лезбејки курци палци, тие што одат да им го пушат на мигрантиве демек кутрите тие, баш таквите либерали се никакви. Па сега ставање профилни од Франција, молење за Франција??? Да да знам дека е тренди сега, а не дека некој многу се засекирал. Можиш до задутре да се молиш и да им се додворуваш. Ако утре те скинат среде Скопје нив и понатаму нема да им биди гајле. Не биле навикнати на војна? Не е навикната оваа генерација на французи. Претходно и те како имало војни таму. Нека се навикнат. Освен тоа, кога земјата им учествува во еден куп војни и е одговорна за еден куп несреќи и убиства и те како има да очекуваат да им стигни во дворот. Немаше да бидиме ни ние да не беше истиот тој запад. Сакаш да правиш разлика? Зошто тогаш драг Рики не ставивте профилни од Украина и не се помоливте за Украина? Сега убиствата таму се секојдневие точно, но кога почнаа срањата таму претходно беше мирно.Зошто тогаш не рековте еј греота е ова што им се случува дајте да ставиме профилни во знак на поддршка, да покрениме некоја петиција некој музеј да свети во боите на Украина, да се прошири дејствието низ цел свет па да ги видиме истиве градби кои сега светат во француско знаме да светат во украинско? Зошто не го направивте истото кога се случија нападите во Волгоград крајот на 2013 мислам??? Или кој ја еба Русија? Да напоменам дека неколку месеци претходно имаше напади во Бостон, а во Скопје дури и маратон се организира. Зошто не имаше маратон за Волгоград на пример? Терористичките напади таму се секојдневие???? Зошто не смените профилни со знамето на Сирија, Либија итн. Зошто не организирате некој маратон и во нивна чест? Зошто не се помолите и за нив? Ова сега е класично лицемерие и двојни арашини. Ништо друго. Срамно и бедно.
Разлика ќе правеле тие. Па уште само кај нас го имало ваквиот менталитет. Немој молим те