Тениска репрезентација на Македонија

Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Македонија - Летонија, во февруари, во Скопје Македонската тениска дејвискуп-репрезентација ќе игра против Летонија во февруари идната година во првата рунда во Дејвис-купот, во Првата евро-африканска зона, реши ждрепката вчера во Лондон. Мечот ќе се игра во Скопје и со наша победа во овој дуел, уште тогаш ќе си го обезбедиме опстанокот во оваа зона.
Со ова на Предраг Русевски и на Лазар Магдинчев, нашите предводници на селекцијата, им се исполни желбата, првиот меч да го играме на домашен терен, без оглед, кој ќе ни биде противник. Февруарскиот дуел ќе значи и дека овојпат ќе мора да играме во сала, поради зимата во нашата земја, па така Македонската тениска федерација сега ќе има предизвик првпат да организира еден голем тениски настан на затворено.
Во случај да загубиме од Летонија, ќе имаме две шанси за опстанок, во јули со поразениот од дуелот во априлското второ коло Летонија - Холандија, или во септември идната година ќе играме со поразениот од априлскиот двобој за пласман во баражот Хрватска - Италија. Во случај на победа, пак, ние ќе ја имаме шансата против Холандија да се бориме за место во баражот за пласман во Светската група, во април идната година.
Македонија ја доби шансата да игра на свој терен, бидејќи веќе еднаш ние имаме настап против оваа балтичка република, која беше дел од СССР, бидејќи во 2003 година, во рамките на Третата евро-африканска зона, ние гостувавме кај нив на турнирот за пласман во Втората зона. Тогаш Македонија загуби со 0-3 од Летонија. Летонија во Скопје ќе дојде со Ернестс Гулбис, својот најдоброрангиран тенисер, 52. на АТП-листата, кој годинава во Втората зона имаше скор од 4-0 во сингл и 3-0 во двојки. Селекцијата ја сочинуваат и Андис Јушка (3-1 во сингл), Данивс Павловс (1-0 во сингл, 3-0 во двојки), Карлис Лејнеикис (1-1 во сингл) и Ричардс Емулинс (0-1).

Извор Време
 
F

fantomX

Гостин
Од сите репрезентации некако тенисериве играат најдобро, и имаат солидни успеси...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Навистина се во добра форма периодов и постигнаа одлични резултати и имаа доста успеси.
Ајде да се надеваме дека и со Летонија ќе биде исто.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Македонската репрезентација го игра првото коло во новата сезона на Дејвис купот.
Играме со Летонија викендов. Натпреварите ке се играат во салата МЗТ.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу незгодно време се падна за играње,па мораа да импровизираат.

Сепак мислам дека ќе поминеме супер,затоа што по изјавите на тенисерите добив впечаток дека на летонците не им одговара таква подлога.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Мислам дека ќе победиме и тоа убедливо. Нормално се надевам и на подршка од трибините!
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Многу незгодно време се падна за играње,па мораа да импровизираат.

Сепак мислам дека ќе поминеме супер,затоа што по изјавите на тенисерите добив впечаток дека на летонците не им одговара таква подлога.
Зашто незгодно време ? Баш одлично време според мене...после паузата/одморот се целосно спремни да изгинат на терен.
Инаку летонците се одликуваат со силен и брз сервис, а бавната подлога ке ги забави тие сервиси и би требало се да биде вред. И на нашиве повеке им одговара спора подлога бидејки не се доволно физички спремни да издржат тежок меч на брза подлога...тоа се полжи на фактот дека во Македонија нема тениски терен со брза подлога, све се со земја. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Зашто незгодно време ? Баш одлично време според мене...после паузата/одморот се целосно спремни да изгинат на терен.
Инаку летонците се одликуваат со силен и брз сервис, а бавната подлога ке ги забави тие сервиси и би требало се да биде вред. И на нашиве повеке им одговара спора подлога бидејки не се доволно физички спремни да издржат тежок меч на брза подлога...тоа се полжи на фактот дека во Македонија нема тениски терен со брза подлога, све се со земја. :)
Мислев незгодно дека немаме терени за во зима,па мора да се импровизира.:)

Инаку во втората реченица убаво си реков,дека верувам дека ќе биде се во ред.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Гулбис игра сервис волеј, така да, на земја нема да дојде целосно до израз. Русевски го иам глеано, не игра лошо. Не е дека неаме шанси...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Имаме шанса мораме да ја искористиме и мислам дека ќе победиме во дуелите, јас ќе одам на некој натпревар да ги бодрам нашиве :eek:lee::eek:lee::eek:lee:
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Мислам дека ке успееме да победиме,а ке има ли на тв?
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
мислам дека ќе има на телевизија, а картите се 1000 денари за трите натпревари и неможе ако сакаш на само еден да одиш или сите или ниеден. Според мене ова е глупост и не ми се дава 1000 денари па не го гледам Федерер или Надал па да дадам толку пари
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
kakov kiks naprai komentatorot.
vika:
"veruvam deka se zadovolni site pocituvaci na makedonskiot rakomet po ovoj set na lazar magdincev.

inace
zoran videvski
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ајде наши!!!!!!:vozbud:

Магдинчев е ѕвер...мислам дека го добива мечот!

После е Пецко!

Ајдеее!!!:vozbud::vozbud:

Инаку јас бев на лице место кога играа со Словачка.Иако изгубивме,атмосферата е многу убава! Навистина е интересно да си на лице место!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom