Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.595
Поени од реакции
11.767
...

btw сега користам само нет од телеком ама потака планирам да земам и магентав...и ќе имам комплетно нов договор..Само прашав, фала за одговорот
Тоа е веќе нова претплата со нови услуги кои досега не си ги користел, што значи дека ќе треба да ти понудат било каков попуст во зависност од пакетот кој ќе го одбереш.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.547
Поени од реакции
703
Едно прашање: дали со обнова или нов договор се добива попуст како што има првиот пат? Значи имам договор, ми завршува и потпишувам нов...
Ќе ти дадат попуст појди и во продажен салон секогаш имаат некоја акција
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.595
Поени од реакции
11.767
Ќе ти дадат попуст појди и во продажен салон секогаш имаат некоја акција
Попусти во салон сигурно имаат, но на претплата никогаш.

Еве јас во декември 2023 кога прашав за да префрлам целосна претплата: мобилни телефони, фиксен телефон, Интернет и телевизија на Магента 1 пакет, единствено што ми понудија од салонот беа 600 денари попуст кој ќе трае само првите 6 (ШЕСТ) месеци, а потоа редовна претплата.

Ми понудија и 10.000 (ДЕСЕТ ИЛЈАДИ) денари буџет за купување на производ од салон, ама тоа па ич не ми треба, далеку поважен ми е долготраен попуст на претплатата отколку попуст за мобилен телефон, компјутер, телевизор или било која друга играчка од салон.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.547
Поени од реакции
703
Попусти во салон сигурно имаат, но на претплата никогаш.

Еве јас во декември 2023 кога прашав за да префрлам целосна претплата: мобилни телефони, фиксен телефон, Интернет и телевизија на Магента 1 пакет, единствено што ми понудија од салонот беа 600 денари попуст кој ќе трае само првите 6 (ШЕСТ) месеци, а потоа редовна претплата.

Ми понудија и 10.000 (ДЕСЕТ ИЛЈАДИ) денари буџет за купување на производ од салон, ама тоа па ич не ми треба, далеку поважен ми е долготраен попуст на претплатата отколку попуст за мобилен телефон, компјутер, телевизор или било која друга играчка од салон.
Пред некој ден пријател од А1 премина на Телеком за две години му дадоа попуст од 150 денари во претплатата во продажен салон
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.595
Поени од реакции
11.767
Пред некој ден пријател од А1 премина на Телеком за две години му дадоа попуст од 150 денари во претплатата во продажен салон
Можеби им е дозволено да дадат таков попуст на овие новите пакети, но да бидеме искрени не е многу голем попуст - и да, го кажувам ова бидејќи на мене не ми дадоа некој подобар и поприфатлив попуст :D , затоа и не се префрлив на нив, сеуште немам потпишано нов договор со ниту еден оператор и не планирам да потпишувам во блиска иднина.

Но од тоа што го знам од тие кои работат продажба во Македонски Телеком, во салоните им е забрането да даваат попусти на претплата - освен ако им дозволиле да даваат по некој мал попуст на новите пакети како на твојот пријател, но од тоа што го знам со години - последен пат ми го потврдија и од оддел за продажба и од оддел за технички услуги во декември 2023 - позначителни попусти на претплатите им е дозволено да даваат единствено теренските агенти за продажба кои шетаат низ населбите.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.192
Поени од реакции
599
Пред некој ден пријател од А1 премина на Телеком за две години му дадоа попуст од 150 денари во претплатата во продажен салон
Тоа го добив и јас кога преминав на телеком..стандарден е тој попуст за нови корисници колку разбрав. од 1000 ден плаќам 812 ден 2 години дури трае договорот
 
Член од
12 јуни 2022
Мислења
1.027
Поени од реакции
438
Член од
9 јануари 2021
Мислења
721
Поени од реакции
749
Член од
20 јануари 2009
Мислења
648
Поени од реакции
527
Zemi opticki internet na Telekabel ( ako ima na tvoja lokacija )
Менувај за Телекабел/А1 ако има оптика кај тебе.
догодина то ќе биди. Телекабел имат оптика, а другите немат.
преку кој оператор нудат? А1?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.595
Поени од реакции
11.767
догодина то ќе биди. Телекабел имат оптика, а другите немат.

преку кој оператор нудат? А1?
Да им се префрлиш :D , ниту еден оператор не ти гарантира Интернет брзина преку Wi-Fi безжична мрежа, а Телекабел е прв во таквата политика, поради што воопшто нема ни да се замараат да ти дадат рутер на користење, туку ќе ти дадат само модем за поврзување со нивната кабелска или оптичка мрежа - во зависност од тоа која нивна мрежа е достапна на твојата адреса - а за рутер ќе треба самиот да си купиш, да си го поврзиш и да си го конфигурираш, а за било какви проблеми со Wi-Fi покриеноста и/или со Интернет брзините преку Wi-Fi безжична мрежа ќе ти го повторат истото што веќе ти го кажале од Македонски Телеком, а кое што ќе ти го кажат и од А1, Неотел и било кој друг оператор: дека не ти гарантираат ништо преку Wi-Fi безжична мрежа, туку секогаш и само преку мрежен кабел.

Во меѓувреме, провери си дали рутерот кој ти го имаат дадено на користење е поновиот Speedport Plus од Sercomm, а не постариот Speedport Entry 2i од ZTE. За ова треба да провериш дали рутерот има странична USB порта и дали долу на налепницата го дава Sercomm логото.

https://www.telekom.mk/content/upatstva/Speedport Plus.pdf

Доколку рутерот нема странична USB порта и доколку долу на налепницата не го дава Sercomm логото, тогаш значи го имаш постариот рутер Speedport Entry 2i од ZTE, а тој доаѓа со послаба Wi-Fi покриеност.

Доколку испадне дека го имаш постариот рутер Speedport Entry 2i, тогаш можеш да им отидеш во салон или да им се јавиш во Контакт центар на 070 122 и да им побараш да ти го заменат рутерот со Speedport Plus, кој и онака веќе година дена - ако не и повеќе - го даваат на сите нови корисници.

Има и понов модел Arcadyan VRV9518 BA-2C, познат како Speedport Plus 2, кој доаѓа со уште понова Wi-Fi ревизија 6, односно Wi-Fi ax, за разлика од Speedport Plus, кој доаѓа со Wi-Fi 5 ревизија, односно Wi-Fi ac. Но сеуште не сум слушнал дали воопшто почнале да ги даваат на корисници, така да мали се шансите дека би ти го дале на користење тој понов модел.

А доколку испадне дека сепак го имаш поновиот рутер Speedport Plus, тогаш најдобро ќе биде уште сега да си купиш втор рутер, да го поврзиш преку мрежен кабел со рутерот кој ти го имаат дадено од Македонски Телеком и да го конфигурираш. И онака ќе ти треба за кога ќе се префрлиш на Телекабел за година дена од сега.

Но запомни го ова:

Ниту еден телекомуникациски оператор во Македонија не ти гарантира Wi-Fi покриеност, а уште помалку па Интернет брзини преку Wi-Fi безжична мрежа.
 
Член од
1 декември 2020
Мислења
16
Поени од реакции
1
Kolku vreme pred istekot na dogovorot moze da se obnovi i da se zeme ured bez da se izgubi ili namali budzetot? (Magenta 1)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom