Поранешниот
воен дезертер од АРМ и припадник на
терористичката УЧК, Таљат Џафери,
кој актуелно ја окупира позицијата претседател на Собранието на Република Македонија,
на која дојде преку
пуч организиран од владата на САД преку нивната испостава на Кале,
како и неколку амбасади на земји членки на ЕУ,
ќе биде и технички премиер на влада задолжена да ги
организира наредните парламентарни (и претседателски) избори.
Во случај некоја од поголемите парламантарни партии да одлучи да го бојкотира вториот круг на претседателските
избори и на тој начин создаде уставна криза, Таљат Џафери
привремено би ја извршувал и функцијата
Претседател на Република Македонија.
Имало ли во историјата на Македонија, временски период кога овие три клучни политички позиции биле во
рацете на една личност?
Има! Александар Велики имал такво властодржие. Римските цезари, румелијските цареви,
османлиските султани, југословенските и бугарски цареви...
И Таљо Велики.
Терористот, дезертерот, модераторот на Струшките вечери на поезијата кога требаше да се носат законите за бранителите на Македонија во Татковинската Војна од 2001, која ја заборавивме како да била пред 200 години.
Законската обврска да имаме “техничка влада“ пред секои избори е самопризнание на македонското општество дека не сме способни да организираме избори на нормален начин, а истите да бидат кредибилни и признати од политичките чинители.
Ние сме една смејурија од држава, а од ден во ден и од народ, за кој не сум сигурен дека заслужува држава.