Таен договор за Македонска асимилација

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
тоа што не успеа со терор и окупации Бугарија пробува да го наметне се договор.

Заеднички прослави на најсветите Македонски празници, бугарски војски да маршираат по македонската земја, да парадираат за секоја баналност, Македонија да ги подржува владините и невладините канзурови и каракачанови организации..За возврат Македонија и само Македонија да не смее да реагира, писне или спротистави на Бугарите. бидејки секоја реакција ке се смета за чин на говор на омраза...

Договор налик Грчкиот, секое непочитување може да повлече блокирање на патот кон евроатланските институции овојпат од страна на Бугарија

Интересно е што договорот се чува во тајност од страна на нашата влада.




Непристоен предлог од Софија





Проблематични се најмалку шест члена од договорот за добрососедство предложен од Бугарија до кој ексклузивно дојде „Дневник“

Бугарија се поставува во позиција на „поголем брат“ во договорот за пријателство и добрососедство што официјална Софија и' го понудила на Република Македонија. Познавачи на односите помеѓу двете земји вака ја коментираат англиската верзија на предложениот документ до која ексклузивно дојде „Дневник“. Немаме информација дали постојат и верзии и на „официјалните јазици“ на двете држави на кои треба да се потпише договорот. Нацрт-документот ја истакнува важноста на Заедничката декларација потпишана во 1999 година како база за понатамошен развој на добрососедските односи заради продлабочување и збогатување на законската рамка за заедничката соработка на полето на културата.

- Во предложениот договор има премногу спорни точки за да може да се зборува за градење односи на добри соседи, а згора на тоа се потврдува и тезата за „еден народ во две држави“ - вели експерт, кој инсистираше на анонимност, зашто текстот на предложениот договор се чува во тајност.

Позицијата на супремација во однос на Македонија се гледа уште во преамбулата на документот, каде што на две места се истакнува дека билатералните односи ќе се градат врз основа на фактот што Бугарија е членка на ЕУ и на НАТО, а Македонија е земја со стратегиска цел за членство во тие организации.

Договорот содржи 21 член, од кои најмалку шест од експерти се означуваат како проблематични или асиметрични. На пример, членот 6 вели дека „договорните страни меѓусебно ќе соработуваат и ќе се поддржуваат во меѓународни организации каде што тие се членки“. Членовите 10, 12 и 13 задираат најдлабоко во меѓусебните односи, онака како што е тоа замислено во Софија. Ако Бугарија упорно одбегнува да имаме заеднички интереси во меѓународни организации во кои една од двете земји не е членка (ЕУ, НАТО...), сепак на полето на културата гледа многу „заедничко“. „Засегнатите страни ќе треба да ја прошират соработката на полето на културата, нивната заедничка култура и културно наследство... заснована на релевантни билатерални договори и програми“, предвидува членот 10. Додека во член 12 се бара „заштита на заедничкото културно и историско наследство“ и „организирање заеднички прослави на историски настани што ги споделуваат двете земји“. А, во членот 13 се предвидува „Република Македонија (врз основа на меѓународни конвенции) да поддржува акции на владините претставници на Република Бугарија и на бугарски невладини организации и здруженија во обновата и одржувањето на бугарските воени споменици и гробишта на територијата на Република Македонија“. Овие членови не се проследени со реципрочни обврски за Бугарија да поддржува македонски владини и невладини организации во обновата и одржување гробови на македонски дејци во Бугарија, како и непречено чествување празници и годишнини.

Следствено на Декларацијата и во предложениот договор Софија истакнува дека двете страни треба да преземат ефикасни мерки за превенција и недозволување употреба на говор на омраза или непримерна пропаганда, која ќе биде закана за добрососедските односи. Но, членот 17 веќе појаснува кои се „страните“ што треба да се воздржуваат:

„...Република Македонија треба стриктно да ги почитува принципите на добрососедски односи и оттука да ги повтори обврските дека нема ништо во нејзиниот Устав што би можело да се толкува како основа за мешање во внатрешните прашања на Бугарија со намера заштита на статусот и правата на лицата што не се граѓани на Република Македонија.“

Предложениот договор на македонската страна и' бил врачен во декември 2008 година и тоа лично од премиерот на Бугарија Сергеј Станишев. Речиси две години овој документ Скопје го чуваше во тајност, додека не го обелоденија бугарските медиуми. На прашањето кога ние ќе одговориме на предложениот договор, во македонското МНР велат:

- Нацрт-текстот на предлогот се анализира и се разгледува, но не би одредувале рокови за нашиот одговор, бидејќи важно ни е тој да биде издржан и квалитетен.

Од бугарското МНР уште минатата недела за „Дневник“ соопштија дека нацрт-договорот го сметаат за основа за преговори со македонската страна
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Колку што прочитав, Владава е спремна да го потпише овој договор доколку во него биде вметнато признанието за македонското малцинство во Бугарија.

Тоа ќе биде тачдаун, а се разбира, тогаш тие ќе одбијат да го потпишат овој договор.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Јас одсекогаш су мвикал дека после грција бугарија најнегаторски нвртена кон нас и еве се гледа полека почнува да ја покажува истата политика како и грција.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Хахаха, веќе почнаа јајцата камен да ми стануваат од изолираноста де, урда ќе продаваме.

Мене една работа не ми е јасна.
Си има меѓународни договори, си има декларации за човекови права итн...
Чуму овој слалом сега, што треба да направиме, да заобиколиме некој меѓународен договор, да направиме нешто што никаде на светот го нема ?
Истото, ене ја и онаа супер демократска античка Грција, единствена држава во Европа која не го потпишала договорот за малцински права.
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
само ме чуди што го чуваа досега 2 години во тајност. Или има некоја струја во владеачкава партија која е безрезервна на оваа понуда па се тактизира од другата струја за да не дојде до внатрешни турболенции и така изгубат од власта...пошто тогаш и Бранко профитира а и сестра Љуба.

во минатото се покажа дека во ВМРО никогаш не расчистија со бугарштината како што во СДСМ не расчистија со моралот и криминалот.

ако би се пресудувало по овај шутраков...кој во вилата на нашата највисока институција говори искривен македонски (така наречен Бугарски јазик)

....тогаш нека ни е со среќа

 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Што сакаат нека прават на крај ќе се зезнат зашто македонија е света земја и секој потпишан ваков договор ќе следува божја казна. Од што ќе се состои божјата казна не знам само следете ги приемрите на претходните политичари кои и згрешиле на македонија како поминале.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Море Зоте, господ има попаметни работи, Македонија е грижа на Македонците.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Колку што прочитав, Владава е спремна да го потпише овој договор доколку во него биде вметнато признанието за македонското малцинство во Бугарија.

Тоа ќе биде тачдаун, а се разбира, тогаш тие ќе одбијат да го потпишат овој договор.
Мислам забораваш,дека уште во 2001 видимо от потписите во БГ, македонците са признаени како малцинство :toe:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Море Зоте, господ има попаметни работи, Македонија е грижа на Македонците.


Не разбираш ти, Македонија е света земја, што значи тоа? Тоа значи дека некој нечисто нешто прави против нешто свето. Кога се прави тоа секогаш тие луѓе или тие држави кои ќе направат нешто грешно против таква света земја и територија врз себе ставаат негативна енергија која после ги следи и им се случуваат несреќи. Значи нема тука што господ да се меша, доволно е тоа што тој господ бог ја благословил македонија да биде света земја и затоа македонија е вечна а сите непријатели ќе страдаат.

Името Македонија е забележано во светото писмо Библија. Териториите кои се спомнуваат во светото писмо неоспорно се нарекуваат свети земји или свети територии. Декларираниот народ во овие свети територии се нарекуват Македонци. Во принцип овие територии треба да бидат почитувани како такви и да не бидат физички или духовно малтретирани и асимилирани или раселувани или вршење на било каков вид геноцид.


Епа нека мислат сега тие што ќе ги снајде ако потпишат нешто нечисто спрена нешто свето како што е Македонија.
 

perthille

NSU 351 OSL
Член од
6 декември 2008
Мислења
53
Поени од реакции
0
Bugarija i ponatamu nema da gi pocituva megjunarodnite deklaracii,konvencii,dogovori........Namerava de se "vadi"na vakov interen dogovor megju dvete zemji.Stravot naspram nivnata skapernicka politika e sosema opravdan.Sekoja drzava od tipot na bugarija ima crni petna vo svojata istorija,no za razlika od drugite,nasive komsii nemaat namera nitu barem edno izvini da kazat za site sranja sto gi pravele vo minatoto kako okupatori.Se so cel da ne go izgubat kontinuitetot vo svojata istorija.Abe bugari,vazali veke ne ste,pa da se vadite deka nekoj so sila ve tera da pravite sto ne se pravi.Si imate svoja drzava,si gi imate NATO i EU,pa tamu vo sovetot na ministri prisilete ja Rusija da i dozvoli na Germanija da gi cevstvuva germanskite grobista vo Rusija od vtorata svetska vojna.Ako toa vi uspee dojdete da"bacite raka i kaj nas".Ako epten ste resile da bidete dobri,ke treba epten dobar pazar da se napravi za da bide "celo".
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Интересно,што е толкова таjно,когато при последната средба на дваjцата премиери имаше исто согласие да се изработи таков договор и евентуално да се подпише. :toe:
Тука jaс не виждам ништо таjно......:toe:

Непристоен предлог од Софија





Проблематични се најмалку шест члена од договорот за добрососедство предложен од Бугарија до кој ексклузивно дојде „Дневник“

Бугарија се поставува во позиција на „поголем брат“ во договорот за пријателство и добрососедство што официјална Софија и' го понудила на Република Македонија. Познавачи на односите помеѓу двете земји вака ја коментираат англиската верзија на предложениот документ до која ексклузивно дојде „Дневник“. Немаме информација дали постојат и верзии и на „официјалните јазици“ на двете држави на кои треба да се потпише договорот. Нацрт-документот ја истакнува важноста на Заедничката декларација потпишана во 1999 година како база за понатамошен развој на добрососедските односи заради продлабочување и збогатување на законската рамка за заедничката соработка на полето на културата.

- Во предложениот договор има премногу спорни точки за да може да се зборува за градење односи на добри соседи, а згора на тоа се потврдува и тезата за „еден народ во две држави“ - вели експерт, кој инсистираше на анонимност, зашто текстот на предложениот договор се чува во тајност.

Позицијата на супремација во однос на Македонија се гледа уште во преамбулата на документот, каде што на две места се истакнува дека билатералните односи ќе се градат врз основа на фактот што Бугарија е членка на ЕУ и на НАТО, а Македонија е земја со стратегиска цел за членство во тие организации.

Договорот содржи 21 член, од кои најмалку шест од експерти се означуваат како проблематични или асиметрични. На пример, членот 6 вели дека „договорните страни меѓусебно ќе соработуваат и ќе се поддржуваат во меѓународни организации каде што тие се членки“. Членовите 10, 12 и 13 задираат најдлабоко во меѓусебните односи, онака како што е тоа замислено во Софија. Ако Бугарија упорно одбегнува да имаме заеднички интереси во меѓународни организации во кои една од двете земји не е членка (ЕУ, НАТО...), сепак на полето на културата гледа многу „заедничко“. „Засегнатите страни ќе треба да ја прошират соработката на полето на културата, нивната заедничка култура и културно наследство... заснована на релевантни билатерални договори и програми“, предвидува членот 10. Додека во член 12 се бара „заштита на заедничкото културно и историско наследство“ и „организирање заеднички прослави на историски настани што ги споделуваат двете земји“. А, во членот 13 се предвидува „Република Македонија (врз основа на меѓународни конвенции) да поддржува акции на владините претставници на Република Бугарија и на бугарски невладини организации и здруженија во обновата и одржувањето на бугарските воени споменици и гробишта на територијата на Република Македонија“. Овие членови не се проследени со реципрочни обврски за Бугарија да поддржува македонски владини и невладини организации во обновата и одржување гробови на македонски дејци во Бугарија, како и непречено чествување празници и годишнини.

Следствено на Декларацијата и во предложениот договор Софија истакнува дека двете страни треба да преземат ефикасни мерки за превенција и недозволување употреба на говор на омраза или непримерна пропаганда, која ќе биде закана за добрососедските односи. Но, членот 17 веќе појаснува кои се „страните“ што треба да се воздржуваат:

„...Република Македонија треба стриктно да ги почитува принципите на добрососедски односи и оттука да ги повтори обврските дека нема ништо во нејзиниот Устав што би можело да се толкува како основа за мешање во внатрешните прашања на Бугарија со намера заштита на статусот и правата на лицата што не се граѓани на Република Македонија.“

Предложениот договор на македонската страна и' бил врачен во декември 2008 година и тоа лично од премиерот на Бугарија Сергеј Станишев. Речиси две години овој документ Скопје го чуваше во тајност, додека не го обелоденија бугарските медиуми. На прашањето кога ние ќе одговориме на предложениот договор, во македонското МНР велат:

- Нацрт-текстот на предлогот се анализира и се разгледува, но не би одредувале рокови за нашиот одговор, бидејќи важно ни е тој да биде издржан и квалитетен.

Од бугарското МНР уште минатата недела за „Дневник“ соопштија дека нацрт-договорот го сметаат за основа за преговори со македонската страна
Сега веке сватив.... некоj коментира, дава информациja,ама сака да биде анонимен... На неколко места пишува ЕКСПЕРТИТЕ,ама зашто заборавате-АНОНИМНИТЕ експерти ... :toe:
Може би отамо иде таjноста на договора. :)
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Мислам забораваш,дека уште во 2001 видимо от потписите во БГ, македонците са признаени како малцинство :toe:
Не не се признаени. Само фигурираат како бројка во пописните листи, но кон нив државата се однесува како да се наоѓаат на Марс, а не во Бугарија, па се што прави е да ги малтретира, игнорира и да го отежни нивното делување.

Еве еден вистински начин како вистински да бидат признати:

"Исто така тој вели дека треба да се реформира Националниот совет за етнички и демографски прашања, така што сите малцинства да учествуваат во него, и дека критериумите за учество на невладините организации во овој совет треба да бидат јасно одредени (во моментов учеството на една организација зависи исклучиво од волјата на владата). Во оваа насока комесарот посебно ја истакнува потребата македонското малцинство да биде вклучено во овој совет, што во суштина би било и признавање на македонското малцинство. Понатаму Комесарот смета дека властите треба да влезат во отворени консултации со претставницитете на сите малцинства согласно критериумите на Советот на Европа. Тој особено го нагласува тоа во однос на македонското малцинство."

Цитат од текстот на извештајот на комесарот за човекови права Томас Хамарберг:

"За време на својата посета комесарот се состана со бугарски граѓани од македонско потекло и муслимани кои зборуваат бугарски (Помаци), групи, кои досега не се членови на Националниот совет за етнички и демографски прашања (НСЕДВ). Имајќи впредвид дека Рамковната конвенција ја остава дефиницијата за опсегот на терминот "национално малцинство" на земјите членки, комесарот верува дека состојбата на овие заедници треба да биде разгледанa од Владата во консултации со претставниците на овие заедници, ако тие сакаат учество во НСЕДВ. Овој процес ќе обезбеди можност за отворен и конструктивен дијалог меѓу владата и групите граѓани, кои ce сметаат себе си како малцински групи."

Извор: Народна волја.
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Малцинство се признава со негово прифаќање како дел од општеството (можете да дојдете во Македонија на обука), а не само да го запишеш како бројка. Тие луѓе независно какво етничко потекло имаат се луѓе, а не бројки.
Прочитај го уште еднаш текстот може ќе сфатиш.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Vo interes na temava ke se zadrzam striktno na sledniov komentar:

I bez dogovor se gradi dobrososedstvo.A idninata na Makedonija Zavisi od samite nas i tie chto e vodat a ne od Bugarija ili nekoj drugi.

Da,tocno taka,i bez dogovor se gradi dobrososedstvo...togash zosto bugarskite vlasti navaluvaat tolku da se potpise ovoj dogovor...hmmm...ima nesto gnilo tuka!
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Зашо не им дадеме на нашите соседи да ни ја напишат историјата онака по нивна мера па да бидат сите задоволни . Со договорот од Бг за заемно празнување, на празници тоа би значело делегација од Бг за која нема протокол кој се може да дојде ќе може да полага цвеќе на Гоце Делчев и на оние споменици кој би се изградиле со подршка на владата на РМ. Доколку се прифатаи промена на историјата на начин како што сака БГ т.с. изоставување на деловите кој се спорни за БГ во учебниците се врши манипулација . Ова е поопасно од промена на име со договорот, под знак прашање се става националниот идентитет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom