Се сложувам со дефиницијата за тага(онаа стручната
)на Псај.Тагата е апстракктно чувство,како и среќата,зависта,желбата,страста и слично.Тагата посебно,е чувство кое се јавува на периоди,како и секоја друга состојба на расположение кај човекот,по кое се карактеризира тој.Тоа е поради сложениот систем кој го имаме,можеме да распознаваме,да процениме,да заклучиме,да донесуваме одлуки.Тагата не е нешто што го откриле научниците,таа постои уште од прастаро време,еве ќе земам прост пример,дури и праисториските луѓе тагувале кога ќе загубеле нешто што им значи,кога ќе почувствувале болка и сл.Така е и со нас.Никој не знае зошто тагата најчесто се манифестира преку солзите,односно кога сме тажни,ни течат бистри солени капки вода од очите.
Тагата не е депресија.Тоа е нормална емоција која може дури и животот да го направи поинтересен,како што кажуваат психолозите.Скоро секогаш е поврзана со загубата на нешто.
Таа ни помага да ја цениме среќата.Кога нашето расположение се менува од тага па во среќа,контрастот го додава уживањето во расположението.