Таа е и проклетство и благослов на Земјата

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Таа се нарекува и "леб на ѓаволот" и "плунка од Бога."
Доколку таа објави војна на човештвото, не постои шанса да се преживее
Мувлата се појавила на Земјата пред околу 200 милиони години и научила да преживува во секакви услови: во радијации, арктички лед и отворен космос. Таа и убива и спасува од смрт.
Таа е сегде присутна и неуништлива, и го придружува човекотот од раѓањето до смртта.
Можеби таа е чувар на животот на Земјата, но е способна да стане "чума на XXI век".
Човекот премногу претенциозно верува дека е господар на светот, всушност, светот му припаѓа на мувлата.
Јапонскиот научник Toshiyuki Nakagaki направил еден експеримент поставувајќи на влезот од еден лавиринт мувла, т.е. «Physarum polycephalum», а на излезот парче шеќер.
Мувлата веднаш ги испуштила своите «пипци» имено на онаа страна кон шеќерот , спорите од габата го наполниле со себе целото пространство во лавиринтот, раздвојувајќи се на секоја препрека .Доколку некој од нив „забегал„ во погрешна насока веднаш се враќал назад и го барал патот во друг правец . На микроскопската габа и’ требале само 4 часа да го исполни со себе целиот лавиринт и да го најде правиот пат до шеќерот.

http://news.sciencemag.org/2000/09/slimy-not-stupid

опасната мувла

Мувлата ја има насекаде, таа живее во големи колонии во бањите, становите, вентилацијата шахтите, а повеќе од загрижувачки се домашните фрижидери. Но, луѓето ја игнорираат.
И покрај тоа што се микроскопски габи можат да уништат цели згради, тие се, исто така, токсични за човечкото тело. Во текот на растот произведуваат супстанции кои ги напаѓаат белите дробови, цревата и кожата. Нивните спори навлегуваат во дишните патишта и "отседнуваат" во човекот, отворајќи го патот за бактериите и вирусите. Алергиите -се најбезопасните последици при животот со мувлата како сосед . Микроскопските габи можат да ја уништат структурата на ДНК и да доведат до малигни заболувања.

Според научниците, мувлата и нејзиниот отров практично неможат да се елиминираат од телото. Најопасна, во овој случај, се смета жолтата мувла од родот Aspergillus, која "расте" на млечните производи, рибата и оревите. Таа испушта опасна материја афлатоксин, која се акумулира во телото, и по 10 години може да предизвика рак на црниот дроб.

Лекарите препорачуваат- ако производот почнува да фаќа мувла, тој мора дасе фрли.. самото отстранувањето на погодената област не доведува до ништо. Ако е меко овошје, леб или џем, мицелиумот веројатно се проширил и на целиот производ.
Но, не секоја мувла, на производите е опасна . Исто така, постојат јадења со вакви габи и човештвото неколку векови веќе произведува на пример гурманско сино сирење камембер или познатото француско сирење рокфор.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
А во пустина?

Инаку да, го имаше ова и во една документарна, ја гледав поодамна, ги покажуваа плочките како пораснала ширејќи се во лавирнинтите.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Промаја > мувла.
 
K

Kacar

Гостин
Не знам што е пострашно дали болва или мувла овие болвиве преживеале и атомски бомбандирања и во чернобил само тие преживеале и преживеале уште кога и метеор паднал на земјата кога умреле диносаурусите и денес преживуваат на се живо и диво шо се става за да ги нема. Можам да кажам дека само на кралицата БОЛВА можам капа да и слечам што станува во краток период отпорна на многу работи што се насочени против нивната егзистенција.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.573
Ја сликиве кога ги видов мислев за некој Tower Defence - мувла е темава. Ама сепак корисни информации за во иднина.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Пченка, кикиритки, грав, леќа, ориз, сусам, фстаци, семки од тиква, бадеми, лешници, сончоглед, соја или пак суви смокви, грозје или друго сушено овошје кое се чува во домот, ако ја промени бојата или пак на него се забележува мувла, треба веднаш да се фрли. Од теглата со џем или слатко која фатила мувла не смее да се јаде, дури и ако остатокот од храната изгледа дека е во ред. Големата афера која го зафати целиот Балкан, и дел од Европа со млекото загадено со афлатоксин, отвори голем број прашања, каква храна јадеме и колку секој граѓанин треба да е информиран што и како треба да избегнува за да го заштити своето здравје. Внимателното чување на храната во домот, особено зрнестата, која може лесно да се контаминира со габи или бактерии е еден од начините да се избегне труење.
ова го пишува утрински весник
 

Kajgana Shop

На врв Bottom