Субвенции за насад со ореви

Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Чоек.. сите плаќаме данок.. Од државната каса се одвојуваат пари за субвенции.. Ти не работиш за земјоделците сосема погрешно си сватил.. државната каса ја пуниш со својата плата.. Подобро да завршат парите кај земјоделците неголи во туѓ џеб..
А знаеш ли што ќе се случи ако се обединат земјоделците? Ништо.. државата ако не е тука компаниите ама баш ич к** не ги заболе.. ќе си купат од странство за поефтина цена.. Вака државата го плаќа тој надоместок или им помага во вид на субвенција за да има некоја определена цена по која ќе се продаваат производите.. Или пак на пример компанијата купува за 5 денари државата му доплаќа на земјоделецот уште 5 денари ..Значи земјоделецот добива 10 денари и 2те страни се среќни..

Пак ќе ти спомнам делот што се издвојува за субвенција е многу мал за да речеш дека работиш за земјоделците.. тоа е една стотинка од државната каса..
Земјоделски Субвенции секоја година растат сега се 120 милиони евра од буџет од 2 милијарди или 6%. Следната година ќе бидат 150 милиони. Не се малку пари тоа. И до кога? Ќе мора вечно...инаку ќе пропадне земјоделието. Е толку ни го бива како зомби е и на машини се одржува во живот. Субвенции не се решението само краткотрајно ја замачкуваат состојбата.
Инаку прашав неколку земјоделци на што ги трошат субвенциите. И ми викаат на секојдневни работи да реновираат дома, кола да си купат, деца да школуваат итн. многу малку завршуваат во производство. Разбирам нивни пари се и може што сакаат да прават. Ама теоријата дека субвенции се инвестиција на Грујо не му држи вода. Инаку има и пари од ИПАРД фондовите ама тие ретко кој ги користи тоа се пари кој мора да се инвестираат во производство ама за да се добијат треба тон администрација и многу стандарди да се исполнат и најголем дел од земјоделците не се способни тоа да го направат. И да не се чудиме што опаѓа земјоделството покрај тоа што се фрлаат многу пари на таа гранка.
Да даваа кредити или грантови со кој мора да се инвестира во производство (машини, насади, препарти итн) разбирам ама овие пари се трошат на непроизводствние трошоци и неможе да се каже дека се стимулус на земјоделијето туку само вулгарно купување гласови.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824

Тоа е сосема друго.. Трошењето на субвенциите е различно 90% како што кажа ти го трошат на други работи.. но ти како почетник и да речеме немаш ништо скршен денар имаш можност да земеш кредит за трактор мислам првите 5 години не се отплаќаше или 1вата година не ме фаќај за збор..+ субвенции за да отпочнеш со производство..Тука Грујо им дава можност на нови луѓе да почнат со овој бизнис.. Пошто сите бегаат за градовите. Фактички имаш све на тацна само треба да почнеш да работиш..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Нека има :) , за инат на скржавите газди-приватници кои секој втор збор им е -јас двојам за вас у буџет. Као ние да не двоиме...стипси.

Само мора да се уведе мониторинг систем на субвенции, за да не ги крадат, да се следат резултатите и да се види што други мерки се потребни (не дека не знаеме кои ама ај :)). Оти вака некако ни стагнира земјоделиево.
 
L

Luki Junior

Гостин

Има системи за мониторинг, има инспектори на терен. Пари за субвенции се дават по фактури, потврди за купен насад, потврда за предаден производ. Секоја година требе регистрација, заверени изјави од нотари, потврди од катастар, бла бла бла..
Сите нешта требе да одат преку трансакциона сметка, и од них државата си зима данок на добивка 10%, плус немаш право на сини картони, требе да си плаќаш пензиско оти имаш ниви (не може да се пријавеш за невработен оти имаш ниви)... Од друга страна трговците те тепат на цена за откуп... (лани продадех 16 тона сливи по 7 денара, 10 тона праски по 15 денара, 2-3 тона жито по 8 денара).. продавал сам и 30 тона бостан по 1 и пол кило... Друга година сам изорал 40 тона бостан и 15 тона компир оти немаше кој да ги купе...

Ама никој не те пита оти вреќа ѓубрето е 1200 денара, нафтата 70.... Или еден атомизер за прскање 2 000 евра.... Никој не те пита оти вонка е +45, а ти како нездрав прскај со хемикалии, со гас маска за нем случајно да се отровеш.. Или на таа жега шо треба да вадеш за да не ти се исушат дрвата а бензино 80 денара литар.. .Денеска една туба од 10 литра сигурно оде..

А кој зима субвенции најногу, еми у светиниколе кој ги има блоковето, у кратово кој ги има блоковето, у тетовско кој ги има блоковето под концесија... Обичен земјоделец не може да излаже колку и како е продадел...

Од друга страна, државата има извозна акциза од евро и пол за секој извезен килограм тутун..

А вие седнале сте тука и филозофирате кој шо и как заслужувал... Не ви служе на чест прво да јадете такви трици за земјоделците.. А за човеко шо пише погоре да проба сопствен бизнис да напраа со субвенциите, нека проба па да видеме как се живее од земјоделие.. и дали е толку лесно как шо е на спотовето на телевизоро...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Има системи за мониторинг, има инспектори на терен. .
систем за мониторинг и инспекција не е исто. Има инспекција ама се дава субвенции само за сеидба на бостан на пример (а не и обработка и прибирање на родот), службите кога ќе поминат. Тоа е една од лошите страни на директно субвенционирање и без систем за следење.
Ако е ти како што велиш, ако имате проблем со цена на гориво, ѓубриво, машини...тогаш е подобро да владата да прекине со исплата во кеш, да се оди на помош во репроматеријали и основни средства затоа што резултат Македонија од овие пари не виде. Како што читам, штом се жалите, фајде од тие пари не гледате ни вие.
Инаку за тешка работа...и ѕидарот и армирачот имаат тешка работа. Некои од нив плус и без плата...
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
А вие седнале сте тука и филозофирате кој шо и как заслужувал... Не ви служе на чест прво да јадете такви трици за земјоделците.. А за човеко шо пише погоре да проба сопствен бизнис да напраа со субвенциите, нека проба па да видеме как се живее од земјоделие.. и дали е толку лесно как шо е на спотовето на телевизоро...
Друже ова постов треба со златни букви да ти биде.. за плукање и за филозофирање сите се тука.. да се стават на местото на земјоделците.. работа на +50 степени во комбајната во лето ,пошто нели не работат под клими како останатите,ѓубрење,прскање .. Па кај е ако падне град,ако има невреме целиот труд ти отиде јабана..Каде е кога ќе си го откупуваш производот па да те прават магаре пошто мораш да им продадеш на нив пошто немаш избор..Каде е кога ќе ти солат памет дека си немал убав квалитет а ти си рмбал 24/7 цела година.. па ти ставаат бедни цени за својот производ..

Порано поради вакви гнасни работи дедоми одгледувал лубеници.. кога дошло времето за продавање премногу тешко се продавале.. па бил приморан да ги продава по 1 денар по КГ .. и што ќе правите тогаш ако нема субвенции? ќе се молиш господ да ти пушти пари од небо пошто некој друг тебе те зае*ал..
 
L

Luki Junior

Гостин
систем за мониторинг и инспекција не е исто. Има инспекција ама се дава субвенции само за сеидба на бостан на пример (а не и обработка и прибирање на родот), службите кога ќе поминат. Тоа е една од лошите страни на директно субвенционирање и без систем за следење.
Ако е ти како што велиш, ако имате проблем со цена на гориво, ѓубриво, машини...тогаш е подобро да владата да прекине со исплата во кеш, да се оди на помош во репроматеријали и основни средства затоа што резултат Македонија од овие пари не виде. Како што читам, штом се жалите, фајде од тие пари не гледате ни вие.
Инаку за тешка работа...и ѕидарот и армирачот имаат тешка работа. Некои од нив плус и без плата...
Види сега, нема определен и директен механизам как да го мереш производството. Пробувал сам дома со татко ми да го размозгам, да извадеме добар начин как да се најде баланс меѓу дирекното субвенционирајне у сооднос со произведенио производ. Сите дрва шо ги иммаме сеено пола од них са сеени у времето пред субвенции (некаде околу 500 дрва праски и сливи).. Другите 800 са сеени откоа дават субвенции (миндали и сливи). Дават ти пари за самите садници и озгоре има кеш за нафта за орање.. Тие дрва нема да раѓат убаво додека да напунат барем 4-5 години. И според законо на една парцела не смееш да пријавуваш двојни култури, иако реално убаво е да сееш нешто измеѓу (пипер, бостан, тикви, зелки, и разно разни зеленчуци), ем ке си ги вадеш сливите, ем нивата не ти е затворена за работа.. Е за тие 5 години од шо ке живееш ако си направеш сите ниви овоштарници?

Правиле сме го маабето и за нафта. Јас сам ЗА да дават 10 литра нафта од декар за обработливо земјиште, предлагал сам ја идејата и на овај локалнио директор да предложе на господата од Скопје... (10 литра са доволни 3 пати да изораш една нива, шо е миниум ако сакаш добро да ти е обрната и подготвена земјата за обработка, и за сеејне на шо и да е.) Пробах да пријавам атомизерот как основно средство, и врз основа на инвестиција да бидам даночно олеснен, у УЈП ме гледаа како урочен и ми викат абе ја плати си и не филозофирај ногу.... И шо ќе прааш, ке си платеш, иначе блокират ти трансакционата и оди сликај се. Кога и да иде човек од село по тија канцеларии, по автоматизам е граѓанин од втор ред, и сите требе да му се дерат, да го плеткат од шалтер до шалтер, и да се изживуват со него и да го праат бела мечка...
Друг те знае кој си, па обеќаш овошје, иначе не ти завршува работа, на трет обеќаш нешто друго... Ехеее... Да знаате какви мизерници има по тија канцеларииите....

Исто иам предложено да отворат општински канцеларии заедно со министерството за земјоделие у секое село и там да се процесират сите барања за субвенции. Таман секој човек ќе знаа кој шо и как пријавува, ем човеците нема да мора да се макнат у град по неколку дена за да напраат обична пријава за субвенции... Погоди од три пати дали ја е прифатил некој или па размислил за неа....

Проблемот кај нас е шо има големи играчи у земјоделието шо са квази производители.. Од земјоделец со 20-30 декара земја, шо и да пријаве колку пари ќе земе реално (тутуно се дава субвенции по килограм, лозјето е по килограм, млекото е по литар, садниците за овоштарници се по садник броени ако однесеш фактура колку си купил, и парцелите шо си ги сејал, иначе не дават...)

Пиперо е оште по декар, ама там е толку ризична играта, може денеска да имаш шанса да набереш 5-6 тона од декар, утре да заврне и да се сокапе целио (никој не го осигурува оти дождо не е елементарна непогода)...

Јас ни оддалеко не викам оти сегашнио систем за Субвенционирање е перфектен, или ништо не требе да му се смене.... и јас сам за целосен мониторинг, да се гледа кој колку произведува и како произведува... Оти и јас плаќам даноци, и сакам да знам мојте даноци у чиј џеп одат...

За пласман да не говореме. Там ситуацијата е оште потрагична.... Додека имаах време, и помалку производство сам си го продаваах на пазаро... Ама и тава не е за секој човек.. Дојдат ти градските господа, па се почнаат маабетите, бла бла бла, вие селаците такви вакви само пари сакате, нештата не ви ги бива, скапчии сте... Или продаваш, иде униформирано лице, напуне си ќесето, налево круг и си оде.. Ти ќе го гледаш:eek::eek::eek: и ќе си ќутеш..... Оти вонка ти е тракторо, па може на одејне да ти се залепе и да ти опне една казна.... :icon_mrgr::icon_mrgr:
Сега нека го зимат од дома, колку пари сака нека е...

Друже ова постов треба со златни букви да ти биде.. за плукање и за филозофирање сите се тука.. да се стават на местото на земјоделците.. работа на +50 степени во комбајната во лето ,пошто нели не работат под клими како останатите,ѓубрење,прскање .. Па кај е ако падне град,ако има невреме целиот труд ти отиде јабана..Каде е кога ќе си го откупуваш производот па да те прават магаре пошто мораш да им продадеш на нив пошто немаш избор..Каде е кога ќе ти солат памет дека си немал убав квалитет а ти си рмбал 24/7 цела година.. па ти ставаат бедни цени за својот производ..

Порано поради вакви гнасни работи дедоми одгледувал лубеници.. кога дошло времето за продавање премногу тешко се продавале.. па бил приморан да ги продава по 1 денар по КГ .. и што ќе правите тогаш ако нема субвенции? ќе се молиш господ да ти пушти пари од небо пошто некој друг тебе те зае*ал..
За градушка маабет да не прааме.. Една година среди ми го лозјето за ракија немаше (обично берам по 10ина тона)... Лом го направи... Лани праските ми се разболеа пролетта, 12 пати ги прсках и на крајо едвај се управија.. Јас имам луда идеја да прозиведува компоти, мармалади и други нешта, ама засега неам финансии да ги инвестирам у еден ладилник и малечок погон за говејне и пакувајне. Преку таквото ми е дојдено од откупчии, трговци, бизнисмени, пазарџиии, и сите останнати преДУзимачи... Цените са бедни по принцип оти границите на македонија са затворени, Другите држави си имат увозни квоти за да си го контролират домашнио производ, а Македонија има извозни квоти за да можат лежачите, пардон државните службеници да јадат евтини работи... 2006та пуштија за бугарија приверемен извоз... Френките у струмица на кванташки у најголемио пик беа 20 денара на големо со шлепери... Да видеш как се продават френки.... У скопје немаа френка да апнад испод 40-50 денара.. Ама Оп.. другата година сменија квотите, и френките по 3 денара на кванташки на големо..... Истото е и со бостано, сливите... Имало е време коа сам продавал по 15 денара сливи на големо, од нивата да ми ги земат и оберат со работници за извоз.. Ама имало е и времиња коа сам ги продавал по 6-7 денара....
Јас не сам од поборниците за фиксни цени, само сакам да са отворени границите за извоз, да дават посаалам кредити за бизнис без да ти терат да си ставеш под залог душата....

Голема стана ваа тука... само за последно.. .Од земјоделие само грбав може да бидеш, а богат не.
 
М

Мартин`

Гостин
Груевски: Дуплиран извозот на земјоделски производи, субвенциите даваат резултат

Оценувајќи ги генералните ефекти од субвенциите и другите мерки во полза на земјоделството, претседателот на македонската влада Никола Груевски, денеска во Пелагонија истакна дека е задоволен од преземените мерки, бидејќи истите даваат резултати. - Во 2006 година извозот на земјоделски производи од Македонија беше во вредност од 240 милиони, минатата година извозот на земјоделски производи од Македонија достигна 470 милиони евра, а оваа година очекуваме над 500 милиони евра од извоз на земјоделски производи, посочи премиерот Груевски.

Според првиот човек на македонската Влада, земјоделците се повеќе се охрабруваат да инвестираат, да ги зголемуваат обработиливите површини и да ги користат владините мерки и поволности за агро-секторот. - Земјоделците се охрабрија. Ја видоа поддршката и помошта од Владата и затоа влегоа во поголеми инвестиции. Им помагаме во разни форми, барана е т.н. помош „50-50“, односно кога некој ќе купи одредена механизација, 50 отсто од средствата да им бидат вратени, земјоделците се определуваат да произведат повеќе и да извезат повеќе и затоа во Македонија земјоделството има голем напредок, нагласи Груевски. На средбата со новинарите, претседателот на Владата потврди дека годинава Македонија има двојно поголем девизен прилив отколку во 2006 година и што е најважно, истакна, Владата е посветена и има одлична комуникација и соработка.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410

abe covek , kaj nas pri ovaa kvalitetna zemja i ovaa susa , TREBA sistemi za navodnuvanje, kaj nas zemjata sto velat: ,,, i covek ke rodi ,, ama ne biva pokraj ovaa susa, mozebi ke bese podobro parite od subvenciite da se koritat za izgradba na sistemi za navodnuvanje
--- надополнето: 26 септември 2012 во 10:04 ---
Сироти земјоделците кога не знаат да се организираат и да побараат од владата да се монтираат системи за наводнување.
,,da se organiziraat,, ,,da baraat,, moze i ,,da demonstriraat,, ,,protestiraat ,, ,,blokiraat patista,, ,, palat avtomobili,, , pa zarem taa vlada ne postoi poradi toj narod pa samata da vidi sto mu treba na narodot ,tuku se nekako nasila da se dobiva ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom