Студентите на протести?

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Хммм корект ми иф ај м вронг ...

Ама не е подобро да се укинат партиципациите за студирање ? Отколку 1200ден. партиципација за средно ? (или колку и да беше ...)
Сакаш да кажеш дека студентите се побитни од средношколците?
Зошто мене ми го поставуваш ова прашање? Што сум јас, надлежна за партиципациите?
И верувај, на нив повеќе им одговара да им се полни буџетот со 500 евра просечно по студент, отколку 1200 денари.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Па, ако не излезат сите што се сместени во Стив... Не знам:)
 

Ferrari girl

Ferrari Girl
Член од
17 ноември 2008
Мислења
122
Поени од реакции
4
Нека излезат нивно право...да нема пак некој упс инцидент :duel:
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Абре македонче бре, како после да не викаш “македонче“, кога 100 души само искочиле на протест, а другите студенти гледаат на страна, еден вика : “Поради временските улови не можам да искочам“:nesvest::tapp:. Погледнете ги албанските студенти како протестираат во Тетово, или ќе дојдат сите, или ниеден, од секоја организација се подржани, доаѓаат родители, роднини на студентите. А не како македончињава, уште од старт се поделени меѓу организации, па и партии, попиздени, па сакате единство. Додека вака се поделени македонските студентчиња, не бива ништо работава.

Па, ако не излезат сите што се сместени во Стив... Не знам:)
Кај ќе излезат бе они бе, гледаш дека сите се исплашиле, односно попиздиле да не ги видат на телевизија, а со тоа да не ги шутнат од домот или да не ги бутне некој професор. Кај се оние од домот “К.Ј.Питу“, кај се оние од “Медицинар“, кај се оние од “Гоце Делчев“?! За нивна корист се работи!

Иако, јас мислам дека нема да има никаков ефект протестот, бидејќи ги укинаа партиципациите за средно, нема шанси и студирањето да го направат бесплатно.
Па сите македончиња да искочеа на протест, ќе се решеше одма, вака Владата мисли дека малку сакаат овие барања од некои студенти да се остварат и затоа нема да се постигне она што треба. BTW средното школо нема врска со факултет, па да не правиме муабет сега за тоа дека на средношколците им укинале партиципација, а на студентите не.

И за крај, погледнете како студентите од Лондон протестираат за бесплатна едукација во факултетите. Гледајте и учите!

 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Абре македонче бре, како после да не викаш “македонче“, кога 100 души само искочиле на протест, а другите студенти гледаат на страна, еден вика : “Поради временските улови не можам да искочам“:nesvest::tapp:. Погледнете ги албанските студенти како протестираат во Тетово, или ќе дојдат сите, или ниеден, од секоја организација се подржани, доаѓаат родители, роднини на студентите. А не како македончињава, уште од старт се поделени меѓу организации, па и партии, попиздени, па сакате единство. Додека вака се поделени македонските студентчиња, не бива ништо работава.
Како прво, не се спрема протест на крај на академска година. На сите им чури глава сега.
Второ, најавата дојде одненадеж, од особи непознати претходно и без некаков тек на настаните. Првин кажете, дебатирајте, медиуми, глупости па ако не се чуе ништо, тогаш кога ќе осозрее ситуацијата се прави протест, и се собираат сите.

Ако беше вака лесно, уште од ехехеее кога ќе беа средени проблемите.

Ај нека поживее темата. Ако пак ми се залепат спамери со политички срање коментари, ќе летаат картони и клуч.
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Леле шо закон коментари читам! Мх, мх, мх. Македонче менталитет пар екселанс.

Значи, вака. Протестот е у спремање веќе подолго време, јас сум еден од дечките што помага во организирањето, (не сакам да го користам зборот организатор пошо сите сме задолжени за нешто и главната идеа е да немаме лидери и овчари дека сите сме студенти и сите сме еднакви) па од старт можам да ви кажам дека ние не зависиме од ама баш никој. Ниедна партија не сакаме, ни една организација, никакви движења и проекти и невладини. Тоа е првобитната поента, да настапиме како аморфна маса.

Јас сум лично презадоволен од протестот, имаше 300 души преку сила, ама Сител ко сител, не снимаше кога бевме 15 души и рекоа дека протестот е од ЕсДеЕс, што, воопшто не сум шокиран, сметајќи го непостоечкиот кредибилитет на стандард на фацки ко Латас.

Друго, пичињата си се пичиња и пичиња ќе останат. Упаднавме на сите факултети, пичињата си тргаа сеир и се смееја и не сакаа да се симнат, иако гледаа дека сме огромна толпа, па неколку пати ги попцув у лице и тоа многу добро ми легна на душичката. :)

Трето, многу ме израдува стравот и очајноста на вмровските војничиња на Самоил. На двапати имаше едно кутро детенце шо извади СДС знаме сакајќи да го снимат, добро што го спречивме, се уплаши малото "Ама ја не знам, ја само го најдов!" Ќе се расплачеше, за жалење. Тоа е направено од две причини.

1) Да кажат дека протестот е партиски па да ја разводнат целата ствар, па да искочиме и ние партиски полтрончиња ко нив
2) Дечкото да изедеше ќотек па после да кажат дека имало инцидент и дека ние сме биле нецивилизирана маса на варвари собрани од улица.

За среќа не им успеа ништо, бидејќи ние нашиот труд најмногу го посветивме на тоа. Да бидеме спремни на сите провокации и лајнојадечки способности на Македончето.

Секако, не застануваме тука. Следува прес, па наредна акција а студентите шо ќе останат у Скопје преку летото ќе фураат акции и за овде.

А да, зашо сеа при крај. Па пошо на 24ти е 60 годишнина на УКИМ, па сакавме убаво да го обележиме. Simple as that.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Сакаш да кажеш дека студентите се побитни од средношколците?
Зошто мене ми го поставуваш ова прашање? Што сум јас, надлежна за партиципациите?
И верувај, на нив повеќе им одговара да им се полни буџетот со 500 евра просечно по студент, отколку 1200 денари.

Не ... поентата ми беше ... Проста логика ...


1200ден. не се којзнае колкава пара (за тој што ги има и тие ...)

а 500/600евра се ... И дека според мене (корект ми ф ајм вронг делот) е каде/каде боље да се укине студентската партиципација наместо таа од средните школи (студент сум ... али ... и во средно сум плаќал =) ) :smir::smir:
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Не ... поентата ми беше ... Проста логика ...


1200ден. не се којзнае колкава пара (за тој што ги има и тие ...)

а 500/600евра се ... И дека според мене (корект ми ф ајм вронг делот) е каде/каде боље да се укине студентската партиципација наместо таа од средните школи (студент сум ... али ... и во средно сум плаќал =) ) :smir::smir:
Јас викам не можеш уште еднаш истото да ми го повториш.

Ти кажав, никој не не прашува нас, буџетот повеќе им се полни од студентските партиципации отколку со средношколските.
И затоа не сметам дека ќе ги укинат така лесно.

Сфати?
Ај те молам сфати, се осеќам ко воспитачка у градинка.
Толку.
Благодарам.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Не ... поентата ми беше ... Проста логика ...


1200ден. не се којзнае колкава пара (за тој што ги има и тие ...)

а 500/600евра се ... И дека според мене (корект ми ф ајм вронг делот) е каде/каде боље да се укине студентската партиципација наместо таа од средните школи (студент сум ... али ... и во средно сум плаќал =) ) :smir::smir:
Глеј, не може некој да се заебава на факс и да се влече со години а државата да му плаќа. Тоа е во ред само ако студентот задоволува некои критериуми. Според мене треба оние што имаат просек над Х и имаат се поминато во рок да не плаќаат или така нешто. Да се плаќа повторно запишување на некој предмет, а првото запишување да не се плаќа (Х денари по ЕЦТС или таков некој систем да се воведе). Ова што го бараат сега студентите е неправедно и некоректно.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Глеј, не може некој да се заебава на факс и да се влече со години а државата да му плаќа. Тоа е во ред само ако студентот задоволува некои критериуми. Според мене треба оние што имаат просек над Х и имаат се поминато во рок да не плаќаат или така нешто. Да се плаќа повторно запишување на некој предмет, а првото запишување да не се плаќа (Х денари по ЕЦТС или таков некој систем да се воведе). Ова што го бараат сега студентите е неправедно и некоректно.

Абе види ... според мене најдобро би било да ја *намалат* цената ... да речеме од 600 за приватна квота на 3-400 а од 200 на 100 за државна ... или што ти ја знам .... они нека смислат некои цени ....

Кога можат други држави да им ПЛАЌААТ на студентите за СТУДИИ (Данска на пример) можат и нашите да живеат со помалку пари од студентите ...


@Параноик

Уживај ... мислев дека *не разбра* ... па од култура ти повторив.

Компренде ?
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Глеј, не може некој да се заебава на факс и да се влече со години а државата да му плаќа. Тоа е во ред само ако студентот задоволува некои критериуми. Според мене треба оние што имаат просек над Х и имаат се поминато во рок да не плаќаат или така нешто. Да се плаќа повторно запишување на некој предмет, а првото запишување да не се плаќа (Х денари по ЕЦТС или таков некој систем да се воведе). Ова што го бараат сега студентите е неправедно и некоректно.
Odlicno mislenje Petkovsky uste bi nadopolnil da se ukine participacijata na socijalno-zagrozeni studenti, ako se ukine participacijata fakultetot bi stanal napolno zavisen od drzavata i bi izgubil od svojot kvalitetot.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom