Струја - инсталација

Дискусија во форумот 'Архитектура, дизајн и уредување' започната од Мишелинка, 27 мај 2012.

  1. Мишелинка

    Мишелинка расол

    Член од:
    19 мај 2006
    Мислења:
    3.452
    Допаѓања:
    377
    Ја отварам темава за да се информирам околу една тема за која не знам ама баш ништо:)
    Станот во кој што сум е во зграда од 60тите и електричниот уред (сигурносна табла, жици, чуда) никогаш не е реновиран. Немав голема престава за тоа што истото би претставувало се додека на менување на штекер, човекот кој го менуваше ме извести дека штекерот не е поврзан со земја. Проверивме и со другите - нигде во станот нема земја. Што би значело дека ако ме здрма струја - ќе останам на место :)
    Се информирав како би изгледала постапката за онормување на чудово, видов дека има начин да се протнат третите жици (земјата) без да се кршат таваните и ѕидовите, по што ми олесна, ама сепак останува „практичниот“ дел околу истото :)
    Тука стигнувам до прашањето - дали има некој кој е електричар или кој си имал работа со електричари за даби можел да ми каже колку време е потребно за постапката да биде целосно завршена, колку пари отприлика треба да се даде за да се донесе земја до секој штекер по дома... Сето тоа....
    Благодарност
  2. *-----*

    *-----*

    Член од:
    24 ноември 2009
    Мислења:
    5.001
    Допаѓања:
    4.839
    А да се консултираш ти со друг електричар ?
    Пошто не ми се верува дека инсталација во стан, па и изграден во 60-сетите може да биде без заземјување посебно кога заземјувањето се врши на водоводната мрежа.
    А ако нема заземјување не е баш некоја којзнае колкава процедура,треба само една жица, може и по лајсна покрај ѕид да оди и на крајот во купатило на цефки да се врзе.
  3. Dzish

    Dzish unlike any other...

    Член од:
    15 февруари 2007
    Мислења:
    14.006
    Допаѓања:
    2.651
    Не сум електричар (по професија) ама имам прилично солидно познавање од струјата (читај сам ја местев струјата низ дома, веќе 5 години живејме и се немаме запалено до сега = сум разбирал по нешто).

    Да ти е јасно ко ден: гледај да НЕ ТЕ ЗДРМА струја. Инаку, ни заземјување ни бутур не ти помага.

    Живееш во зграда, така да не е баш едноставно да се изведи заземјување на објект во кој што живеат 20-30 фамилии. Најверојатно во твојата зграда има монофазна струја, затоа и го нема заземјувањето. Доколку е така, имаше некој правилник, се копа дупка 30 х 60 цм со длабина од 1 метро (не сум сигурен точно за димензиите), се клава железо под земја кое е поврзано со жица, и тоа се носи до секој штекер како заземјување.

    Не е ништо страшно (според мене), како сте живееле до сега 40 години?

    А за пуштање по 1 жичка секаде... не го бива. Постои опасност да ги оштетите каблите одат засега 2, нула и фаза, треба да се додај земја (кои се стари 30 години) и да напрајте спој на веќе постоечката инсталација (ризик од пожар), така да... А и комплетно менување на целата инсталација, не ти гарантира дека ќе имаш заземјување.

    п.с. мислам дека со трофазните броила иди кабел со заземјување од бандера, така да ако има можност да се постави трофазно броило, се избегнува копањето дупка...
    На Мишелинка му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Мишелинка

    Мишелинка расол

    Член од:
    19 мај 2006
    Мислења:
    3.452
    Допаѓања:
    377
    Се консултирав со комшијата кој го реновираше целиот негов стан последниве 6,7 месеци и кој ми потврди дека и кај него не било по норми, па сменил се.
  5. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.365
    Допаѓања:
    2.627
    Исто, и кај мене е слична ситуацијата. Зграда градена во 60-тите, инсталацијата не е заземјена, туку, електричар како што кажа „нулована“. Обично нулата завршува на водоводна цевка и така ги заземјувале наводно. Арно ама, се промени вертикалата од водоводот со пластична, и настанаа проблеми во вид на мртва струја која онака дрма понекогаш кога ќе фатиш чешма. Не е опасно, но е непријатно.
    Проблемот е во тоа што на зградата не е изведено заземјување. Инаку, трофазна си е. Од таблата доаѓаат три фази, две нули.
    Значи, инсталацијата е со три жици. Освен трофазниот штек, каде се трите фази и двете нули.
    Едната е фаза, другите две се нули.

    Како што вели Џиш, заебанција е да се изведува заземјување на цела зграда.

    Пред неколку години го решив проблемот со вградување на фит склопка дома.
  6. *-----*

    *-----*

    Член од:
    24 ноември 2009
    Мислења:
    5.001
    Допаѓања:
    4.839
    Џишка една жица Жолто зелена го обиколува цел стан по лајсна на патос, и во штекер се поврзува на заземјување, истата се врзува на водоводна мрежа.
    Од каде сега пожар од спој ? Кога заземјувањето се знае за што служи за да избега струјата во земја доколку дојде до пробивање на електричното коло,конкретно избие грејач во бољер,за да не се запали инсталацијата ако не пробие осигурачот,да бега во земја.
    Или да не те дрма струја кога ке ја уклучиш пеглата :pos:
    Иначе ова е испробано во барака ( од оние Финските и тие имаат монофазна инсталација )
  7. Dzish

    Dzish unlike any other...

    Член од:
    15 февруари 2007
    Мислења:
    14.006
    Допаѓања:
    2.651
    Интересно решение... мада лоши се нус ефектите, ако по некоја случајност протечи струја од фаза према заземјување, а некој во моментот се тушира :vozbud: пример...

    Мислев на моментот шо го има опишано погоре: каблите се протнати во некаков грклан, па не е проблем да се протни уште една жица... А старите кабли немаат пластична изолација, имаат платнена која е прилично лесно оштетлива, па можат лесно да се спојат нула и фаза.

    И да, прајме муабет за културно решение. За пуштање жица низ цел стан по патос... ме потсеќа на батките од кабелската, идат и дупат дупка во рамката од џамо кај шо ќе му дојди, колку да помини кабело... не го бива така бе, ако го прајш напрајго ко шо треба.
  8. *-----*

    *-----*

    Член од:
    24 ноември 2009
    Мислења:
    5.001
    Допаѓања:
    4.839
    Зарем цел спрат преминал на пластични цевки ?
    --- надополнето: 27 мај 2012 во 22:33 ---
    Не заебавај,никој нема погинато од протекување на фаза низ нула поврзана на водоводна мрежа, 80% од зградите се заземјени на водоводна мрежа,па никој не се сварил за време на туширање.
    Иначе ако инсталацијата е во оловна цевка со битуменска изолација,плус тоа се работи за платнено изолирани кабли,тогаш доколку не му се допаѓа по ивица секогаш останува комплетно менување на инсталација, што мислам дека 50 годишна ел инсталација си го одработела своето, и треба да си ја смени.
  9. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.365
    Допаѓања:
    2.627
    Вертикалата оригинално си беше метална (оловна, шознам јас каква).
    Вертикалата се промени комплетно од најгоре до најдолу со пластика...
  10. *-----*

    *-----*

    Член од:
    24 ноември 2009
    Мислења:
    5.001
    Допаѓања:
    4.839
    И фекална ? Не е проблем да се поврзе и на фекална доколку се работи за гусени цевки, за да го нема пецкањето кога се тушираш :)
  11. Мишелинка

    Мишелинка расол

    Член од:
    19 мај 2006
    Мислења:
    3.452
    Допаѓања:
    377
    Жиците се пластични, бај веј.
    За коректно правење, трајно решение - чарето е мајстор и кршење ѕидови?
  12. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.365
    Допаѓања:
    2.627
    Епилогот од сето тоа замарање со пецкање и сл. беше во тоа што електричарот дојде, во бањата врза една жица од еден штек од бањата на фекалната цевка, и вгради склопка и рече дека сум сигурен.
    А јас повеќе и верувам на склопката отколку на жицата... :)
  13. мкд владе

    мкд владе Неподобниот

    Член од:
    21 ноември 2009
    Мислења:
    5.095
    Допаѓања:
    3.488
    убаво ви кажува на водоводна или на одводна метална цевка и решен проблем.
    на крај краева закопај една цевка пред зграда и пушти една жица до станот твој по надворешниот ѕид.
  14. *-----*

    *-----*

    Член од:
    24 ноември 2009
    Мислења:
    5.001
    Допаѓања:
    4.839
    Не штом се со поливинил изолација немора кршење,ако се во божур црево уште поубаво само нека пушти по една жица и готово,на крајот на фекална канализација, и мирна глава.
  15. Tranquility

    Tranquility

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    943
    Допаѓања:
    794
    И цела вертикала ќе можат да си направат заземјување :ROFLMAO:

Сподели преку: